Како не беше тероризам?
Поради што беше убиството тогаш, со каква цел? Сигурно не беше за риби.
Што добија тогаш убијците кога еден од нив изгуби неколку хектари атрактивно земјиште кое го зеде под концесија за 40 год? И го стори убиството баш во тоа место?
Не постои терористички напад за кое не превзеле терористите одговорност после.
Да не беше полицијата како ние ќе знаевме дека е верски терористички напад. Читајте ги првите мислења во темава, ниту еден ниту помислуваше дека ова можеби бил терористички напад со верска позадина. А знаеме какви се верските напади, го сторат делото, се снимаат себеси, извикуваат Алаху Екбер пред или после и се убиваат и самите себеси за да одат во рајот.
Само од полицијата ние дознавме дека е верски напад само затоа што дома имале куран убијците. Прво викаа верски фанатици, после се одмаздува за Гостивар (тврдење на обвинителството).
Знам дека не мора да биде верски за да е тероризам, поентата ми е што немаше цел кое им одеше во прилог на албанците.
Овде најмногу изгубија семејствата на загинатите, но размислете што добија албанците генерално со овој масакар? - едно големо ништо.
Не викам дека овие не се убијците, просто не верувам дека се до толку глупи за да го монтираат ова, ама сепак мотивот има големи дупки.