Јас имам пријател на чии што родители им се има случено сосема спротивното од оваа другаркава твоја во Тетово.
Неговиот татко и неговиот вујко - брат на татко му - ги чуваа нивните родители како очи во глава, под нивни заеднички покрив, додека сестрата на овие два брата многу ретко доаѓала да си ги види сопствените родители, но на крајот, таа го наследила семејниот имот, а браќава си останале со сметките за погребите и ништо друго.
Очигледно логиката на бабата и дедото била:
" Синовите си имаат своја куќа, а ќеркава можеби ќе ја напушти мажот во иднина, па ќе се разведат и ќе остане без покрив над глава, па затоа на нејзе ќе и го оставиме имотот во наследство, за да биде осигурана. "
Но дури и да се разведела ќерката, сепак има право на половина од имотот стекнат со сопругот за време на бракот, ама очигледно бабата и дедото не го земале тоа во предвид, па затоа одлучиле да играат на сигурно, иако биле свесни дека ги оставаат двата сина со сопруги и со деца без никакво наследство. Па тие нека му ја мислат, мажи се, ќе издржат. А што се издржаа и низ што се поминаа изминативе 20 и повеќе години, да не почнам да раскажувам.
Не се сите семејства исти и сите твои критики за начинот на кој функционираат семејствата се резултат на еден фактор - домашното воспитување.
Ги има секакви луѓе на светов, и паметни и будали, и сигурни и наивни, без разлика дали се мажи или жени.
Ехеее, кога ќе се потсетам какви се пачаври ми биле симпатии за време на средношколските денови, ги гледам во алманахот и пукам од смеа. Извини и немој да се навредиш од овој израз - пачаври - бидејќи си женско, секако дека не мислам на тебе, но какви се пачаври испаднаа, добар дел од нив се испомажија за да си имаат покрив над глава врз грбот на сопругот, а за сопрузи зедоа претежно мажи кои се 5, 10, можеби и повеќе години постари од нив. Нив не ги интересира да бидат самосвесни и независни туку напротив, ги интересира да зависат од некого, се додека им останува да си ги прчат по дома чистејќи го и одржувајќи го домот, што за нив повеќе е хоби отколку обврска на домаќинка.
За волја на вистината, морам да спомнам дека и добар дел од нив се омажија со мажи на нивна возраст и испаднаа вистински дами, бидејќи всушност уживаат во своите семејни обврски, додека истовремено успеваат да најдат некаква работа - во локална продавница или спортска кладилница, не е некоја престижна работа, но сепак успеваат да заработат нешто и да поминат време со децата и семејството, додека и мажите работат, се разбира. Ги има и такви кои успеаа да најдат работа по нивна струка, но за жал, таквите на прсти можам да ги избројам, исто како што на прсти можам да ги избројам и тие жени кои испаднаа вистински дами, а не пачаври.
Се е прашање на домашно воспитување и речиси никогаш не е прашање на намерна дискриминација.