Вевчански Карневал - Мачење на Животни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Аха сакаш да кажеш дека таков е синџирот на исхрана ? Значи мечка има право да те утепа и да те изеде и никој да не се буни така? Затоа што нели она е посилна од тебе. Кој фактор си ти, јас или било кој друг да убива некого за да јаде ?
Мечката може да ме утепа, да ме растрга и месото да го даде на мечиња. Сигурно нема да се прошета во град парадирајќи со мојот леш или да ме постеле во пештера како тепих.
Тоа сакам да го кажам.
Факторот е твојот желудник.
 
Мечката може да ме утепа, да ме растрга и месото да го даде на мечиња. Сигурно нема да се прошета во град парадирајќи со мојот леш или да ме постеле во пештера како тепих.
Тоа сакам да го кажам.
Тоа не ти дава право да кажуваш дали е океј за јадење или парадирање. Убиство како убиство не е во ред. Не е битно дали е за јадење или за парадирање, животното е убиено. Ама очигледно го оправдуваш фактот да се убие ако е за јадење. Го оправдуваш затоа што го јадеш тоа.
 
Кокошките на пример или кравите се специјално одгледувани за храна. Еве да ги пуштиме во природа сигурно 99% ќе умрат.
 
Што се однесува до мене, можам и без месо да живеам. И онака не ми е неопходна состојка.
Но, не заборавај дека во одредени региони каде што живеат луѓе нема друг извор на храна освен месо.
 
Озбилен си за ова? Или сарказмот е појак од тебе? :D
 
BBC кога ќе ги види овие ќе се вџаши од нив и со оваа свирепост према животните ќе ни ја прикаже државава во многу лошо светло. Во Англија ќе мислат дека измачувањето на животни е вообичаена појава кај нас.

Па и треба да ни ја прикажат државата во лошо светло, затоа што не ни има светло сега... :)
 
Кокошките на пример или кравите се специјално одгледувани за храна. Еве да ги пуштиме во природа сигурно 99% ќе умрат.
Не си во право, и да умрат ќе умрат ради самите себеси, а не друг да одлучува за нив.
Што се однесува до мене, можам и без месо да живеам. И онака не ми е неопходна состојка.
Но, не заборавај дека во одредени региони каде што живеат луѓе нема друг извор на храна освен месо.
Како и да е за осуда е убивање на животни, не е за осуда причината т.е. дали е за јадење или парадирање.
 
Тие луѓе кои го имаат направено тоа на кучето треба да одговараат бидејќи пред се таму има мали деца, на тие деца како да им се објасни тоа? Дека тоа е сосема нормална работа која може да си ја прави кој сака? да го заколеш кучето, да го наденеш на режан? Навистина катастрофа карневал е карневал но тоа што тие го имаат направено само ја уништија сликата за карневалот.

Само болен ум може ова да го оправда на сликата. Таквите треба да се казнат законски не само со паричка казна туку со затворска.
10931378_855349547854618_2971140284854272399_n (1).jpg

Проблемот е што во оваа држава се е отидено во **** па така да тешко дека некој ќе ги гони овие ништожници. :sick::sick::sick:
 
Не си во право, и да умрат ќе умрат ради самите себеси, а не друг да одлучува за нив.

Како и да е за осуда е убивање на животни, не е за осуда причината т.е. дали е за јадење или парадирање.
Бре, и ако е во самоодбрана е за осуда? На пример ако ме нападне волк и јас го убијам треба да ме осудиш?
Секој настан треба да се разгледа од секој агол, така и ова.
Инаку, според мене треба и да престанат месарниците да изложуваат тела од животни. Не е ништо помалку грозно од ова со кучево.
 
Фазонот и целта на карневалот е да предизвика шок, гадење и контаверзи и тоа го прави преку илјада години, тоа што во меѓувреме се формирало Анима Мунди ништо не значи. Вековна традиција не може да се штелува по воља на пар џгуљави хипици што многу веројатно поштуваат бестијалност а повеќе од сигурно прават пари од животните за кои наводно се борат..
Кучето не е човек, животните не се луѓе, кој не се согласува нека не прска дома за глувци .
 
А бе тамошните мештани викаат дека кучето било умрено од старост или друго уште пред 10 дена .

Sent from my iPhone 5s using Tapatalk
 
Бре, и ако е во самоодбрана е за осуда? На пример ако ме нападне волк и јас го убијам треба да ме осудиш?
Секој настан треба да се разгледа од секој агол, така и ова.
Инаку, според мене треба и да престанат месарниците да изложуваат тела од животни. Не е ништо помалку грозно од ова со кучево.
Никој не рече за самоодбрана туку го коментирам конкретниов случај, и случајот со јадење на истата храна. Ако овие од Вевчани се за осуда, за осуда се и месарниците, кланиците и сите убиства на животни, кои се убиени за исхрана или за парадирање.
 
Фазонот и целта на карневалот е да предизвика шок, гадење и контаверзи и тоа го прави преку илјада години, тоа што во меѓувреме се формирало Анима Мунди ништо не значи. Вековна традиција не може да се штелува по воља на пар џгуљави хипици што многу веројатно поштуваат бестијалност а повеќе од сигурно прават пари од животните за кои наводно се борат..
Кучето не е човек, животните не се луѓе, кој не се согласува нека не прска дома за глувци .
Најјаки сте ми вие со ставовите „ако не ти чини не гледај/слушај/доаѓај“....
Само знаеш дека не живееш во џунгла каде што можеш да правиш што сакаш, туку во заедница каде постојат одредени правила кон кои треба и мора да се придржуваш, така ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom