jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 18.811
- Поени од реакции
- 26.375
Неможам да генерализирам и да кажам дека муслиманите се дивјаци. Токму муслимани се најголеми противници на оваа идеологија (Хезболах, Иран и Башар). Сакам да кажам, дека доколку отидеш со транспаренти на Мухамед, ти ги навредуваш не само припадниците на исламистите салафисти, туку и сите муслимани на светот, па и тие што се против нив. А тоа дали ќе јадеш ќотек веројатноста е иста како да отидеш во Тел Авив со свастика на раката.Под претпоставка дека очекуваш да бидам апла истепан ако го направам тоа што го пиша, значи и ти со оваа изјава се согласуваш дека муслиманите се дивјаци заради тоа што би го направиле, така?
И со генерализацијата само правиш брадите да ја постигнат целта. Изедначување на сите муслимани со нив. Тоа би значело јасна линија. Тогаш обичните Иранци, Сиријци, Либанци и Египјани ќе се запрашаат зошто воопшто не им се приклучат на ИД, кога од другата страна и така и така ги изедначуваат. Па ќе се подсетат на колонизаторските денови, години па и векови, кои и не се толку далеку (50тина години). Па понатаму ќе се подсетат на крстоносните војни, за кои има многу приказни. За да на крај Ал Багдади го видат како Саладин, што ќе значи крај на светот којшто го познаваме.
Темата е оваа, типците се алжирци, муслимани родени во Франција, значи во најмала рака втора генерација имигранти, не прва, со барем еден родител роден во колонијален Алжир, кој сеуште памти што значело тоа. Не верувам дека би било премногу тешко да се натера Алжирец на ваков чин. Којзнае уште колку вакви скриени оружја чува калифата во Европа.И знам за Америка, не мора ништо да објаснуваш. Сигурен сум дека и она знае, ама друга и' беше темата.