Вевчански Карневал - Мачење на Животни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Најјаки сте ми вие со ставовите „ако не ти чини не гледај/слушај/доаѓај“....
Само знаеш дека не живееш во џунгла каде што можеш да правиш што сакаш, туку во заедница каде постојат одредени правила кон кои треба и мора да се придржуваш, така ?

не знам кај го виде тој став кај мене, знам дека е модерно да му го залепиш на некого, ама стварно прочитај уште еднаш.

Таа кокошката што е надената на вила можда е мајка на пилешките прсти што ги дереш со пиво.
 
не знам кај го виде тој став кај мене, знам дека е модерно да му го залепиш на некого, ама стварно прочитај уште еднаш.

Таа кокошката што е надената на вила можда е мајка на пилешките прсти што ги дереш со пиво.
А како да се сфати тоа твоето „ова е вековна традиција која не може да се менува само зошто се формирале Анима Мунди“ ?
 
Фазонот и целта на карневалот е да предизвика шок, гадење и контаверзи и тоа го прави преку илјада години, тоа што во меѓувреме се формирало Анима Мунди ништо не значи. Вековна традиција не може да се штелува по воља на пар џгуљави хипици што многу веројатно поштуваат бестијалност а повеќе од сигурно прават пари од животните за кои наводно се борат..
Кучето не е човек, животните не се луѓе, кој не се согласува нека не прска дома за глувци .

Па ако е поентата да се предизвика шок и гадење нека се посере и нек си ги изеде гомната дебилот што го убил кучето и оп еве ти и шок и гадење :facepalm:

Незнам каков човек треба да бидеш да оправдаш убиство на куче ради реда, да си направат маска за маскенбал селски деришта. Нечовек со еден збор.
 
Karnevalot ja postigna celta evidentno...predizvika shok sho bi rekol kurajber. I da kucheto bilo mrtvo veke nekolku dena...a tie sho mnogu se praite kurnazi zivotnite ova zivotnite ona prvi lapate svinsko i nosite kozni konduri...abe ajde ne me jebi!! Nosele mrtvo kuche na stap... golem kur!! A vie sho nosite mrtvo tele na noze sekoj den ili shto lezite na mrtva svinja pred televizor posle ruchek...Terajte rabota i sozdravje so tie hipi faking filmovi i anima dundi...nemaat popametna rabota ebate belja ebate!
 
Овие што го бранат ова се некој разгалени мекдоналдс деца. Имате ли правено муабет со касап ? Имате ли гледано колење на животно во домашни услови или во кланица ?
Сум гледал дома како мал дедоми колел овца, свиња, теле, кокошки... Сето тоа го правеше на најбрз и најбезболен начин за животното, истото го прават и неколку касапи кои сум правел муабет баш на оваа тема и сум присуствувал на колење. Татко на близок другар, нека му е лесна земја, професионален касап и многу баран, отсекогаш викаше ретко кој можи оваа работа да ја работи пошто многу мава на психата, претерано. Пред 6-7 години замина во нордискине земји за да работи во кланица, имаше заколено преку 1000 овци таму во рок од 1 година, кога се врати неможеше да спија заради врисоците од овците. Нормално и тој го мразеше колењето и го разбираше само како работа но и имаше разбирање за болката на животните па така го правеше тоа максимално брзо и што е можно побезболно за животното. Е сега, овие јакиве мажиња пцојсани ( се извинувам за вреѓањето претерано сум изреволтиран ) што хумор сакаат да предизвикаат со ова непочитување за животот на животното, незнам, ама на нивни деца да му се врати па да видат како е.
 
Секој маскенбал е сатанистички сериозен сум, олтари жртви, крв, силување девици, деца итн...

Има места познати по Македонијава наша наречени василичарски гробишта каде што две групи се тепаат меѓу себе, и мртвите ги закопуваат на местото на битката. Така да не е само маскенбал.
 
Најбезболен начин за колење е мислам мавање во малиот мозок. Вујко ми ми има кажано дека постои начин да се врзе телето на начин што точно се гледа каде му е малиот мозок и еден удар таму ја свршува работата.
 
Даде изјава организаторот на карневалов и си кажа дека кучето не било убиено.

А инаку секоја им чест на вевчанци, како секоја година со контроверзиите си го креваат публицитетот, браос.
 
Многу го иступивте бе, озбилно.
Зошто едноставно не се изјасните дали го оправдувате ова што го направиле паганиве вевчански, или не? Тоа е темата. Толку.

Не е темава дали кокошката во кланица пред да умре била среќна или ја пукало депресија. Дали требало да умре или не. Тоа е сосема друга тема на муабет. Искрено, ме заболе стапот дали била среќна или депресивна. Се испилила за да умре и да заврши на нечија трпеза. Тоа е тоа, божја волја.

Ако требало да се секираме за секоја заклана кокошка, за секој згазен полжав и црв, досега сите требаше да умреме од жал и депресија. За тоа нека се секираат овие од Фатима Мунди.

На темава се работи за изживување, мачење и убивање на животни стрикно за ЗАБАВА. Да мачиш куче, да го утепаш, да го наденеш на кол и така да се шеташ низ град, е болно и ретардирано. Ете, и да не било убиено, дали оправдувате парадирање и изживување со умрени животни. Тоа е темата.
 
Кретени безчувствителни! Убијци! На нив ова да им го направат, па да видат како е.
Ова треба строго да се казни, бар со неколку месеци до неколку години затвор, ако не друго.
 
Кога можеа да ги забранат борбите со бикови зошто да не забранат и вакви иживувања.

И јас сум 100% сигурен дека сево ова е планирано од поодамна (Вевчанци сакаат да се фалат со тоа дека цела година се спремаат за карневалот ), и тоа куче кое на почетокот мислев дека нема шанси да биде вистинско е убиено со намера, а не како што изјави преска еден на ТВ дека случајно го чукнала кола и умрело.
 
Апелираме и психолози сериозно да го испитаат менталниот склоп на овие личности, со оглед на тоа што ова е само предепизода на манифестирање насилство врз луѓето (впрочем, истражено е дека грото од злосторниците пред да прибегнат кон убиство на некој човек, претходно имале малтретирано животинки)
Ова ми е нај јакиот дел, оној некња шо ја задави медицинската сестра беше ВЕГАН и поборник за ’правата на животните‘ па не гледам дека тоа го спречи да убие човек.
Доста добро е и она ИСМЕВАЊЕТО на смрта на едно куче и свињите на ражен :D
Да ви се посерам во главите шуливи
 
Последно уредено:
Не мешајте баби и жаби, или јадење месо, стек, плескавици со настанов, оти е ептен малоумно и глупо. Ја прелистав темава само за да видам дали некој ги постирал членовите од КЗ на Р.Македонија, и од тоа што видов набрзина, не видов дека ги постирал.

Мачење животни

Член 233
(1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на
непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради
изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со
затвор до шест месеци.

(2) Тој што со нехранење, непоење или на друг начин изложува
животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна
или со затвор до три месеци.

Основната разлика која дава одговор на многу прашања за кои кружите непотребно во неколкуте страни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom