Barclays Premier League - Season 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
Занимљива ти констатација.

Ја ти викам дека Лампард требаше да го задржат како играч од клупа, нешто што засега бројките викаат дека Челси го нема, а ти ми укажуваш како изиграл Лампард во сезона во која бил стартер на скоро 20 меча, на 35 годишна возраст.
Не постигнал перформанси кои биле стандардни за него. А до кога треба да дава по 15+ гола на сезона, до 40 годишна возраст?

Лампард немал мотив да игра за Челси? Озбилно ова го збориш за Френк Лампард?
После 13 години во клубот, со човекот што го прослави можеби најмногу од сите на клупа, Френк Лампард немал мотив повеќе да игра за Челси?

Не доби никаква мотивација Лампард во Сити, туку Сити почнаа паметно да го користат.
Просто кажано, му ги менаџираат утакмиците, го држат одморен со оглед на годините што ги поседува, затоа и пружа такви партии.

Ако тролаш ова за мотивацијава, свака част.
Џабе викаш дека требало да го задржат на клупа, играше, влегуваше од клупа и немаше импакт врз утакмиците како шо има сеа у Сити. И остај ги бројките шо велат сеа, ако сакаш ова да ти држи вода треба да постои ротација у Челси која ротација ја нема т.е не е длабока, и овие од клупа немаат минути уопште. Не беше проблемот недостатокот на голови кај Лампард, туку уигравањето со Хазард и Оскар како десетка, и покривање назад у одбрана.

Да, немаше огромна мотивација да игра, и не прај missleading како шо праиш у 90% од муабетите.
Мотивација , лојалност, легенда на клуб, три тотално различни институти еден од друг и неповрзани со ова шо го збориме. После толку изиграни утакмици и толкави бројки у клуб нормално е кај секој професионалец да има недостаток на мотивација пошо нема од каде да ја црпи. Ова е случај со спортисти у секој (тимски)спорт што постои.

Видук, пак ќе си напишам. Исто беше користен и у Челзи, влагаше негде 60/70та минута и ги завршуваше утакмиците, некои ги почнуваше и пак беше заменуван пред 70та.
Знаеја кондиционите тренери колку беше способен Лампард да истрча, не се игра лото пред утакмица, менаџираат и у Челзи по нешто.
 
Пак ќе кажам, не може Балотели, кој е купен за 16м фунти и не игра цело време да биде флоп а да не биде Ловрен кој е штопер, купен 20м фунти и игра секоја утакмица, при што има најмногу грешки што резултирале со шут на гол или гол.
 
@wicked_1

Не треси и ти од ракав глупости,сите знаеме дека е стар и неможе да игра како што играше ама за од клупа дефинитвно е ѕвер.
Еве види колку играл лани а види колку играл година

Лани:
http://www.transfermarkt.co.uk/frank-lampard/leistungsdaten/spieler/3163/saison/2013/plus/1#gesamt

Годинава:
http://www.transfermarkt.co.uk/frank-lampard/leistungsdaten/spieler/3163/saison/2014/plus/1#gesamt

Скролни малце надоле има во секое натпреварување на која утакмица колку играл.
 
Исто така не може Ди Мариа да е најдобар трансфер кога е купен за истата цена за која Челзи доби 16 голови и 14 асистенции само во ПЛ сезонава.
А кој кажа оти е најдобар трансфер?
 
Исто така не може Ди Мариа да е најдобар трансфер кога е купен за истата цена за која Челзи доби 16 голови и 14 асистенции само во ПЛ сезонава.
Логикава ти вришти. Ај да искомбинираме 3-4 играчи од некој друг клуб ( пример Тадиќ, Бертранд и Пеле) кои што коштаат колку Коста, Фабрегас, Санчез, а статистички се подобри од овие. И сега врз основа на тоа треба да заклучиме дека Санчез или Фабрегас или ај Ди Марија да рецимо не може или не заслужуваат да бидат избрани за трансфер за полу-сезонава?! Нормално е со квантитет да можеш да му конкурираш на единечен играч, без разлика колку е платен. Ако беше така ај да ги сметаме трансферите на Коста и Цеск како преплатени зошто за половина од нивната заедничка цена е платено горенаведеното трио од Саутемптон.

Иначе засега за мене најдобар трансфер е Санчез, а најдобар трансфер на млад играч е Ајозе Перез. Детето кине за Њукасл откако се прилагоди во клубот. Има шанси играчиште да биде.
 
Последно уредено од модератор:
Логикава ти вришти. Ај да искомбинираме 3-4 играчи од некој друг клуб ( пример Тадиќ, Бертранд и Пеле) кои што коштаат колку Коста, Фабрегас, Санчез, а статистички се подобри од овие. И сега врз основа на тоа треба да заклучиме дека Санчез или Фабрегас или ај Ди Марија да рецимо не може или не заслужуваат да бидат избрани за трансфер за полу-сезонава.?! Нормално е со квантитет да можеш да му конкурираш на единечен играч, без разлика колку е платен. Ако беше така ај да ги сметаме трансферите на Коста и Цеск како преплатени зошто за половина од нивната заедничка цена е платено горенаведеното трио од Саутемптон.

Иначе засега за мене најдобар трансфер е Санчез, а најдобар трансфер на млад играч е Ајозе Перез. Детето кине за Њукасл откако се прилагоди во клубот. Има шанси играчиште да биде.
Добро де, ете спореди ги само Цеск и Ди Мариа, и спореди ја цената и придонесот за новите клубови. Едниот е 27 милиони и има 4 голови и 18 асистенции, другиот е 59 милиони и има 4 голови и 6 асистенции.
 
Добро де, ете спореди ги само Цеск и Ди Мариа, и спореди ја цената и придонесот за новите клубови. Едниот е 27 милиони и има 4 голови и 18 асистенции, другиот е 59 милиони и има 4 голови и 6 асистенции.
Едниот изигра ~15 натпревари ,другиот ~ 8
А и со кој памет ги споредуваш двајцата
 
Дејли Блинд најлошо засилување, само еден гол има даено. :(

Не викам дека Фабрегас не е најдобро, си е, ама глупо е да го деградирате Ангеле што коштал толку и имал послаб учинок. Како прво стигна на почната сезона, како второ месец и пол беше повреден. А и како што вика Чемпионс, никој од нас не рече дека бил најдобро :)
 
Добро де, ете спореди ги само Цеск и Ди Мариа, и спореди ја цената и придонесот за новите клубови. Едниот е 27 милиони и има 4 голови и 18 асистенции, другиот е 59 милиони и има 4 голови и 6 асистенции.
Значи не ми беше муабетото да го дигам Ди МАрија. Види ги и бројот на настапи на двајцата. Не викам дури и со ист број на настапи би имал Ди Марија асистенции колку Фабрегас. Друри реално 4-5 "асистенции" што му ги имаат препишано на Цеск биле додавања, кои после индивидулани 4-5 потези на Азар и Коста биле постигнувани голови.

Затоа не го врти муабетот, знаш точно зошто те цитирав. Не беше ни за Ди Марија, ни за Цеск ни за Коста. За начинот на кој ги споредуваше те цитирав. :)
 
Ааааа ама затоа кога Видук ги стави статистиките на Мата и Хазард скокнавте како попарени :icon_lol:
Не бе :D
Едниот изигра ~15 натпревари ,другиот ~ 8
А и со кој памет ги споредуваш двајцата
@dragonsky ќе ти каже дека доколку играчот се повредува, тоа го прави лош трансфер затоа што клубот не ги предвидел тие повреди и сам си е крив што земал таков играч :D

И аман, како се нафрливте. Добро, Фалкао е поголем флоп :kuracc:
 
@red.devil "Друри реално 4-5 "асистенции" што му ги имаат препишано на Цеск биле додавања, кои после индивидулани 4-5 потези на Азар и Коста биле постигнувани голови."

4-5 асистенции? Дали преку сила беа 2 такви ситуации, и незнам како ти иде у прилог оваа на муабетот, демек му пишат гратис асистенции? Ако не, која е поентата на ова?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom