Да не правам реплики за да не фаќа многу простор, ќе ви реплицирам вака:
@true blue
Затоа реков јас, не сум правник и не сум запознаен со нормите. Океј е тоа што прва полемика се фаќа за противуставноста, но според мене не би имала ефект. Зошто? Бидејќи се пропишани норми во кои универзитетот е автономно во однос на централната власт. Тој дел е малку проблематичен според мене. Иако во голема мера и не се автономни државните универзитети ако размислуваме трезно, затоа што баш универзитетите не се финансиски независни од централната власт, секој граѓанин плаќа даноци и сл оптоварувања за да добие јавно добро во вид на образовани и итн, а централната власт е одговорна за да го спроведи тоа. Значи и по логика оди дека централната власт е одговорна и за квалитет на образование и итн. Тука се судрува со Уставот според мене и е лошо формулирана автономноста, бидејќи од една страна добива кеш универизтетот, а има автономност да прави што сака т.е нема одговорност за своето работење, за квалитетот на тоа што твори.
Поентата ми е дека како аргумент противуставност може лесно да се побие од страна на власта ради нудење ново тело кое е сосема независно од власта (иако е избрано од МОН). Не викам дека правно е исправно, но со разни дупки во тој член може да се протне предлогот. Јас викам дека треба да се побараат и други аргументи па дури и предлози во случајов за да има тежина секое барање. Засега тоа што се бара, поготово соопштението на професорскиот пленум нема некоја тежина.
Бтв, сигурно ги фаќа магистерските од следна година? Зошто по интервјуата викаат дека законот важи за студенти кои запишуваат прва година од 2015/2016, а не конкретизираат дали се однесува за мастерот од следната година.
@Bojan Van Buuren
На истиов пост погоре ја објаснав поентата. Го кажав мојот став за противуставноста, но не сваќај дека се наметнува мислење за контра нешто... Во моментов постои проблем меѓу засеганата страна и хиерархиски повисока страна. Ако викаш дека владее истото мислење дека има проблем во образованието тогаш тоа е заеднички проблем и за двете страни. Едната страна нуди решение за кое другата смета дека не е продуктивно и е лошо. Точно дека аргумент против тоа решение може да биде зошто е тоа лошо, но и што би било подобро решение ако се гледа кон првобитниот заеднички проблем. Јас не гледам контра ништо овде, само прогресивно размислување, бидејќи и да се случи повлекување на законот и тапкање во место по старо ништо не сме постигнале. Што ќе биде понатаму, пак по старо? Гарантирам дека ако се повлече закоонот и во иднина при секој х предлог кој ќе погодува некоја страна ќе има бурни реакции и не би се случувале никакви подобрување во ниедна насока.