@Macedon- , доколку си се потпишал на бланко договор може и фирмата да го пополни ако најде податоци од други извори, нема заверка на овој договор не се носи кај нотар, само се заведува у Агенцијата за вработување. Доколку се заведе договоров најверојатно ќе ти пратат копија од истиов, една за фирмата и една у Агенцијата, отпосле ти можеш да идеш со
тужба за раскинување на договор поради мана на волјата на една од договорните страни, заблуда, без разлика дали таа е суштинска или не.
Ова е секако доколку успеат да најдат податоци за тебе целосно име презиме, матичен број, адреса, живеалиште, број на л.к(опционално) итн. и го заведат ваквиот договор. Постои рушливост секако доколку доспее договорот. Но не верувам дека ќе се осмелат да пополнуваат податоци без ти да однесеш лична карта, иако не постои законска одредба која би им забранила.