така е...ене малку подоле Dexter 26 убаво ти објаснува..:
тоа се вика општествен развој, а не стратегија или тактика.
Нешто друго не ми е јасно во твоево писание...сакаш да кажеш некој смислено ги банкотира фирмите кои после за ич пара ги купуваат поединци кои добро котираат во политичкиот врв.??? И што им прават после??.... ги работат, ги мачкаат на леб или ги продаваат на странци за да можат во нив за ич пари да вработуваат локални робови. Оние што останале овде.
Другите евидентно и онака отишле кај нив да им бидат батлери...или евтино скоро бесплатно купени доктори на пример...бидејќи нивни немаат. Или остареле , или избегале преку океан по плата или едноставно не се запишале бидејќи не се родиле???
Колку се сеќавам во мое време доктор не можеше да припири на пример во Германија , без да истудира уште еднаш таму. Сеа мора да се на тесно кога и од скопскиот факултет им се добри.
Значи пак да се вратиме кај Dexter 26..и неговиот
општествен развој... тој се ти објаснува....... од каде кон каде тече водата, дува ветерот...одат луѓето..
Не знам многу за водата, ветерот и луѓето - освен дека благодарејќи на градежната офанзива во Скопје се затвора градот за ветерот, поради што во лето не се живее во Скопје, но да, се што се случува на општествен план во Македонија - вклучувајќи ја и емиграцијата - е резултат на општествениот развој.
И тие банкротирања, мачкања на леб, продавање на странци и бројни други примери кои ги спомнуваш, сите тие се резултат на општествениот развој.
На крајот на краиштата, банкротирањата, криминалната приватизација во 1990-те години и сите останати глупости кои се случуваат во Македонија од нејзиното осамостојување во 1991 година па наваму - од кои најтазе се идиотските законски измени за задолжително екстерно тестирање/задолжителен државен испит за студентите - се производ на општествениот развој и на начинот на кој размислува и функционира општеството. Не може политичарите и корумпираните бизнисмени да бидат единствени виновници за се и сешто, на крајот на краиштата, народот е тој кој секогаш го има крајниот збор, а кога народот молчи, молчењето значи одобрување. Тоа молчење исто така е производ на општествениот развој.
Еве конкретно во овој последниов пример со идиотските законски измени за задолжително екстерно тестирање/задолжителен државен испит за студентите, политичарите се виновни бидејќи ги усвоија истите тие идиотски законски измени, но истовремено и народот е виновен бидејќи молчеше и не им се придружи на оние неколкумина кои останаа да протестираат пред Собранието на Република Македонија се до изгласувањето на истите тие законски измени. Мнозинството Македонци молчеа, а како што веќе спомнав, молчењето значи одобрување. За ова вината не можеш да ја припишеш на ниту еден политичар или бизнисмен или криминалец, можеш вината да ја припишеш на партиската пропаганда, но сепак и Македонците имаат мозоци кои треба да ги користат за самостојно да размислуваат, а не да прават така како што им кажува телевизорот, бидејќи слободата на мислата и правото на самостојно изразување - и јавно и приватно - се граѓански слободи и права загарантирани на сите граѓани на Република Македонија со самиот Устав на државата, па од тука следува заклучокот дека молчењето за овие идиотски законски измени, како и за се што се случи во Македонија од 8 септември 1991 па наваму, а резултираше со негативни последици, е вина на политичарите, на корумпираните бизнисмени и на криминалците, но најмногу е вина на народот, бидејќи народот ги одобрил сите тие идиотизми со своето молчење.
А таквото молчење произлегува од народниот карактер, а народниот карактер не паднал туку така од небо или од не знам каде, туку е резултат на општествениот развој.
Еве направи споредба со САД, каде што американците се вооружени до заби. Никој не ги тера со сила да се вооружуваат, но низ децениите и вековите, американците се научиле дека треба да бидат вооружени до заби за да се заштитат од крадци, од силувачи, од киднапери, од убијци и од останати злосторници и психопати. Ваквиот начин на размислување не е резултат на некаков закон кој ги обврзува американците да се вооружуваат до заби. Уставот на САД им дозволува на американците да се вооружуваат, но не ги обврзува да се вооружуваат. Но американците си имаат стекнато навика низ децениите и вековите за да се вооружуваат до заби за своја лична безбедност.
И ваквата навика кај американците произлегува од народниот карактер на граѓаните на САД, кој исто како народниот карактер на Македонците, кој не паднал туку така од небо или од не знам каде, туку е резултат на општествениот развој во американското општество.