Vartolu
The Infamous Mobb
Истото го викаа и кога си замина Зидан. Па после, тие истите, поинаку зборуваа.Погба ако се продаде ќе направиме голем чекор назад севкупно како тим, како гигант и како бренд.

Од небо се гледа дека Погба кога тогаш ќе си замине од Јувентус, за тоа треба да се биде спремен, и да се очекува тоа. Само, Јувентус треба да одигра максимално претпазливо и мудро, и да извлечи највисока сума на пара, ама сумата да ја реинвестира. Чекорот назад го гледам ако не ги реинвестира (паметно) парите Јувентус. Ако паметно ги реинвестира, тогаш зошто да не се повтори и ситуацијата со Зидан.
Со оглед на тоа каков квалитет поседува Сериа А, а изгледи дека ќе се подобри нешто нема, мислам дека треба да бидеш малце пореален дека лигата не е примамлива за играчи од највисок дострел, тоа е факт. Погба ќе биде таков играч за брзо време.Да се биде реален, нема Погба да игра во полураспаднати стадиони во Болоња и Бергамо, и да не започнувам голема тема за квалитетот и моќта на Сериа А во моментов.
Јуве направи одлична работа што му го продолжи договорот, и за секоја работа ќе го има последниот збор. Па сега ќе видиме.