швајцарија на балканот? my ass...

  • Креатор на темата Креатор на темата lans
  • Време на започнување Време на започнување
Колку се осеќам среќно што живеам во Швајцаријата на балканот............ NOOOOT!!!
 
Можеле да го решат ова на многу поелегантен начин. Не морало на труд и социјала и на идиотите што работат таму да им даваат толку моќ.
 
Ретардирана држава, ретардирани идеи. Уште да не контролираат кога јадеме и што и кога одиме во WC.
 
Не само увид во банкарските сметки, туку и во податоците кои ги имаме во нашите компјутери и телефони.
Потребни се драконски казни за секој кој не чува .jpg портрет од нашиот сакан краљ Николае Велики од династијата Грујошеску.
 
Овие тотално одлепија, особено последните година-две.
Шо е следно, секој шо има струја дома да биде избришан од листа на невработени?
 
Добро шо значи ова, дека пример парите шо сум ги штедел цел живот и чувал под перница, ако си ги ставам на банка и појдам во ФЗОМ за здравствено осигурување како невработен, нема да ми дадат?
 
Прочитавне :)
За мене е во ред да се потпише согласност и да се има увид само во случај на барање за социјална помош и за оние случаи веќе споменати во претходниот закон, но за друга цел не знам зошто би имале увид. Овој дел од текстот ме чуди (ако нешто воопшто треба да не чуди овде)

„ Агенцијата за вработување ќе ги контролира банкарските сметки на граѓаните кои бараат работа. И, ако имаат прилив од странство може да се бришат од евиденцијата на невработени. Исто така и ФЗО за сите тие кои имаат приходи од некој извор ќе им биде неизвесно бесплатното здравственото осигурување. Ова, граѓаните ќе ги стимулира паричните неформални трансфери да не ги прават во Македонија, само со цел да ги заштитат личните податоци“

Вакви трансфери воопшто не се поврзани со статусот невработен или здравствено осигурано лице. Знам дека ќе има дежурни адвокати кои со сите сили ќе го правдаат и овој потег, ќе го дрват до 101 ама ако е како што е сега претставен, тогаш е без никаков легален и фактички основ. Единствено може да се правда со тезите од една друга тема каде истите адвокати велат баталете устав и легалност.
Друга работа е што со повеќе институии директно вклучени во тие сметки, постои многу поголема можност за пробивање на податоците на различни нивоа.
А трета работа е што сеуште нема контрола на потекло на пари или имот па големи и непознати пари се вртат на тој начин, се купуваат имоти, фабрики, бизниси, куќи,...многу повеќе од нечија социјална помош. Е зашто де нема.

Им нема рамни на овие пвеводбенициве, уште на просјаците да почнат да им наплаќаат данок за парите собрани од туѓа милостија.

Но битно невработеноста ќе исчезне, на крајот и АВРМ и приватните агенции за вработување ќе останат без работа бидејќи сите ќе бидеме вработени.

НЕМА ДА ИМА НЕВРАБОТЕНИ, МИЛИНА !!! :bravobe:
 
Последно уредено:
Да примаш социјална помош а да имаш пари на сметка или пак да поседуваш возило или некретнини е научна фантастика во многу земји.
 
Да примаш социјална помош а да имаш пари на сметка или пак да поседуваш возило или некретнини е научна фантастика во многу земји.

Тие земји се научна фантастика за нас


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Да примаш социјална помош а да имаш пари на сметка или пак да поседуваш возило или некретнини е научна фантастика во многу земји.
Баш заради тие со џипови и социјална помош не ебаваат сите. Ова е исто со законот за забрана на купување алкохол после 19 часот, бидејќи нели младите да не пиеле, иако има закон што забранува малолетници да купуваат алкохол.
Ама изгледа наместо да работат тие во администрација т.е спроведуваат законот тие го изиграваат и се воведуваат вакви глупости
 
When the world monetary system collapses, life will go on. People will need some form of sound money as well as food, energy, water and security to name a few.
 
Да примаш социјална помош а да имаш пари на сметка или пак да поседуваш возило или некретнини е научна фантастика во многу земји.
хах ама не е социјалната помош овде 150 евра од човек ами 35 евра..........секој знае дека нема теорија некој да преживее со тие пари,ниту се некаква помош освен да купи за јадење да речиме за недела дена........во тие “некои земји“ колкава е социјалната помош на месечно ниво ако сакаш да ни претставиш ?
 
Нечесна е логиката да се изманипулира државата за 35 евра?
 
Нечесна е логиката да се изманипулира државата за 35 евра?

Кутрата држава, фрла стотици милиони евра народни пари за споменици, административни згради и бројни други тотално непотребни глупости, а нечесно е да се изманипулира за мизерни 35 евра месечно.

Колку ти е само здрава логиката. :tapp:
 
Срамота е да лажам дека сум социјален случај а да имам на мое име некретнини, сметка со пари и да возам кола, тоа е нечесност кон другите кои навистина немаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom