Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Официјално три пати. Неофицијално, функција со интервал [0,1].
Батали го официјалното. Таму и владеењето на Љубчо се смета на промена на центри на моќ. Него, каква е функцијава пред и после 2006та? Континуирана или дисконтинуирана?
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Батали го официјалното. Таму и владеењето на Љубчо се смета на промена на центри на моќ. Него, каква е функцијава пред и после 2006та? Континуирана или дисконтинуирана?
Функцијата е синусоида уште од 44та. И ќе си остане како таква. Системот е ист, единствено нешто што се менува преку годините се техниките и методите за индоктринација.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Функцијата е синусоида уште од 44та. И ќе си остане како таква. Системот е ист, единствено нешто што се менува преку годините се техниките и методите за индоктринација.
Ок, различна претпоставка за тоа што ќе се случува имаме. Останува времето да покаже.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Ок, различна претпоставка за тоа што ќе се случува имаме. Останува времето да покаже.
550 години покажуваше времето. Па после уште 50 покажуваше. Па после уште 40. Па уште 8, па уште 4, па уште 4, па веќе 9та, па во иднината. Единствено нешто што покажува времето е народот го снемува, а лајната не.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
550 години покажуваше времето. Па после уште 50 покажуваше. Па после уште 40. Па уште 8, па уште 4, па уште 4, па веќе 9та, па во иднината. Единствено нешто што покажува времето е народот го снемува, а лајната не.
Сега смени координатен систем. :) Ако правиш споредба со државите кон кои народот го снемува, уште 656 години ќе поминат, а разликата ќе остане иста. Ама на почеток почнавме да правиме муабет за малце полокални работи.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
А кој ти дава на тебе за право да извлекуваш такви заклучоци тука за членовите кои што си го пишуваат своето мислење на темата и не вреѓаат при тоа, твојата партија ли, спамеру стар?
Чепкај колку сакаш за партии, ама тебе тоа те погодува а не мене :icon_lol:.

Ајде изложи логички и здраворазумни аргументи како ќе се подобри образованието со испитов, па нема да те сметам за спамер.

Сето ова ако се имплементира ќе биде матура 2.0 - џабе потрошено време и ресурси. Како што школскиот мој што не знаеше кој е автор на Сердарот и истото прашање го препиша од мене и положи матура, а сега да го прашам сигурен сум дека пак нема да знае, така и сега тој што знае-ќе знае и без испит, а тој што не знае пак ќе остане неук.

Проблемот во образованието е што се бара меморизирање и репродуцирање на податоци и ништо повеќе. Во ниту еден сегмент од прописите и правилата во образованието не се поттикнува ниту пак се остава место за развивање на критичкото мислење кај учениците/студентите, а на 99% од професорите им одговара тој стил. Доаѓаат на час, го репродуцираат претходно наученото како папагали и си заминуваат. Дебати и разменување на мислења меѓу учениците и професорите нема никогаш и никаде. Дополнителни информации и материјали и студии на случаи никаде не се користат, а токму тие се круцијални за развивање на учениците и продуцирање на толку квалитетните кадри што ги посакува министерството. Знаење од учебници секој еден човек, во секој момент може да набави, влијанието што го имал професорот на тебе во смисла на развивање на твоите погледи и ставови и твојата личност и тие дополнителни информации што само една просветна личност може да ти ги пренесе остануваат долгорочно во тебе.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Сега смени координатен систем. :) Ако правиш споредба со државите кон кои народот го снемува, уште 656 години ќе поминат, а разликата ќе остане иста. Ама на почеток почнавме да правиме муабет за малце полокални работи.
Сеуште зборуваме за локални работи. Човек кој не си го знае минатото, е човек без иднина.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Сеуште зборуваме за локални работи. Човек кој не си го знае минатото, е човек без иднина.
Да, ама сите одбираме да раскажуваме верзија на минатото која ни е најполезна во моментот, нели?
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Да, ама сите одбираме да раскажуваме верзија на минатото која ни е најполезна во моментот, нели?
Мислиш дека ми одговара историјата кадешто пливам во лајна последните 600 години, само за да изгледам попаметен од тебе?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Мислиш дека ми одговара историјата кадешто пливам во лајна последните 600 години, само за да изгледам попаметен од тебе?
Зависи од колку високо гледаш. Ако гледаш од горе негде, пливаме во лајна. Ако гледаш од позиција на селанец на пример, тоа што проблемите ти се ниски откупни цени, неорганизиран откуп или доцнење на субвенции е голем напредок во однос на тоа што биле проблеми на селанецот пред 600 години. Кога 600 години живееш во лајна, учиш да им го нијансираш мирисот.
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
Се молат сите спамери политички на темава да не се замлатуваат премногу затоа што ке им се смејат.

Ако некој има 50 мислења неможе да биде спамер, за тоа треба 3000-5000.

И без плачење и барање да се одстрани некој од темата што сака да си го напише своетпо мислење,

И не ми влегујте у некој себичен филм дека политичките теми ви припаѓаат на вас поради вашата навика да си штанцате постои по 5000 и кусур или пак дека сте некојси авторитет политилки релевантен на форумов.

Вие не сте ништо повеке од насилни плачковци и вашите мислења немаат ама баш никаква подкрепа ниту пак сенс, затоа и напаѓате како некои хиени и потоа од кога ке ви вратат соодветно барате да се банира за наводни спамееи.

И не ви е прв пут тоа да го праите исто како и што плукате на владата за вашиот неуспех личен во животот.

Со должна почит кон другите кои не се такви...нетолерантни џукели дегутантни.
...плачковци пис аут...:pos:
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Зависи од колку високо гледаш. Ако гледаш од горе негде, пливаме во лајна. Ако гледаш од позиција на селанец на пример, тоа што проблемите ти се ниски откупни цени, неорганизиран откуп или доцнење на субвенции е голем напредок во однос на тоа што биле проблеми на селанецот пред 600 години. Кога 600 години живееш во лајна, учиш да им го нијансираш мирисот.
Квантификацијата на лајната се еден од многуте начини (и те како ефективен) за индоктринација. Ама колку и да ги квантифицираш, на крајот на денот лајната, се само, лајна. :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Квантификацијата на лајната се еден од многуте начини (и те како ефективен) за индоктринација. Ама колку и да ги квантифицираш, на крајот на денот лајната, се само, лајна. :)
Можам да се согласам. Ама тоа не значи дека животот нема да ме/не примора да бираме помеѓу лајна. И дека одлуката кое лајно ќе го избереме нема да ми/ни влијае.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Се молат сите спамери политички на темава да не се замлатуваат премногу затоа што ке им се смејат.

Ако некој има 50 мислења неможе да биде спамер, за тоа треба 3000-5000.

И без плачење и барање да се одстрани некој од темата што сака да си го напише своетпо мислење,

И не ми влегујте у некој себичен филм дека политичките теми ви припаѓаат на вас поради вашата навика да си штанцате постои по 5000 и кусур или пак дека сте некојси авторитет политилки релевантен на форумов.

Вие не сте ништо повеке од насилни плачковци и вашите мислења немаат ама баш никаква подкрепа ниту пак сенс, затоа и напаѓате како некои хиени и потоа од кога ке ви вратат соодветно барате да се банира за наводни спамееи.

И не ви е прв пут тоа да го праите исто како и што плукате на владата за вашиот неуспех личен во животот.

Со должна почит кон другите кои не се такви...нетолерантни џукели дегутантни.
...плачковци пис аут...:pos:
А болдот треба да те направи интелектуалец ?
Зошто да пишеш „смисла“ е сељачки, па мораш да пишеш „сенс“.
И после секое читање сенс, ние обичните смртници треба да паѓаме во транс и да ги величиме ваквите интелектуалци.
Ебати државата кај што интелектуалноста треба да се препознае по тоа колку пати во реченицата некој може да ги употреби зборовите „сенс“ или „нон сенс“ (иако не приметуваат дека помеѓу изговарањето на нон и сенс прават пауза од 3 дена, што уопште не треба да ја има...).
Иако моево е повеќе генерално гледање на состојбава со интернационализмите кај нас, сепак твојот пост ми беше повод :D
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ако деканите не се способни да си ги средат работите помегу нивните редови и ако знаеме дека испити се полагаа до сега кај многу професори и оценки се заслужуваа со мито и протекционизам(партиски и роднинско-пријателски) ке мора некој од страна да им ги среди работите.

Овака веке не може, затоа што дипломите ке ја изгубат својата реална вредност поради тие причини а најмногу ке загубат студентите.
Извини но ова што ти го знаеш јас не го знам и не верувам дека е така.
Да станеш универзитетски професор треба да бидеш одличен студент, да дипломираш, магистрираш, докторираш и многу години да бидеш асистент, па дури подоцна да станеш професор ( ако дочекаш да те изберат )
Значи тие луѓе многу вложиле во својата професија и не е им е до играње за малку мито да ја изгубат професијата и да одат во затвор.
Што значи малку е веројатно некој професор да е подмитлив
А подмитливи политичари има колку што сакаш. Политичарите си велат: сега сум на власт, дај да искористам и да се збогатам и онака на следниве избори нема да ме изберат
И сега наместо професори, студентите ќе ги испрашуваат клептократи - корумпирани политичари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom