На истиов пост погоре ја објаснав поентата. Го кажав мојот став за противуставноста, но не сваќај дека се наметнува мислење за контра нешто... Во моментов постои проблем меѓу засеганата страна и хиерархиски повисока страна. Ако викаш дека владее истото мислење дека има проблем во образованието тогаш тоа е заеднички проблем и за двете страни. Едната страна нуди решение за кое другата смета дека не е продуктивно и е лошо. Точно дека аргумент против тоа решение може да биде зошто е тоа лошо, но и што би било подобро решение ако се гледа кон првобитниот заеднички проблем. Јас не гледам контра ништо овде, само прогресивно размислување, бидејќи и да се случи повлекување на законот и тапкање во место по старо ништо не сме постигнале. Што ќе биде понатаму, пак по старо? Гарантирам дека ако се повлече закоонот и во иднина при секој х предлог кој ќе погодува некоја страна ќе има бурни реакции и не би се случувале никакви подобрување во ниедна насока.
Во ситуација кога нашево општество е толку поделено како што кажав преку протести и контра-протести, синдикати и контра-синдикати, ЗНМ и МАН... ваљда затоа и тоа твоето сум го сфатил во таа смисла иако може не си мислел така. Извини за ова
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
У секој случај останувам на се останато што кажав, дека не може да се очекува од нас конкретен издржан предлог, зошто за тоа има луѓе на кои им стои тоа во опис на работно место. Дека студентите се спремни да дебатираат и се спремни на вистински реформи доволен показател е што студентите се спремни заедно со Владата да седнат и да разговараат за вистински реформи, ама не и за државниот испит зошто државниот испит не е реформа и затоа нема што да се разговара за тоа.
Дека реториката „повлечете го законот па ќе разговараме“ е лошо формулирана се сложувам. Ама тоа не го менува фактот дека предлогот е ипак лош.
Тие што пишуваат против владата се корумпирани платеници од сдсм и тоа сите тука го знаат.
Остај не нас бе, теле се учи вол не се учи...
Ние глупи сме се родиле и глупи ќе си умреме. Мене ме радува тоа што постојат и вакви луѓе како тебе што реално гледаат на работите
П.С. какво време дошло, за некој ден изглеа и на форумов ќе имаме кајганџии и контра-кајганџии
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)