Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Кај мене е пак обратно, две нарачки од Британско тло, иста страна, едната нарачана од 5ти Декември не е стигната, другата нарачана на 29ти Декември стигна денес. Им фаќа раката, им се има бендисано пакетот, али ако, вид и виделина да се сторат. Им пишав мејл на продавницата од кај шо се купени, многу јасно ми се извинија и се понудија дали сакам замена или да ми ги вратат парите назад.
Не е ништо чудно со овије кај нас, се мојт да те снајдит, зато и лани имаше над 4 000 жалби, катастрофа.

Треба да се царини, но не си начисто со овије. Во секој случај, ако ти ја задржат ќе бидиш известен.
Не сум сигурен што имаат напишано на пратката порачав од Pro Direct Select. И претходно имав нарачка над 50 евра за која што не платив но на неа мислам ми беше намалена ф-рата
 
На бројот за следење добив нова информација дали ова треба вака да гласи ?
y4inYUV.png
 
А до кога планираат за фактурата да ја чекам уште 5-6 дена сигурно а?
Ќе ти стигне писмо од пошта да отидеш и доставиш фактура, исто и плаќањата ќе им требаат и треба се да се совпадне со фактурата. Ако си од Скопје би требало вторник - среда да ти стигне писмото.
За плаќањето на царина незнам како оди дали сам можеш да цариниш или ќе ти треба шпедиција.
 
Може и дирек ке ти го царинат по рандом цена, и ке ти го испратат во локалната пошта. Ке си го земеш оттаму, и ке си палтиш давачките. Следи го тракингот, да видиш дали ке излезе производот од царина, или ке остане таму. Ако остане, тогаш чекај го писмото (со тоа и одолговлекување на пратката за испорака за 2-3 дена сигурно) ;)

За плаќањето на царина незнам како оди дали сам можеш да цариниш или ќе ти треба шпедиција.

Нема да му треба шпедиција, пошо е обичн а пратка која оди преку стандардна пошта, не преку брзи пошти како DHL, UPS итн.. Ке му ја царинат нашиве цариници под железничка.
 
Значи нема ништо да доставувам...
Ако сами ја одредат цената, сигурно ќе ти биде поголема царината.
Подобро спреми исштампани документи (скриншот од ибеј со производот), банкарски извод и се што имаш поврзано со овој производ, мејлови и тн. тн.
 
На бројот за следење добив нова информација дали ова треба вака да гласи ?
y4inYUV.png
Вредноста на пакетот е голема па ќе ти стигне писмо-известие да доставиш извод или фактура за вредноста.
Во исвестието пишува каде да ги доставиш документите.
Документите можеш лично или по меил наведен во известието да ги доставиш
Ако имаш електронско банкарство изводот можеш да го симнеш во PDF.
Од каде и да си купувал имаш таму ф-ра и испратено на меил што си го навел при регистрацијата.
Откако ќе ги испратиш на меил документите по кои ќе ти одредат царина и данок пакетот ќе го испратат во најблиската пошта по наведената адреса.
Пред да го подигнеш пакетот службеникот ќе ти каже колку царина,данок евентуално лежарина и поштенска услуга треба да платиш.
Откога се ќе платиш ќе си го земеш пакетот.

На пакетот има залепено документи и царинска декларација затоа не се лажи да правиш фалсификати помалку да платиш(y)[DOUBLEPOST=1421450262][/DOUBLEPOST]
Од Хонг Конг 15-20 дена просек.
Работни
 
Ако сами ја одредат цената, сигурно ќе ти биде поголема царината.
Подобро спреми исштампани документи (скриншот од ибеј со производот), банкарски извод и се што имаш поврзано со овој производ, мејлови и тн. тн.
А тогаш која е логикава јас да доставувам фактури вистина не ми е јасно.
 
ke ti stigne pismo 99% I togas prilozi I'm printscreen od narackata od ebay ili mestoto od kade ti e narackata I nemas gajle. ke ti ja carinat I za 2 dena ke ja imas doma narackata.
 
А тогаш која е логикава јас да доставувам фактури вистина не ми е јасно.

Па за да не ти ја одредат они цената како мене за слушалките, не им однесов ништо ни фактури ни принтскринови и господата од ракав ја исртесоа цената за 55$ повеќе.
 
Аааа многу мене 100Е ми е купен е сега незнам колку ќе царинат.
 
Аааа многу мене 100Е ми е купен е сега незнам колку ќе царинат.
Царина е 15%,ДДВ е 18%,царински преглед и поштарина.
Вкупната сума што ќе треба да ја платиш отприлика е 40-45% од вредноста.
 
Царина е 15%,ДДВ е 18%,царински преглед и поштарина.
Вкупната сума што ќе треба да ја платиш отприлика е 40-45% од вредноста.

Амаан шо напраја ненормална работа а до колку не се царини и кои производи не под лежат на царина?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom