швајцарија на балканот? my ass...

  • Креатор на темата Креатор на темата lans
  • Време на започнување Време на започнување
Кутрата држава, фрла стотици милиони евра народни пари за споменици, административни згради и бројни други тотално непотребни глупости, а нечесно е да се изманипулира за мизерни 35 евра месечно.

Колку ти е само здрава логиката. :tapp:

А што има врска едното со другото? Денес за 35 утре 35 000 и тоа е ОК? Тоа што не чини не чини
 
Срамота е да лажам дека сум социјален случај а да имам на мое име некретнини, сметка со пари и да возам кола, тоа е нечесност кон другите кои навистина немаат.

А дали имаш некакви најосновни примања за живот ?

Според тебе, тие кои поседуваат имот, но сепак се долготрајно невработени и веќе живеат на работ на сиромаштијата, треба да го продадат својот имот за да се прехранат ?

Батка, според таквата логика, тогаш во Македонија нема сиромашни.

Но таквата логика не ти држи вода, бидејќи луѓето сепак сакаат да поседуваат свој имот, да имаат свој покрив над глава и да имаат што да им остават во наследство на своите деца, а не да ги остават сами да почнуваат од 0 (НУЛА) бидејќи живееле во држава во која треба да си роднина или пријател на приватниот работодавач за да те вработи, или да имаш партиски врски доколку сакаш да се вработиш во државната или јавната администрација.

А што има врска едното со другото? Денес за 35 утре 35 000 и тоа е ОК? Тоа што не чини не чини

А чини ли фрлање на народните пари за тотално непотребни глупости и оставање на народот да живее во мизерија, вклучувајќи и укинување на социјална помош само затоа што некоја домаќинка испратила рецепт за некое јадење и заработила неверојатни 500 или 1000 денари награда ?

Точно, тоа што не чини, едноставно не чини, вклучувајќи ги и законите кои ги воведува актуелната влада на Република Македонија во текот на изминативе 5 и повеќе години.
 
Јеее! Штаракатела.... а?
одлепија веќе поодамна овие

како ли ќе треснат коа ќе дојде време

Имаш трснуење како Бранко, имаш треснуење како Хонекер, имаш треснуење и како Милошевиќ, ама имаш и треснуење и како Николае Чаушески или Гадафи.
 
Прво да се објасни по која логика социјална помош на едно семејство е 35 евра во време кога секоја недела се фрлат милиони евра на споменици и огради, па после да се направа здрава дискусија, оти тука јас сум секој ден поуверен дека живее најглупавиот народ што некогаш може да постои некад..
 
Прво да се објасни по која логика социјална помош на едно семејство е 35 евра во време кога секоја недела се фрлат милиони евра на споменици и огради, па после да се направа здрава дискусија, оти тука јас сум секој ден поуверен дека живее најглупавиот народ што некогаш може да постои некад..

Па многу е тешко да се даде поинаква дефиниција за ваков народ кој дозволува да го дупат во здрав мозок со децении.

Прво криви беа турците, па србите, па комунистите, па денес некој четврт, петти, шести и не знам кој е крив. Таков народ кој секогаш бара кривци, а никогаш не дејствува против тие кои го дупат во здрав мозок, тешко е да се дефинира поинаку од најглупав народ што некогаш можел да постои.

Секогаш некој е крив, но народот е супер, народот е крив само бидејќи е жив.
 
И никаде ги нема ич не им чуе, денес поминав после некое време на битпазар и гледам цела коњаница нови споменици наредиле, а уште се во изградба, лудило од курански размери, криманал од библиски размери, ама знаете она мала ситна пичкарска македонска душа, чутете и полошо има.
 
Слободно нека ги контролираат сметките. Сè што може да контролираат е пајажината во нив. За пари не е проблем, пари немаме (во македонски банки). :ROFLMAO:

Законов е уште една причина плус за редовна посета на нашите соседи. Ти ебам и ПИОМ, и ФЗО, и ГМО, и све да ти ебам.
 
Оваа власт начисто одлепи последниве 2 години ко на некои нови дроги да се, искрено ми се чини дека на Грујо му се досади да биде на власт после сиве овие ретардирани закони.
 
Сликата е поголема и не е воопшто наивна, језива е. Типичен пример за извлекување големи пари од граѓаните, актуелен овој период, увозот на стари коли за кој сега допрва граѓаните ќе ги почувствуваат "поволностите". Од вкупно 160.000 такви увезени возила, над 100.000 се со стари мотори и без скоро никаква емисиона заштита. Меѓувреме се зголеми емисијата на исклучително штетни честици па се заострија и критериумите за регистрација. Некои од овие возила нема ни да се регистрираат по правило, други ќе мора да набават катализатори кои чинат прилично скапо. Половни се околу 50 евра, нови 300-900 евра...во Бунарџик ли се произведуваа катализатори?
Нешто слично се подготвува и со овие измени за банкарските сметки. Овде вели граѓаните само на банките им должат околу 1.7 милијарди евра. Заедно со фирмите над 4 милијарди евра. Ако веќе фондот за здравство, агенцијата за вработување и други институции се засегнати од позитивното салдо на невработените, како ќе постапат во случаите кога граѓаните должат. Дали ќе им ги платат сметките и кредитите, лекувањето? Нормално, не. Но и контролата на сметки на невработените (па и на вработените) исто не е нормална.
Да примаш социјална помош а да имаш пари на сметка или пак да поседуваш возило или некретнини е научна фантастика во многу земји.
Ако веќе се збори за контрола на социјалците, тоа е во ред, но не е јасно зашто не се качат исплатите барем на ниво на потрошувачка кошница. Тоа е некој би рекол нечовечки минимум само за храна. Ама...од 2010 не се води официјална евиденција за основната потрошувачка кошница. Откако беше критикувана за лицемерната методологија и нехармонизираноста со европските и други кошници.
 
Последно уредено:
Епа ете фин предлог од тебе констуктивен, од тие што ке им се одземе заради тоа што не биле чесни нека им се подели во иднината на тие што навистина им треба.
 
Епа ете фин предлог од тебе констуктивен, од тие што ке им се одземе заради тоа што не биле чесни нека им се подели во иднината на тие што навистина им треба.
не треба јас да давам било какви предлози. Конструктивни предлози треба да даваат државните советници во министерствата и секторските раководители кои се прилично добро платени и наградувани за својот ангажман. Не деструктивни и демотивирачки. Ако веќе се рамниме со други земји, редно е тоа да го правиме како што треба. Многу од тие земји покрај социјална заштита на невработени, имаат социјални програми за млади двојки, за родители, за закуп на стан, за учење, за деца...зашто тоа не се применува, зашто само казни и бришење. После се чудиме зашто толку лекови кркале македонците.
 
Проблемот во целата таа ситуација е малце поголем, мислам дека нема да е лошо сите да дадеме придонес во тоа па и со предлози ако треба.
 
Ако веќе се збори за контрола на социјалците, тоа е во ред, но не е јасно зашто не се качат исплатите барем на ниво на потрошувачка кошница. Тоа е некој би рекол нечовечки минимум само за храна. Ама...од 2010 не се води официјална евиденција за основната потрошувачка кошница. Откако беше критикувана за лицемерната методологија и нехармонизираноста со европските и други кошници.
Не заборавај дека сме македончиња. :)
Ако ја дигнеш социјалната помош на ниво на потрошувачка кошница (читај 400-500 евра), што мислиш, колку од вработените што земаат пр. 200 евра плата, ќе напуштат работа и ќе се пишат како социјални случаи?

Замисли, сега има лешинари кои имаат коли и редовни приходи, а се пишале како социјални случаи само за да ги земат и тие мизерни 40-50 евра што ги дава државата. Колку треба да си болен во мозокот за да бидеш паразит на грбот на социјалците кои едвај врзуваат крај со крај.

Абе убаво велам јас, само Ебола е лекот за нас.
 
Срамота е да лажам дека сум социјален случај а да имам на мое име некретнини, сметка со пари и да возам кола, тоа е нечесност кон другите кои навистина немаат.
За многу луѓе не е срамота, да си тераат бизнис и да земаат социјална помош. Но, проблемот не е во човекот и во предложеното решение, проблемот е во не почитување на законите т.е треба закон за да се спроведува закон, за тоа и вакви глупости се носат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom