- Член од
- 6 февруари 2010
- Мислења
- 882
- Поени од реакции
- 923
Имав проблем со климата пред одреден период, се осеќаше дрмање и вибрации на ѕидот и пушташе некој звук од време на време како бучење. Прочитав некаде дека имало гумички кој се ставале помеѓу држачот на климата и климата. Се јавив во ИЦС ГРУП од каде што ја земав климата баш пред нова година и им побарав гумички. Ми рекоа да се јавам после празниците за да ми дадат.
Пред некој ден дојде сервисер да ја ѕирне климата и да види каде е проблемот. Денес дошле повторно, заклучиле дека фалело околу 40г фреон, го испуштиле цел фреон, мереле со азот дали пропушта некаде, чекале 20 мин во меѓувреме да покаже ако пушта. Мереле со вакум пумпи, манометри и незнам со што ти не друго. Исчистиле филтри, тацната со лед, го извадиле вентилчето од каде што истекува водата бидејќи мрзне.
Се на се јас сум презадоволен, не очекував ваква услуга. Мислев бидејќи ми ја продадоа без монтажа ќе се исперат со тоа дека грешка при монтирање е и дека не е нивни проблем или во најмала рака само ќе ми дадат гумички па сам да ги ставам.
Во денешно време кога секој сервис гледа што помалце да има работа и да наплати што повеќе овие се вистинско освежување.
А се јавив само за гумички....

уште се троумиме што да купиме