Дали Господ казнува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е паметен, доволен ќе му биде и првиот одговор, ако не е, ќе му го повторам уште еднаш:

Еве, јас сум паметен, ама ти си уште попаметен па дај одговори ми на едноставново прашање, за кое не е потребен IQ од 318: дали еден камен може погрешно да постапи?

Ако може, зашто може, ако не може, зашто не може.

Така, ќе видиме што е потребно да поседуваат створените нешта, за да можат да одбираат, одлучуваат и конечно, да сносат последици од својот избор.
 
Не ме пипа.И да постои и да казнува не ме допира
 
Еве, јас сум паметен, ама ти си уште попаметен па дај одговори ми на едноставново прашање, за кое не е потребен IQ од 318: дали еден камен може погрешно да постапи?

Ако може, зашто може, ако не може, зашто не може.

Така, ќе видиме што е потребно да поседуваат створените нешта, за да можат да одбираат, одлучуваат и конечно, да сносат последици од својот избор.
Предходно во дискусијава напоменав дека секој исход зависи од можностите што се на располагање и од особините што ги поседуваме. Каменот нема никакви субјективни особини, па со оглед на тоа неможе да биде причинител. Доколку каменот беше субјект, а не објект, тогаш покрај можноста да одлучува, т.е. покрај слободната волја, ќе имаше и особини што ќе го дефинираат како субјект и ќе беа одлучувачки фактор за неговите постапки. Тука доаѓа како аргумент примерот со педофилот, тоа што е одлучувачко дали ќе го злостави или не детето не е неговата слободна волја, туку субјективната особина што ја дефинираме како педофилија. Без таа особина, ти можеш да имаш слободна волја, можеш да имаш и можност да злоставиш дете, но и покрај тоа нема да го сториш тоа.
 
Господ е еден,семоќен,милостлив,сомилосен и треба само него да го обожуваме, владетел на судниот ни ден.
Тој не казнува. Тој само може да ни простува за сторените гревови што ги правиме секојдневно. Во овој свет се казнуваме ние самите себеси, па поради тоа бараме вина во некој друг,обично тоа го правиме кога ни се случува нешто што не би сакале да ни се случи, кукаме дека Господ е крив,односно не казнува или пак дека воопшто и не постои. Јас верувам во рај и пекол, така што верувам дека како ќе си се постави личноста спрема себеси во овој свет,таква заслуга ќе си добие откако ќе премине. Несвесно се казнуваме како и во овој,така и во другиот свет ја носиме истата тежина.
 
Предходно во дискусијава напоменав дека секој исход зависи од можностите што се на располагање и од особините што ги поседуваме. Каменот нема никакви субјективни особини, па со оглед на тоа неможе да биде причинител.

Пеки.[DOUBLEPOST=1421430277][/DOUBLEPOST]
Доколку каменот беше субјект, а не објект, тогаш покрај можноста да одлучува, т.е. покрај слободната волја, ќе имаше и особини што ќе го дефинираат како субјект и ќе беа одлучувачки фактор за неговите постапки.

Пеки.[DOUBLEPOST=1421430936][/DOUBLEPOST]
Тука доаѓа како аргумент примерот со педофилот, тоа што е одлучувачко дали ќе го злостави или не детето не е неговата слободна волја, туку субјективната особина што ја дефинираме како педофилија. Без таа особина, ти можеш да имаш слободна волја, можеш да имаш и можност да злоставиш дете, но и покрај тоа нема да го сториш тоа.

Погрешно.

Педофилот, иако ја има таа противриродна блудна особина, ја има (исторемено) и слободната волја. Тоа што педофилот се впушта во противпририден блуд, е последица од неговиот избор, а не од педофилијата, која не му е природен атрибут, туку е последица од човековата огревовена природа.

Тоа одлично го посочува дури и Св. Ап. Павле (римјаните, 7-ма глава), кој кај себе забележува две волји; телесната, која е склона кон Светов и склона кон чинење грев и волјата од духот (човеков), која е стреми кон вечноста и кон послушноста од волјата Божја.

Така, кога телото владее со (раз)умот, гревот е неизбежен не ради непоседувањето волја, туку ради непослушноста кон волјата од разумот и од послушноста кон волјата од телото и конечно, ради немањето волја за покајание и поправање.
 
Последно уредено:

Изборот на педофилот директно зависи од неговата особина! Ако тој нема таква особина, неговиот избор нема да биде насочен кон злоставување деца, а тој пак ќе има слободна волја. Префрлањето на вината на "човековата огревовена природа" е папагалски и ретардирано. Ако човекот е создание на совршен Бог, тогаш тој Бог би предвидел и би спречил особини што би довеле до погрешни, штетни, зли исходи. Ако неможел да ги предвиди или ако неможел да ги спречи, тогаш не е семоќен.
 
Сериозно не ти смачи истите муабети да си ги повторувате со Мики на секои три месеци? :D
 
Сериозно не ти смачи истите муабети да си ги повторувате со Мики на секои три месеци? :D
На ауто пилот сум. :motorce:
Повторувањето е мајка на знаењето. ;) Колку повеќе повторуваме, до повеќе луѓе ќе стигне поентата.
 
Изборот на педофилот директно зависи од неговата особина! .

Погрешно: неговиот избор е последица од неговата похотност и острастеност. Педофилијата не е човеков атрибут, оти да беше, тогаш сите луѓе, како поединци, би биле педофили. Педофилијата е само еден облик на манифестирање на отпадната човекова природа па затоа секој поединец е склон кон одреден грев или група гревови, но не и кон сите гревови одеднаш и истовремено.[DOUBLEPOST=1421436085][/DOUBLEPOST]
Ако тој нема таква особина, неговиот избор нема да биде насочен кон злоставување деца, а тој пак ќе има слободна волја..

Ако не е педофил, пак ќе има слободна волја но и склоност кон грев(ови). Ако не злоставува деца, ќе чини поинакви гревови.[DOUBLEPOST=1421436135][/DOUBLEPOST]
Префрлањето на вината на "човековата огревовена природа" е папагалски и ретардирано.

Не е ретардирано, туку е очебијна вистина. Ретардирано е барањето оправдување за своите гревови.[DOUBLEPOST=1421436188][/DOUBLEPOST]
Ако човекот е создание на совршен Бог, тогаш тој Бог би предвидел и би спречил особини што би довеле до погрешни, штетни, зли исходи. Ако неможел да ги предвиди или ако неможел да ги спречи, тогаш не е семоќен.

Бог го предвиде(л) и човековиот пад па токму затоа дојде Синот Божји, за да не‘ избави од гревот, од ѓаволот и од смртта.[DOUBLEPOST=1421436232][/DOUBLEPOST]
Ако неможел да ги предвиди или ако неможел да ги спречи, тогаш не е семоќен.

На оваа логика и Кант би и‘ позавидел...[DOUBLEPOST=1421436421][/DOUBLEPOST]
Колку повеќе повторуваме, до повеќе луѓе ќе стигне поентата.

Некој (Гебелс беше...) рекол дека сто пати повторената лага, може да стане вистина...
 
Последно уредено:
Погрешно: неговиот избор е последица од неговата похотност и острастеност. Педофилијата не е човеков атрибут, оти да беше, тогаш сите луѓе, како поединци, би биле педофили. Педофилијата е само еден облик на манифестирање на отпадната човекова природа па затоа секој поединец е склон кон одреден грев или група гревови, но не и кон сите гревови одеднаш и истовремено.
Ако човекот е креација, тогаш зошто е креиран со овие особини? Зошто семоќниот и совршен Бог, допуштил похотност, "острастеност" и слично, ако тие не се дел од неговата промисла? Од аспект на Бог, постоење на исход кој тој го доживува како погрешен значи дека тој допуштил нешто во неговата креација кое сега го смета за погрешно. Тоа значи дека има промашување, грешка во неговиот дизајн! А таквиот Бог, што допуштил грешки, не е совршен, ниту семоќен.
Ако не е педофил, пак ќе има слободна волја но и склоност кон грев(ови). Ако не злоставува деца, ќе чини поинакви гревови.
Значи создаден е со грешка. А дизајнер што пушта производ кој има грешка во него, е дизајнер што греши, не е совршен.
Не е ретардирано, туку е очебијна вистина. Ретардирано е барањето оправдување за своите гревови.
И јас тоа викам. Ако некој создаде - креира нешто кое ќе го смета за грешно, и потоа вината за грешката ја префрла на креацијата, тогаш таквиот креатор бара оправдување за сопствената грешка и вината ја префрла на други.
Бог го предвиде(л) и човековиот пад па токму затоа дојде Синот Божји, за да не‘ избави од гревот, од ѓаволот и од смртта.
Ако падот е план на Бог, тогаш како може човекот да има вина поради тоа?
На оваа логика и Кант би и‘ позавидел...[DOUBLEPOST=1421436421][/DOUBLEPOST]

Некој (Гебелс беше...) рекол дека сто пати повторената лага, може да стане вистина...
Затоа секогаш ќе има некој како мене, што нема да молчи пред лагите и постојано ќе ги потенцира.
 
Последно уредено:
Изборот на педофилот директно зависи од неговата особина! Ако тој нема таква особина, неговиот избор нема да биде насочен кон злоставување деца, а тој пак ќе има слободна волја. Префрлањето на вината на "човековата огревовена природа" е папагалски и ретардирано. Ако човекот е создание на совршен Бог, тогаш тој Бог би предвидел и би спречил особини што би довеле до погрешни, штетни, зли исходи. Ако неможел да ги предвиди или ако неможел да ги спречи, тогаш не е семоќен.
Ипси примеров ти е несоодветен за докажување на што било на @MIKI1. Причината е бидејки твојата референтна точка е еволуцијата. Со тоа отфрлаш постоење на било какво божество кое би се замешало. Па следи дека за Мики не постојат мозочни функции кои ја определуваат сексуалноста и се што е различно од хетеросексуалност е последица од гревовната природа на човекот. Освен тоа педофилијата како психичко пореметување постои не цел век. Пред стотина години девојката била спремна за мажење со добивање на првата менструација што денес се смета за педофилија.
Така да ставот на Мики кој се базира конкретно на библијата не можеш да го окарактеризираш како погрешен.
Мики од друга страна трга дека еволуцијата е лага т.е. се е од Бог.
 
Нема никаква врска еволуцијата со конкретниов пример. Едноставен е аргументот, ако се потекнува од Бог, тогаш апсурдно е тој да дефинира било што како погрешно или непотребно, бидејќи ако се е од него, тогаш и тоа што тој ќе го посочи како погрешно, ќе биде од него, со тоа самиот се демантира дека е семоќен и сезнаен.
Мики, Изгрев и останатите верници направија обид да ја прикажат слободната волја како оправдување и одговор за апсурдот, но како што веќе образложив, особините на субјектот а не слободната волја ги диктираат постапките. Слободната волја е само можност да се одбере од можностите кои стојат на располагање, која опција ќе ја одбереш, зависи од особините што ги имаш и што те дефинираат.
 
Ова е сосема валидно како и претходното за мене.
Али примерот за докажување на ова е несоодветен за да успееш да ја доловиш твојата поентата на верник.
Еволуцијата е само пример зошто и педофилијата е последица од неа како што и напишав.
 
Можеш да ми објасниш зошто е несоодветен?
 
Господ не казнува затоа Господ го поставил законот на 10 божји заповеди од кои првите четирите заповеди се односите меѓу Бог и човекот и последните шесте заповеди се односите меѓу луѓето така ако човекот го прекршил една од тие 10-те заповеди е виновен за све и според тоа Бог не казнува туку ние самите сме си виновни и казни поради гревовите .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom