Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
188
For every one legally procured firearm in France, there are nearly two illegal ones, some of which can be purchased online. There are between 10 million and 20 million illegal guns in a nation of 65 million.
In October of this year, 48 people were arrested after raids in France found hundreds of illegal arms stashed away. The seized caches included machine guns, assault rifles, and automatic pistols.
http://www.csmonitor.com/World/Europe/2015/0107/Paris-Hebdo-attack-France-awash-with-black-market-weaponry-video
ЗОТЕ одмори малце
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
На жал реалниот свет кој очигледно ти не го познаваш е таков, денес човечкиот живот вреди 50 евра. Упорно потенцираш 12 невини, ко ја дома да славам и пијам шампањ за нечија смрт, а кога потенцирам ја птоенцирам државата а не имиња и презимиња на убиените. Имаше и 12 исчезнати дали ти мислиш дека 12 луѓе може да исчезнат за време на воен конфликт а за тоа да знае само поединец? Твојата пропаганда се базира на една фраза а дека тоа е само поединец не се сите исти а од 2001 до сега имало 10000 инциденти само во македонија каже жртви се христијани ? Тоа не е ниту поединец ниту група туку нас ни дава слика дека станува збор за организиран начин на делување на албанците, со позадинска подршка од држави како Франција. Мислам ок ќе ти поверував да беше еден инцидент поединец и слично но има секојдневнипримери дека не е тоа така. Незнам за тебе но јас кога возам низ западна македонија не можам со сигурност да потврдам дека се возам низ македонска територија. Да не се сите исти, има едуцирани кои се 1% другите се загубени генерации обучени за омраза и војување.
Џабе ќе се трудам да ти објаснувам кога не сме на ист степен на цивилизациски развој...
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.814
Поени од реакции
24.125
Како бе нема правила во војна? Меѓународно хуманитарно право? Женевски конвенции?

Иначе (ова не е кон тебе),...како може некој да каже си заслужиле бе. Имате ли грам мозок во тоа главите?
Кои црни женевски ковенции бе !?!? дај кажи на Балканов од 1990 па наваму каде немало,силување,геноцид, депортација !?!??!
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.573
Поени од реакции
20.843
Џабе ќе се трудам да ти објаснувам кога не сме на ист степен на цивилизациски развој...
така е , твојот цивилизациски развој е во некој паралелен свет пошто се е розово се е поединец и не се сите исти врз база на аргументи прочитани од фејсбук. Твоите муабети се баш онака хардкор муабети ништо повеќе.
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.483
Поени од реакции
58.760
Време е да се напушти темава оти пука глава, паѓаат уши...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.954
Поени од реакции
11.580
Кои црни женевски ковенции бе !?!? дај кажи на Балканов од 1990 па наваму каде немало,силување,геноцид, депортација !?!??!
Кој ги прекршил, треба да биде казнет...ама како да бидат прво казнети САД за нивно прекршување...ај, друга тема е, оф-топик сме. :D
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.050
Поени од реакции
8.627
Сеа разгледав детално што се случувало..
И читам по порталиве: Ги фатиле терористите, едниот ја заборавил личната карта во колата.
Прашање до вас: дали би ја земале личната карта со себе кога би ограбувале продавница? а камо ли ваков напад. :)
Ако можеа кулите близначки со тони челик да се срамнат со земја од удар на авион, може и терорист да заборави лична карта во кола, нот биг дил :)
Веројатно по неколку дена ќе тврдиш и дека она што си го напишал во следниот цитат, кадешто отворено се радуваш на убиство на луѓе кои не ги делат твоите светогледи, не си го напишал ти, туку налогот на Кајгана ти го хакирале агентите на Мосад и сакале тебе, мирољубивиот и примерен муслиман, да те искомпромитираат? Така ли е?

На моб сум и не можам детално да разгледам што се случило,однапред жалам ако имало невини жртви.
но ако се убиени само карикатуристите кои објавуваа карикатури со ликот на Мухаммед, с.а.в.с, да ти кажам најискрено срцето ми е како куќа големо и смирено, полно со радост и задоволство.
Толку.
:)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.932
Ај дека у живо да го правите муабетов за АлаСнакбар-сиве неможете да се степате :D
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.814
Поени од реакции
24.125
Какви и да се по многу прашања, партии и движења како Ле Пен, ПЕГИДА и сл, се единствената надеж во моментов за Европа, и конечно освестување на европејците дека континетот им е во опасност од пропаст, најголема после битката кај Поатје кога Карло Мартел ја спаси Европа од муслиманската наезда.

.
А 1683 ја заборави кога Виена ке паднела за малце ако не дошле Пољаците !??!
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Прво информацијата дека личната карта му паднала во канцелариите не е точнa, како што разбрав личната карта е најдена во еден од автомобилите со кои бегале (тоа се моменти на паника така да голема е веројатноста да заборавиш нешто) ете дури и при нападот кој се гледа кога бегаат едниот од напаѓачите крева нешто до колата што им паднало. Личи на несесер/торба такво нешто.



Аркан го држеше власта, ама он не ни беше класичен криминалец зошто во добар дел од својата „кариера“ и официјално работеше во корист на државата поточно во војната.

Инаку гледам погоре си пишал и дека агенти ги прателе, забораваш едно нешто дека агентите се луѓе и може да направат грешка. Сигурно осомничениве не ги пратат 24/7 плус тие потенцијални терористи не се сите глупи па да не знаат дека ги пратат, ете незнам сега кај прочитав ама пишуваше дека Француските власти веќе во изминатите 2 месеци спречиле два терористички напади со предходни сознанија за можни напади.. ама 100% заштита од вакви работи нема, секогаш постои можност за нешто да се пропушти. Не сум нешто љубител на теориите на заговор ама она кај Американците на пример е многу покомплицирано да се изведе во споредба со ова, така да аналогно со тоа и се зголемуваат шансите дека навистина било местенка од страна на владата.

Добро, ти си имаш свое мислење кое е слично на Пивоваров, јас си имам мое мислење каде не може ни птица да прелета без да знаат тајните служби а камоли два калшњикова. И затоа различни мислења е добро, не мора да се сложиме тоа е еден вид демократија.
 
Член од
15 септември 2014
Мислења
232
Поени од реакции
129
Исламот е крив и никој друг.остајте го тоа Не се сите исти,оти таа девиза ја уништува Европа од ден на ден. Бегате од темата тука муслимани убија заради слободата на говорот и готово. А треба да го почитуваш законот на домаќинот ако не ти чини оди си. Муслиманите ги уживаат сите права и повеќе од тоа во франција но тиа никогаш нема да размислуваат како французи не се асимилираат никако,остануваат исти. Ги сакаат само законите кои ги штитат...а кога вака ќе им засмета нешто убиваат.тоа е таа културолошка разлика меѓу цивилизациите-христијани-муслимани,разликата е огромна.само не сакаме да и погледаме во очи. Исламот е во експанзија додека ние полемизираме и тоа баш со недемократски средства! додека ние бираме зборови за да не се навределе! ги злоупотребуваат законите кои ги штитат и така со години.Стоп на исламизацијата на Европа! тоа се два различни светови. Не мошајте,Нато вака,Нато -онака....тоа е друга тема.Тука станува збор за мешање на закон -грагјански и муслимански!
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.467
Поени од реакции
47.376
Интересно ми е како фино си ја испинуваа медиумиве работава и ја направија дека ова е само напад врз слободата на говор и изразување, а никако не е напад врз Франција , нејзиниот народ и целиот нивни вредносен систем, сосе тие слобода на говор и изразување. Не го даваат мултикултурализмот па и у гз да ги ебе човек. Стварно нема жива сила што ќе натера ситна душа да признае грешка, шанси нема они да се откажат од нешто на кое кариери изградиле..
Додека си го замајуваат и си го лажат народот, овие проблеми нема да им се решат и како проаѓа време се повеќе ќе сфаќаат дека хаштагови не средуваат сериозни ситуации.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Може некако да се вратиме на темава? Зошто во спротивно ќе ме приморате да реагирам.

Во тек е операција и треба да се прочешлаат околу 13,000 хектари шума каде најверојатно се кријат барабиве. Воени хеликоптери кружат над обрачот и мислам дека нема шанси да не ги фатат со употреба на night vision и infrared скенерите. А специјалците со кучиња, дрво по дрво.
Голема површина е и плус овие после грабежот во бензиската сигурно имаат доволно храна и вода за 2-3 дена да си игрет криш миш. Ќе видиме..
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
„Во епохата на либералниот капитализам во која што живееме, денес виреат две екстремни движења: милитантниот атеизам и религискиот фундаментализам. И двете се подеднакво опасни. Прашање на време е само кога овие две идејни радикални движења ќе се судрат и ќе направат пустош во новата пост-модерна цивилизација. Не смееме да го дозволиме тоа...“ Г. Климент, епископ Хераклејски
Оваа изјава на Г. Климент најдобро ја опиша ситуацијата во која се најде европското општество по вчерашниот терористички напад.

Настрана атеистите, не знам како некој себеси се смета за верник (православен) од членовите на форумот, a не може да ја согледа вината и кај уредниците и авторите на француското списание. Каков е вашиот став на нивното исмејување на Светото Тројство?



Едноставно за се мора да има граница...

Познавајќи го начинот на кој дејствуваат исламските фундаменталисти, се очекуваше ваквиот напад. А новинарите и те како сами си го бараа, а еве и зошто... Недоразбирањата помеѓу Шарли Хебдо и муслиманите најпрво пробаа да се решат преку судовите, но европските корумпирани судови потпирајќи се на индивидуалните човекови слободи (под кои ги легализираат педерастија и педофилијата во нивните земји) и слободата на говор досудија во корист на Шарли Хебдо. Тогаш на сцена настапија оние порадикални исламисти кои не ги признаваат судовите и моменталниот светски поредок. Тие фрлија неколку бомби во просториите на редакцијата на Шарли Хебдо во Париз. И покрај овие закани, тие повторно продолжија да го исмеваат и омаловажуваат на низок начин Исламот (а уште повеќе и Христијанството). Доколку имаат нешто против религиите тоа нека го направат на посериозен и поаргументиран начин, а не преку омаловажување и исмејување на нешто што некој го смета за свето. Кога мислам на нешто свето, не мислам на цртежите со кои се исмејуваат попови, имами или папи...

На темата и општо на форумот прочитав многу мислења, за тоа што е Ислам (радикален или умерен) и тоа се од рекла казала приказни и неаргументирано. Па дури, како се што правеле радикалните муслимани било со директиви или наредби од светските центри на моќ... некои овде на форумот се заслепени и мислат дека се на земјата 24/7 се контролира од одредени центри на моќ :confused: па секоја „реприза“ на 9/11 за некои фаци овде на форумот е осмислена во некои тајни и мрачни лабаратории на ЦИА.

Кога веќе толку ве мачи прашањето, што е тоа Исламски радикализам погледнето го предавањето на свеш. Даниил Сисоев, кој аргументирано го разобличувал исламскиот фундаментализам, а не преку омаловажувачки цртежи... Поради неговите предавања тој бил и убиен од истите оние кои го извршија вчерашниот масакр.


Толку од мене, и да знаете дека не ви реплицирам доколку незаклучам дека сте го изгледале видеото. Поздрав!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom