Мразите ли некого?

  • Креатор на темата Креатор на темата Poetic
  • Време на започнување Време на започнување
Често се помешува мразењето со (не)поднесувањето.
Мразењето е нешто како релативно блага опсесија и идентификација со објектот и е ван контрола, додека неподнесувањето, одбивноста, е контролирана емоција на дистанца.
Мразењето е болест а најчесто се заболува кога објектот кој е тежок за поднесување скоро е невозможно да се избегне поради најразлични причини.
Најплодна почва за тоа е секојдневието т.е. кругот на семејството, комшиите и колегите :toe::uzi::pijanco:
 
Има многу работи што не ги сакам, но немам почувствувано присуство на она вистинското мразам.
За некој човек кој врз мене или врз останатите зрачи со негативна енергија, неможам да речам дека го мразам, за тие таквите имам некое посебно чувство на гадење, на грозење, едноставно одбивност.

А онака, површно ако гледаме што мразам, тоа дефинитивно се пајаците и змиите.

:)
 
^ Ам јас површно ко така лиљипутанци мразам.
 
Леле, до кај отишла темава...Знам дека е негативна, ама се' е дел од нас. Ја поставива бидејќи гледав еден филм во кој имаше еден женски лик кој толку ме потсети на личноста што ја мразам. Да, една е: патолошка лажга, нарцисоидна, болна за трачеви, неморална, која подмолно, со лаги и благодарение на своето „маже“ кој е на повисока позиција се намести на моето работно место. Обично не сум чувствувала омраза, сум преминувала преку тоа, но овојпат...како да не ја мрзам?
Нели е добар филм Gone Girl a ?

:D
 
Нели е добар филм Gone Girl a ?

:D
Хехе, не сум го гледала филмот, а баш денеска го гледав трејлерот. Инаку, мојов лик беше во CSI: Las Vegas, каде токму таа беше убиена (иако ненамерно);).Но, да споменам и друго: во серијава сопругот знаел за каква жена се жени (самобендисана, трачарка, лажга), но бил восхитен од нејзината самодоверба. Е, истото е и со мојава колешка - иста е како гореспоменатиот лик и нејзиниот сопруг е опседнат со неа (ова го знам бидејќи ми е школски другар, па лесно е за научување).
 
Точно дека силен збор е мразам, ама силна е и емоцијата што ја искажува тој збор.
За она што ме нервира како неразбрани луѓе, интриганти, лицемери и сл. не трошам толкава енергија за да ги мразам, оти е губење време и труење на душата.
Она што ме повредило со тек на време го заборавам/надминувам, оти не вреди да се измачува човек.
Постои само една личност кој толку многу ми згрешила, што ми се гади кога ќе ја спомне некој, тоа едно неопишливо чувство. Ми се чини дека ѓаволот е населен во тоа нешто и дека и земјава вика леле кај што гази тоа суштество, од толку што е нечовек. :)
Мразење е ова а? :D
 
Многу јасно, исто и јас се осеќам
 
Ќе отворам ја друга тема со истата содржина ама понатаму има време



tumblr_n3tvi3kAbI1s4xbv4o1_500.gif
 
Последно уредено:
Еден ми борчит 2000 евра, ми се криет низ градов и не ми креват на телефон.
Е него го мразам, а ко ќе го најдам ќе го згазам...се надевам после тоа никого нема да мразам.
 
да школото го мразам највеќе.А луѓе не мразам едноставно сум таков не можам никого да мразам и да ми згрешил некој нешто :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom