Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Fail. :facepalm:

КК кланот палел и убивал црнци. Црнците би ти вратиле со иста мера.
Карикатуристите во Франција цртале карикатури за пророкот на муслиманите. Муслиманите ги изрешетаа со Калашникови.

Добра споредба. Топ си, кис4е. :pipi:
Слично како и ККК, така и Франција бомбардирала исламистички цели во Сирија и Ирак... што е тука спорно ?? Е сега Исламистите неможат да вратат со иста мера, па ако не можеш по магарето удри по самарот.

А што се однесува до карикатурите, јас сум голем противник на брадите и на ИСИЛ, но не сум противник на муслиманите. Како може да се генерализираат сите муслимани, кои ги има повеќе од 1 милијарда? И зошто да ги навредувам? Зарем не помислиле дека меѓу тие 1 милијарда ќе се најде некој доволно малоумен да ги убие, како што всушност и се деси.

Нема оправдување за убиство, меѓутоа нема оправдување и за говор на омраза.
 
Како надоврзување на еден мој претходен пост кај што ги спомнав правото на достоинство, на вероисповед и на слобода на говор како права гарантирани во секој устав и во многу меѓународни акти :

Кое право е апсолутно и неограничено ?
Спомнав и таму дека постојат принципи според кои „моето право завршува каде што почнува правото на другиот“ и еден друг принцип „злоупотреба на право“.

Еве еден пример на овој вториов принцип и тоа ако не се лажам примеров е баш од Франција.
Некој човек што имал имот одма до аеродром и му сметала бучавата од авионите си изградил висока кула што попречувала нормално и безбедно одвивање на сообраќајот зошто човеков си идел по тоа „кур ми е двор ми е“. Државата (мислам) го тужи и го добива спорот. Човеков бил задолжен да го сруши делот од кулата што го попречува нормалното одвивање на авионскиот сообраќај, зошто го злоупотребил своето право на сопственост иако нели правото на сопственост е едно од основните права на човекот.

Слично и со слободата на говор. Да, ти можеш слободно да збориш, меѓутоа твоето право на слободно говорење завршува во моментот кога ти навлегуваш во правото на другиот односно го повредуваш достоинството или честа во овој случај.

Не пробувајте одма да ми ги извртите зборовиве дека го оправдувам убиството, зошто иако се злоупотребило правото на слобода на говор тоа треба и мора да се реши по судови, а не со убиство.
 
Браво, наместо по магарето удриле по самарот. Топ се, кис4е.

И веќе по не знам кој пат ќе го постирам видеово.

Па добро имаш поента, уште да имаш муда да прошеташ низ Јаја Паша со транспарент на кој е нацртан пророкот утре(Петок) за време на молитвата за да ја подржиш таа поента, кис4е.

И на тетката, од омиленото ти видео, што објаснува колку жртви кој направил, кажи и на пример, колку жртви има Америчкиот хегемонизам после втората светска војна и ќе види дека се некаде на врвот.... само Кореа и Виетнам 15 милиони.
http://www.countercurrents.org/lucas240407.htm
 
Дешавкава е амерички булшит,за да можат полесно и со поголема поддршка да нападнат во исламските држави.
Целта им е нафтата и што поблиску да дојдат до Русија(сирија)
 
Убаво шо ми го цитираше и болдот, ама требаше и да го прочиташ...
Викаш по судови да се решава за карикатурите а? па законот во франција не забранува некој да црта карикатури, нема никаков прекршок на законите, или тоа не ти текна, дека муслиманите се дојденци таму, и ги имат сите ебани перава, ако им смета списанието нека не го читат... а знаеш ли во муслиманските земји кои права ги имат немуслиманите?
 
Па и кај нас во никој закон не пишува дека не смее да се пишуваат колумни, а сепак постојат навреда и клевета. Или овие ние ги измисливме ?
Сфаќаш шо сакам да ти кажам нели ?
 
Па и кај нас во никој закон не пишува дека не смее да се пишуваат колумни, а сепак постојат навреда и клевета. Или овие ние ги измисливме ?
Сфаќаш шо сакам да ти кажам нели ?
Да постои навреда или клевета ако се однесува на жив човек со име презиме лична карта и матичен број, мухамед е лик од приказните, или и тоа не ти текна?
 
Да постои навреда или клевета ако се однесува на жив човек со име презиме лична карта и матичен број, мухамед е лик од приказните, или и тоа не ти текна?
Ок, у право си...
 
Слично и со слободата на говор. Да, ти можеш слободно да збориш, меѓутоа твоето право на слободно говорење завршува во моментот кога ти навлегуваш во правото на другиот односно го повредуваш достоинството или честа во овој случај.

ОК од утре секоја критика против Лидерот и неговите постапки ќе се смета дека го повредува достоинството на истиот и на неговите следбеници и затоа ќе се цензурира и санкционира од државата.

Примеров е само за да укаже дека тоа е многу лизгав терен. Ако тргнеш да правиш рестикции за одреден сегмент од општеството, тогаш ќе се јави незадоволство кај други. Обично правото на говорот важи за сите или за никој. Во секоја држава има различни исклучоци (на пример повикување на насилство), но и тие важат за сите, а не за одредена личност, организација, религија.
 
Последно уредено:
Мислиш на темите каде што индијците од пакистан беа форсирани да станат муслимани или убиени ? За Сомалија каде владее Анархија и се колат христијани јавно ? Или Палестина каде секој не-муслиманин е убиван и сите деца се регрутирани во војски од 10 годишна возраст ?
:facepalm:
 
ОК тогаш од утре секоја критика против Лидерот и неговите постапки ќе се смета дека го повредува достоинството на истиот и на неговите следбеници и затоа ќе се цензурира и санкционира од државата.

Примеров е само за да укаже дека тоа е многу лизгав терен. Ако тргнеш да правиш рестикции за одреден сегмент од општеството, тогаш ќе се јави незадоволство кај други. Обично правото на говорот важи за сите или за никој. Во секоја држава има различни исклучоци (на пример повикување на насилство), но и тие важат за сите, а не за одредена личност, организација, религија.
Знам дека да оцениш дали нешто е повредување на честа и достоинството во овој случај е тешко, ама не е и невозможно.
И баш напротив, ја не гледам дека ова би било селективно зошто истото вакво ограничување на слободата на говор кога повредени се муслиманите треба да и ќе се примени и во случаите кога повредени се христијаните, будистите...

Да, секој може да се жали дека на некој начин му е повредено достоинството, ама затоа тука е судот кој ќе пресуди дали тоа што се тврди е основано или не. Не можеш да кажеш дека зошто ваквото ограничување ќе стане потенцијален непресушен извор на тужби, треба да го направиме правото неограничено. Тоа ти е исто ко да кажеш дека зошто комшиите цело време си се тужат дека едниот му влегол со ограда, објект whatever во имотот на другиот, да ги забраниме ваквите тужби.
 
Па добро имаш поента, уште да имаш муда да прошеташ низ Јаја Паша со транспарент на кој е нацртан пророкот утре(Петок) за време на молитвата за да ја подржиш таа поента, кис4е.

И на тетката, од омиленото ти видео, што објаснува колку жртви кој направил, кажи и на пример, колку жртви има Америчкиот хегемонизам после втората светска војна и ќе види дека се некаде на врвот.... само Кореа и Виетнам 15 милиони.
http://www.countercurrents.org/lucas240407.htm
Под претпоставка дека очекуваш да бидам апла истепан ако го направам тоа што го пиша, значи и ти со оваа изјава се согласуваш дека муслиманите се дивјаци заради тоа што би го направиле, така?

И знам за Америка, не мора ништо да објаснуваш. Сигурен сум дека и она знае, ама друга и' беше темата.
 
Па имам искрена желба за комуникација, ама ти упорно ја игнорираш поентата. Затоа се послужив со аналогија. Без разлика колку убедлива е рекламата за храната поради која си се здебелил, виновник за твојата дебелина ќе бидеш ти! Не рекламата, не лажицата од која јадеш, туку ти.
Имаш ставови тука на форумов, од муслимани....ставови според кој убивањето на овие 12 луѓе е праведен чин со кој се бранела честа....! Реган или Франсоис Холанд им ги всадија ваквите ставови?

Требаше да ги оставиш настрана шемите кои ги користите во форумот Религии и воедно агендите кои ги пренесовте на темава.

Не е Америка виновна за постоењето на исламскиот фундаментализам, туку за неговото активно воено поддржување, глобализирање и злоупотребување за остварување геополитички цели.

Доколку не се впуштеа во авантурата со Саудиска Арабија и извозот на нивниот вахабизам, туку реагираа навремено за искоренување на зачетоците, наместо да бидат нивни сојузници, досега ништо од ова немаше да се случи.

По аналогија, кога ќе отидеш кај доктор во Америка, поради нивната образовна политика, многу веројатно да ти препише лоша диета од која уште повеќе ќе се здебелиш.[DOUBLEPOST=1420763623][/DOUBLEPOST]Хатаб1 и Рон Бургунди се банирани. Одите по тенка линија дами и господа.
 
Требаше да ги оставиш настрана шемите кои ги користите во форумот Религии и воедно агендите кои ги пренесовте на темава.

Не е Америка виновна за постоењето на исламскиот фундаментализам, туку за неговото активно воено поддржување, глобализирање и злоупотребување за остварување геополитички цели.

Доколку не се впуштеа во авантурата со Саудиска Арабија и извозот на нивниот вахабизам, туку реагираа навремено за искоренување на зачетоците, наместо да бидат нивни сојузници, досега ништо од ова немаше да се случи.

По аналогија, кога ќе отидеш кај доктор во Америка, поради нивната образовна политика, многу веројатно да ти препише лоша диета од која уште повеќе ќе се здебелиш.
Ахам, и Гоце Делчев да се скриеше во шталата кај Ставре место кај Трпе ке имавме независност пред 100 години.
Тоа што Американците некогаш од корист го користеле Исламот не е изговор дека е насилна и дивјачка религија.Што е следно ? Бранко и Американците ко пишувале Куранот ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom