Позитивна или негативна страна во иднина за градот Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Epowah
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јануари 2015
Мислења
101
Поени од реакции
91
Здраво кајганџии, не сум проверил воопшто на оваа тема или дали е спомнато нешто околу тоа, во глобала сакам да прокоментирам неколку работи околу оваа тема. Сведоци сме на промените кои се прават последниве неколку години, сето тоа со цел да се стави рамо до рамо со европските метрополи.

Ќе тргнам од последниот проект "Скопје 2014" со кој се изградија многу градби кои биле специфични неколку века наназад. Не гледаме од финансиска и од економска страна, уште помалку политичка страна, туку колку овај проект му даде позитивна или негативна страна на градот Скопје. Сега сме веќе 2015 година, време кога веќе крупно ги гледаме тие промени. Ќе спомнам неколку градови како на пример Будимпешта, Виена и ред други кои имаат специфични градби кои се изградени пред многу години. Гледано од оваа страна ние пробуваме да ги "ископираме" тие градови, така што ние во 21 век градиме вакви градби. Пред определено време овој проект беше исмеан од страна на некоја балканска земја.

image-1612.jpg

Будимпешта

Од друга страна пробуваме да мешаме 21 век со не знам кој век наназад. На едно место се преправаат фасади во барок стил, на друго место се прават фасади во илјада бои исто така бледа копија на повеќе европски градови.

Исто така владата пробува да го наметне и проектот за менувањето на ГТВ во барок стил. Гледано естетски како би стоеле градбата на Телеком, градба од 21 век со градба од минатото.

Telekom_zgrada1.jpg


Постојат уште многу работи кои можат да се спомнуваат, но јас би застанал тука. Што мислите олку овие промени ќе делуваат позитивно или негативно во иднина?
 
Можеби треба да дефинираш што е метропола, за тебе. Така ќе се избегнат субјективности и релативизирање во евентуалната дискусија.
 
Фали уште Ајфелова кула за да биде метропола.
 
Уште панорамско тркало и готово станува метропола.
 
A metropolis is a large city or urban area which is a significant economic, political, and cultural center for a country or region, and an important hub for regional or international connections, commerce, and communications.
Во првиот дел да дефинитивно е метропола. Во вториот дел делумно (треба на пример да се доизгради автопатот за Солун).
 
Можеби и јас погрешно го напишав тој дел, метропола спомнав гледано од друга гледна точка. Нормално дека постојат други факти кои го дефинираат тој термин целосно.
 
Фали уште Ајфелова кула за да биде метропола.
малку оф топик (малку само):

Од овие неколку фирми, кои во нашава метроопола продаваа непостоечки станови на купувачи, една од нив, свака и част на дрскоста, има име исто како твојот ник.
 
малку оф топик (малку само):

Од овие неколку фирми, кои во нашава метроопола продаваа непостоечки станови на купувачи, една од нив, свака и част на дрскоста, има име исто како твојот ник.
Не е точно, ѝ фалеше T на крајот.


Да не ти треба станче, поволно?
 
Не е точно, ѝ фалеше T на крајот.


Да не ти треба станче, поволно?
Да, рака на срце, ѝ фалеше т. Кон Артис беше.

Не, фала си купив на време од Фиком, сеа си го чекам, ми рекоа, кај и да е, кључеви ќе ми даделе.
 
Од овие неколку фирми, кои во нашава метроопола продаваа непостоечки станови на купувачи, една од нив, свака и част на дрскоста, има име исто како твојот ник.


Има напредок порано се продаваа непостоечки станови, сега ни постоечки не можат да се продадат.
 
Еве ја каkо лик кој не живее во Скопје а е присутен еднаш месечно, можам да кажам дека ми се гади од тоа што се направи во Централното Градско Подрачје.
Тотално руинирано без никаква симбиоза на градбите. Повеќе наликува на Дизниленд каде во мало место имаш секакви атракции отколку како урбано место за живеење и идентификување на одредена култура и нација.
Најмногу боли фактот што не се работи за постер или плаката или видео бим. Се работи за градби кој ќе останат за следните поколенија. Градби кој и по 100год ќе зјаат и ќе сведочат за едно лудо време во Реп. Македонија.
Има добри ствари не викам не, меѓутоа требаше да се стави мерка на сето тоа. Очигледно ДУП е преправен во боенка за предучилишна возраст па секој чкртнал како што му прднало.
И тој Аце што е на средина е несразмерно голем со околните градби. Мислам не треба да си Архитекта за да видиш дека сето тоа е еден општ хаос. А верувам дека овде има студенти од Архитектонски факултет па ќе ги замолам да објаснат врз која основа се земаат пропорции за одредена градба и дали треба да се запазат одредени естетски правила.
Уверен сум дека едина пречка поради која не се направи поголем Аце е тоа што не можеше да се изведе стабилноста и безбедноста на споменикот. Доколу истиот беше во поинаква поставеност па јас сум уверен дека ќе беше колку 3 Ристиќеви палати и ќе се гледаше од Меѓународната Вселенска Станица каде воедно ќе беше показател за тоа колку е "голем" Македонскиот народ
 
Будимпешта, Виена и другите метрополи под влијание на западната архитектура, пред се барок и рококо, имаат зданија ѕидани со вистински камен и столбови од вистински мермер. Затоа траат со векови.

Кичот во централното подрачје на Скопје е во целосна временска, стилска и културно-историска дискрепанца, а за некоја деценија кога забот на времето ќе си го направи своето, распуканите гипсани фасади и шупливите капители ќе останат да сведочат за илузијата во која сега живееме.
Mac%20Gov%20Dec%202014%20%20by%20SJM%20(1).JPG
 
Прекинете со споредување на европските метрополи со Скопје.
Површината која е наменет проектот ск2014 е со големина на ватикан за разлика кај големите метрополи.
Презагушен е. Точка.
 
Прекинете со споредување на европските метрополи со Скопје.
Површината која е наменет проектот ск2014 е со големина на ватикан за разлика кај големите метрополи.
Презагушен е. Точка.
Би сакале да не споредуваме со други метрополи, ама едноставно повеќето градби се бледа копија како што спомнав. Сакаме на мала површина да имаме се што ќе ни текне на памет. Тоа е исто како во стан од 50 квадрати да имаш купатило, спална, дневна, кујна, детска соба итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom