@goran0505 Хммм летоска моите добија таква сметка со додадени а непотрошени 800KW, сметкава како да се грееле на сред лето, 5-6000 беше, а не беа ни тука пола денови од тој месец. Релно по струјомерот околу 1500 имаа потрошено. Одговорот од нивна страна беше дека ке биде корегирано во наредната сметка, но зашто да наплаќаат однапред, не е во ред тоа, поготово па зимно време ко можат да ти набилдаат огромна сметка да неможеш да ја платиш и ке те искључат.[DOUBLEPOST=1421006291][/DOUBLEPOST]
Не знам шо се пишело назад, али моментално најекономично греење се геотермални системи. The thing is, што влогот е сериозно голем, и не се исплати за стан или помала куќа. Веќе недела дена гледам како тој систем загрева куќа од 350 квадрати со само 4kW. А претходно човекот трошеше по 6 тона нафта годишно.
Верувам дека троши толку малку, но тоа е едната половина од системот т.е изворот на топла вода која не верувам дека е поголема од 55Ц(едино ако ја догрева), па би те прашал за втората половина т.е какви грејни тела користи твојот пријател и од каков материјал му е подот, односно дали е тоа она традиционалното радијатори/паркет, фенкојлери, или подно греење/плочки или некоја комбинација. Ако ваквиот тип на греење го гледаме од перспектива само на геотермална пумпа е вистина прескапо, 10 и више иљадарки, но ако го гледаме како Нискотерпературно греење тогаш цената од 10 одма паѓа на пола па и помалку бидејки може да се изведе и со пумпа воздух-вода или котел на дрва, поентата е во подното греење а не во котелот. Уствари ако добро размислам проблемот е во нашите навики, цела европа е во тренд на нискотемпературно подно греење а кај нас (можеме и тука да прочитаме) во нови градби сеуште се ставаат радијатори и котли со снаги у мегавати као да е дрвото или јагленот безпари. Начув дека и дрвото поскапело над 4000, ако е точно тоа ете уште една причина за тие што се во граба да си размислат за систем кој нема да има потреба од темератури на водата од 65 или 80Ц и десетици кубици дрва туку ке грее некое подно топловодно греење на 35 до 40Ц и ке потроши упола помалку.