The Flash

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.498
Поени од реакции
85.564
-Тоа е сељак на партизанска со БМВ !
- Не...тоа е пензионер во петок во ЈСП !
-Не ! ТОА Е ФЛЕШ !!!

flash-tv-teaser-banner.png


The Flash е Американска серија што од следнава есен ќе се емитува на американскиот канал CW, кој што после успехот на серијата Arrow, се реши да ја прикажува и серијата за најбрзиот супер херој (citation needed) на DC Comics.

Според некои шпекулации дејствијата на сериите Arrow и The Flash ќе бидат дел од филмскиот универзум на DC кој што започна со Man of Steel, а ќе продолжи со Batman v Supermen:Dawn of Justice.



Flash, впрочем е алтер егото на Бери Ален кој што благодарение на среќа во несреќа ги добива моќите за суперчовечка брзина (што сигурно му е голем минус во сексуалниот живот), кои што како и секој супер херој ги користи за правење на добри дела. Во оваа серија ќе може да ги видиме почетоците на Бери Ален како супербрзиот супер херој и неговите авантури против негативците. Сеуште не се знае кои ќе бидат негативците на Флеш во првата сезона но има некои шпекулации дека еден од негативците може да биде горилата Grodd.

Вчера низ интернетот по пат на нелегални начини (нормално) излезе торент за пилот епизодата на оваа серија на задоволство на Флеш фановите низ целиот свет (disclaimer: во епизодата нема пилоти). Но сепак torrents are bad mmmkaay и авторот на овој текст ви препорачува да не торентирате серии :D

Имено ова е втора серија за Флеш/Бери Ален после верзијата од 90тите, и во ова ТВ инкарнација на Флеш ликот на Бери Ален ќе биде претставан од страна на Grant Gustin, а во серијата се појавуваат и Candice Patton,Tom Cavanagh а меѓу другите свое cameo ќе има Stephen Amell како Флеш што уште повеќе ја поврзува поврзаноста помеѓу Arrow и The Flash.


Втората епизода би требало да ја очекуваме дури оваа есен а до тогаш слободно искоментирајте ја првата епизода или споделете ги вашите позитивни очекувања за серијата.

три,четири GO !
THE-FLASH-Full-Suit-Image.jpg




БЕЛЕШКА НА АВТОРОТ: Flash не е истата личност/алтер его/стрип како и Flash Gordon
 
Sheldon Cooper approve this!

Се ме тера да мислам дека ќе биде големо разочарување, поголемо дури и од Arrow. :coffee:
 
Вчера низ интернетот по пат на нелегални начини (нормално) излезе торент за пилот епизодата на оваа серија на задоволство на Флеш фановите низ целиот свет (disclaimer: во епизодата нема пилоти). Но сепак torrents are bad mmmkaay и авторот на овој текст ви препорачува да не торентирате серии :D
A да пратиш по ПП торент, за другар ми е.
 
Па не беше толку лошо колку шо си мислев. Солидно. Потсеќа на Smallville и сите тие заразени со криптонит.

Кој гледал flash forward анимираниот ќе претпостави дека мајкаму ја убил Thwane. Значи се тепаат деците, овај му ебава мајката. Time travel, курци палци
 
Arrow разочарување за тебе или ?
За голем дел од форумов е, а јас би ти преопрачал да не влегуваш во дискусија за серијата нема на крај да искочиш со тие што ја хејтаат :D
 
За голем дел од форумов е, а јас би ти преопрачал да не влегуваш во дискусија за серијата нема на крај да искочиш со тие што ја хејтаат :D
ххахахх Не сакав да видам со нечини тоа ми е тие што ги имаат читано стриповите позадината не ја знам зашо ја хејтаат :D
 
Ја почнав, и од возбуда и нова тема отворив, еве бамп на оваа. Од вакви серии барам само забава, а оваа задоволува во тој поглед, башка те трга да гледаш наредна епизода ради background мистериите кои се војваат... Поарен старт од Готам, а бош херој. :cenzura:
 
Не е нешто посебно, ја гледам но иако има излезено само неколку епизода ептен е предвидлива и нема ништо интересно. Arrow со првата сезона ми се допаѓаше многу, во втората намалија на квалитет а сега во третата ептен е катастрофа. Мислам дека CW не е баш најдобар избор за продуцирање на вакви серии. Единствено нешто што некогаш ми се допаѓало од нив е Supernatural која еве веќе 10 сезони ја гледам и држи место. Другиве ако не се поправат оваа сезона до година ич не ни продолжувам да ги гледам.
 
Следна епизода ќе биде на 20 јануар ?:place:
 
Додека флешот се движи брзо времето забавува ?

Ако да, како е можно да разговара со другите преку телефон додека неговото време е бавно а на другиве нормално ?
Не би требало да се слуша многу побрзо неговиот глас ? :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom