-={K-O-R-U-N}=-
Wanna play a game?
- Член од
- 14 февруари 2007
- Мислења
- 13.045
- Поени од реакции
- 3.301
- Возраст
- 38
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Проектот Ara на Google за модуларен смартфон наскоро ќе стане достапен, но тоа ќе биде само за оние кои живеат во Порторико. Google на конференцијата Project Ara Module Developers Conference ги претстави плановите за лансирање на пилот програма на островот на Карибите.
Проектот ќе стартува во втората половина на оваа година, а куќиштата и модуларните делови за телефонот ќе се продаваат преку локалните дистрибутери и партнери.
Претставниците на Google во текот на конференцијата објаснија дека има уште многу работи кои треба да се завршат, пред овој проект да се најде во продавниците во САД и ширум светот.
Проектот во моментот е во фазата 2, што Google ја вика Spiral 2. Постигнат е напредок па уредот кој можеше да се поврзува само на WiFi мрежи, сега може да функционира и на 3G, а во иднина треба да добие и 4G LTE поддршка. Уште една работа која треба да се развие е пронаоѓањето начини како програмерите да развиваат и да продаваат модули за овој уред.
Google исто така ќе мора да одлучи и колкава ќе биде цената на овој модуларен смартфон.
Kajgana.mk
___________________________________________________________________
Ова колку што е добро, толку е и лошо. Добро е тоа што ќе имате еден (модел на) телефон кој ќе можете во иднина да го надградувате со разни хардвер модули што значи ќе ви трае подолго, нешто слично како РС
Лошо би било тоа што кога ќе излезе нов, подобрен модел, да речеме за 1-2 години, можно е да останете заглавени со старите модули и да бидете приморани да купите нов модел, па нови делови за него итн... Може и да не е така, ама кога се пари во прашање, ќе настане попара
Ваше мислење?