Па да, со разликата што Македонците реалноста ја нарекуваат секојдневие, а не депресија.
Кога се случи економската криза во 2008 година, имаше секакви шпекулации - ќе имало банкроти, заштедите ќе биле избришани, ќе се зголемела невработеноста, ќе се намалеле платите, ќе се зголемеле цените и што ли уште друго не, и се разбира - ќе има нова Голема Депресија.
А како Македонците реагираа на ваквите шпекулации ?
Рекоа - ништо ново - бидејќи сите тие ужасни предвидувања, се реалност во Македонија уште од 1990-те години па наваму.
Па ги има и такви и такви, првите - глупите, ќе ги видиш во партиските штабови и во државната и јавната администрација, а вторите - тие кои сакаат да се збогатат, ќе ги видиш како си ги собираат парталите и фаќаат џаде во странство во потрага по подобар живот.
Тие кои остануваат, а кои и понатаму се во депресија, прашање на време е додека им се придружат или на овие партискиве подлизурковци во партиските штабови и во државната и јавната администрација, или на овие кои си ги собираат парталите и фаќаат џаде во странство во потрага по подобар живот.