Project Ara

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Возраст
38
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.facebook.com
Проектот Ara на Google за модуларен смартфон наскоро ќе стане достапен, но тоа ќе биде само за оние кои живеат во Порторико. Google на конференцијата Project Ara Module Developers Conference ги претстави плановите за лансирање на пилот програма на островот на Карибите.

proejt-arrk.jpg


Проектот ќе стартува во втората половина на оваа година, а куќиштата и модуларните делови за телефонот ќе се продаваат преку локалните дистрибутери и партнери.

Претставниците на Google во текот на конференцијата објаснија дека има уште многу работи кои треба да се завршат, пред овој проект да се најде во продавниците во САД и ширум светот.

Проектот во моментот е во фазата 2, што Google ја вика Spiral 2. Постигнат е напредок па уредот кој можеше да се поврзува само на WiFi мрежи, сега може да функционира и на 3G, а во иднина треба да добие и 4G LTE поддршка. Уште една работа која треба да се развие е пронаоѓањето начини како програмерите да развиваат и да продаваат модули за овој уред.

Google исто така ќе мора да одлучи и колкава ќе биде цената на овој модуларен смартфон.


Kajgana.mk

___________________________________________________________________

Ова колку што е добро, толку е и лошо. Добро е тоа што ќе имате еден (модел на) телефон кој ќе можете во иднина да го надградувате со разни хардвер модули што значи ќе ви трае подолго, нешто слично како РС :)

Лошо би било тоа што кога ќе излезе нов, подобрен модел, да речеме за 1-2 години, можно е да останете заглавени со старите модули и да бидете приморани да купите нов модел, па нови делови за него итн... Може и да не е така, ама кога се пари во прашање, ќе настане попара :)

Ваше мислење?
 
Интересно е ова со додатоците, ќе видиме што се ќе има од нив и која ке биде цената. Па место PC Build logs ќе глеаме и Mobile build logs. Ова е нешто ново на пазарот и колку ќе биде успешно ќе видиме.
 
Кога ќе се сретнат двајца или повеќе со ист ваков телефон, на кафе/пиво, еден од нив ќе си отиде со некоја хардверска промена по дома :D
 
Едно е идеја, друго е реализација, не е се така едноставно. И плус кеш игра улога :)
Без разлика. Ако ништо друго, требало да ги вклучат и нив. И мора да пишува Google на тој телефон? Не мора. Како компанија стануваат се полоши и полоши. Од разни аспекти.
 
Без разлика. Ако ништо друго, требало да ги вклучат и нив. И мора да пишува Google на тој телефон? Не мора. Како компанија стануваат се полоши и полоши. Од разни аспекти.
Тоа е сигурно оти не се од ветениот град СКОПЈЕ!!
 
Немаше нешто слично на ова, phonebloks чинам го викаа? Како и да е футуристички звучи, не знам колку би станале популарни пошто не е толку фенси како ајфон... Многу работи зависат од цената.
 
Проектот почна на сосема друг начин. И овие станаа лопови како Мајкрософт :facepalm: Еве го оригиналниот почеток.
Phoneblocks и Project Ara се исти концепт али различни компании. Имено Project Ara е почнат од Моторола и Phoneblocks е купен после од Моторола. Ги пратам уште од почетокот и од најавите така да, едно исто е.

Многу добар и интересен концепт, сакав да се пријавам за developer edition ама ми текна кај живеам...
 
Проектот почна на сосема друг начин. И овие станаа лопови како Мајкрософт :facepalm: Еве го оригиналниот почеток.
Епа во исто време и Motorola/Google го имале концептот, само што сеуште беше во тајност, кога креаторот на фонблокс излезе со неговата концепција, Motorola/Google открија дека и тие работат на нешто слично. Потоа дадоа и изјава дека ќе работат заедно со креаторот на Phoneblocks. Така да немаат ништо украдено

https://phonebloks.com/en/partners
http://en.wikipedia.org/wiki/Project_Ara

Еве како се одвива работите објаснето од креаторот на Phoneblocks

И еве подоцна до каде стигнаа

 
На мене лично многу ми се допаѓа проектот Ара. Баш е супер што сега конечно ќе можеме да си ги надградуваме смартфоните на ист начин на кој со години можевме да ги надградуваме нашите персонални компјутери.(y)
 
@HoLfElDeR точно партнери. Само што проектот ќе си продолжеше под Phoneblocks, доколку навистина беа партнери. Муабетот ми е дека во денешно време, ако имаш одлична идеја, ќе дојде некој богат и ќе ти ја земе. Ако ти ги даде трошките, супер. Може и без нив да останеш.
 
@HoLfElDeR точно партнери. Само што проектот ќе си продолжеше под Phoneblocks, доколку навистина беа партнери. Муабетот ми е дека во денешно време, ако имаш одлична идеја, ќе дојде некој богат и ќе ти ја земе. Ако ти ги даде трошките, супер. Може и без нив да останеш.
За жал тоа е суровата реалност, богатите владеат со све. Им се може :(
 
Има уште нешто симптоматично кај ваквиот модел. Google најавува посакувана цена од 50$ за основниот модел. Според некои шпекулации ќе биде сличен на моделите пред неколку години. Во што е проблемот? Во тоа што менувањето на модули и правењето на телефонот ваков или онаков ќе додава на цената (без разлика колку ќе биде делот) многу повеќе од 50$. За пола година, година корисниците ќе имаат телефон во рака што лесно може да достигне цена и над 500$, во зависност од желбите на корисникот. Ова е производ со многу скриени трошоци. Дури и почетната цена е сомнителна. Дали сами одлучија дека треба да биде толку цената на моделот, или видоа дека Xiaomi веќе на големо најавува смарт телефон за (замисли исто е) 50$???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom