- Член од
- 20 јануари 2015
- Мислења
- 101
- Поени од реакции
- 91
Здраво кајганџии, не сум проверил воопшто на оваа тема или дали е спомнато нешто околу тоа, во глобала сакам да прокоментирам неколку работи околу оваа тема. Сведоци сме на промените кои се прават последниве неколку години, сето тоа со цел да се стави рамо до рамо со европските метрополи.
Ќе тргнам од последниот проект "Скопје 2014" со кој се изградија многу градби кои биле специфични неколку века наназад. Не гледаме од финансиска и од економска страна, уште помалку политичка страна, туку колку овај проект му даде позитивна или негативна страна на градот Скопје. Сега сме веќе 2015 година, време кога веќе крупно ги гледаме тие промени. Ќе спомнам неколку градови како на пример Будимпешта, Виена и ред други кои имаат специфични градби кои се изградени пред многу години. Гледано од оваа страна ние пробуваме да ги "ископираме" тие градови, така што ние во 21 век градиме вакви градби. Пред определено време овој проект беше исмеан од страна на некоја балканска земја.
Будимпешта
Од друга страна пробуваме да мешаме 21 век со не знам кој век наназад. На едно место се преправаат фасади во барок стил, на друго место се прават фасади во илјада бои исто така бледа копија на повеќе европски градови.
Исто така владата пробува да го наметне и проектот за менувањето на ГТВ во барок стил. Гледано естетски како би стоеле градбата на Телеком, градба од 21 век со градба од минатото.
Постојат уште многу работи кои можат да се спомнуваат, но јас би застанал тука. Што мислите олку овие промени ќе делуваат позитивно или негативно во иднина?