Јас во суштина немам ништо против некои градби кои ги изградија. На пример, театарот. Јас имам против барокот кој го внесуваат во градов. Тоа е нешто кое кај нас ни било, ни е, ни ќе биде. Тоа е нешто кое не не отсликува. Буквално, единствената функција која ја има барокот е да ни долови чувство на туѓина. Да не се осеќаме како дома.
Некој ќе рече дека подобро е вака, одколку како порано. Порано немало ништо, пусто било. Да, не викам дека е лошо што изградија театар, музеј......, но бар да го направеа тоа во стилот стара Македонска куќа. Тоа е тоа нешто кое нам не отсликува.
Иднината за градот Скопје во очите на новите/идните генерации нема да биде негативна, затоа што тие и нема да го знаат вистинскиот, тогаш некогашниот изглед на Скопје. Тие ќе го имаат навикнато Скопје онакво какво е, затоа што до тогаш овој проект ќе биде готов.
За квалитетот да не збориме. Неможеме да направиме и да сакаме некоја копија на Европа, затоа што во времето кога Европа го градела својот барок користела вистински камен, а ние користиме мермерни плочи или стиропор, Европа градела со временски постојан материјал, а ние со шминка.
Шминката порано или подоцна се брише. Стиропорните фасади нема да стојат како каменот со векови, туку ќе дадат нешто вакво за некоја година.
Столбовите во Европа градени се од камен (целите од мермер) или од делкан камен реден парче врз парче, а кај нас тоа е монтажен објект...... метална цевка или бетонски столб, обложен со мермер....... со еден збор, нашминкано.
Со тек на времето, лепакот ќе попушта, а мермерните плочи ќе паѓаат и ќе акнат некого по глава. Уствари тоа и не е нешто со тек на време, пред некој месец во Велес падна од споменикот мермерна плоча и удри дете по глава. Знам дека детето се бореше за живот.
Чим тоа сега започна, незнам што ќе биде во иднина.
Уствари во иднина новите генерации ќе бидат навикнати на денешниот изглед на Скопје, па кога нешто ќе почне да се руши, тоа ќе биде кажано дека е така, затоа што е старо. Па тоа повторно ќе се реновира, можеби ќе добие нов изглед, подобар или полош.
Па околу гледано, можеме да кажеме дека за Скопје, вакво какво што сега тера нема некоја негативна иднина, туку наспроти, позитивна. Негативна иднина ќе има доколку продолжат да се градат џамии, да му се дозволува на непријателот да бунтува и да убива Македонци.
