Уапсен е актерот Кили

Член од
17 јануари 2009
Мислења
686
Поени од реакции
662
Наркоманиште тешко и не зборам за трава, туку за се други глупости со кои се труеше и се труе со децении и за наркоманите секогач некој друг е крив за нивната состојба.
Ама од друга страна е и среќко што женаму не го окапа ко што му напрае сопругата на Џамбазов. А за тоа пишанието негово со тоа „Вашата земја“ и тоа дека никоаш не ја учел ќерка му да ја сака Македонија може само да си го лапа.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.371
Поени од реакции
25.122
Кили напишал потресно писмо од туѓина.
Туѓината да ти била Еквадор еј ... потресно писмо :pos:
 
Т

Триптико

Гостин
Не дај госпо да ти затреба... тогаш убо би научил дали лекува или не лекува...

Кили има само специфичен начин на искажување на нештава и е гневен на прости луѓе што кажуваат што и да му текне од ракав вака како тебе...

Конопот не е ДРОГА (доколку користел хемиски супстанци да тука не коментирам) милиони години го салделе одгледувале и користеле во секакви цели после дошле паметњаковци и му го испрале мозокот на луѓе ко тебе и дале страшно име (Марихуана) кое се користи во последниве децении и го забраниле конопот затоа што фарацијата нема чар од тебе бе другар ако те излечи во 1 месец од нешто шо можиш да умриш...
Немам јас против користењето, имам против муабети дека лекува нешто. Дај клинички студии, па да видиш дали лекува или не. Имав јас доволно типови рак околу мене во мојот живот. Верувај, подобро од многу што студирале знам.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Ама може ако Кили го добил истото внимание и шанса како Игор може и он сега ќе прераснеше во светец, обожуван од широките маси. Ама пак ќе кажам разликата е што едниов доаѓа од познато семејство и што имал дедо како Петре Прличко и некако како да мораме да го сакаме него, и што и да направи он секогаш ќе се оправдува тоа и ќе го препишуваме на лошото општество кое е вакво какво што е поради нели луѓе како Кили...
Кога Џамбазов раскажува за неговите грешки во животот, слушаш коментари од типот „кој ѕвер е овој“, „види го мангуп, шо се праел“, „еднаш се раѓа човек како Игор“...
Човеков дури и си напиша книга за сите глупости што ги правел и се е тоа супер прифатено од народот, како нешто најнормално да е. Башка зошто е внук на Петре Прличко денес него го зборат како боем, а не како пијаница...
Од друга страна слушаш ете коментари како пропалица, битанга, наркоман за Кили.
Дали Игор стварно не пие веќе и дали Кили и покрај се продолжил да се дрогира, ќе знаеш ако си стварно близок пријател, а тие рекла-казала муабети се смешни.
За мене Кили е подобар филмски актер од Игор, ама тоа никој не го кажува или ретки се тие што го зборат тоа.
Да, Кили се обраќа на сељачки начин, со многу србизми и пцовки, ама во никој случај не се плаши да каже тоа што сака отворено и јавно, и затоа го почитувам.

За тоа колку е голема разликата што ја правиме меѓу Кили и Игор најдобар показател е гостувањето на Кили во Алфа пред некој месец, кај што водителот пробуваше да го исмее Кили, да го направи да се осеќа како гомно, како нешто безвредно, како нешто што е терет на останатите. Да беше Игор гостин друг однос ќе имаше водителот, ќе му се восхитуваше на Игор, очите ќе му беа полни со солзи радосници што ја има таа привилегија да биде во друштво на Игор, ќе му ги бацуваше нозете...
Срамота е што едниот го величиме, а другиот го понижуваме и го плукаме, а во суштина двајцата се исти.
Епа таа случка што Игор го величат, а Кили уште го ругаат, ја прави таа минимална разлика што ти ја кажав...
Игор се каеше, и јавно го изрази тоа и од срце.
Игор напиша и книга која ќе служи како поука за останатите. Тој го раскажа својот приватен живот на целата јавност за да им помогне на останатите кои се на раб да ја направат неговата грешка. Доколку си ја читал „Гол Човек“ од Џамбазов, преку неговата автобиографија ќе увидиш колку е добра пораката на неговата книга и колку може да помогне на секој човек кој се наоѓа во тешка ситуација.
Воедно, со неговите гестови, изразувања и искази ти влева доверба и согледуваш дека има уште човечност и интелигенција во него.
Секако, тоа не го прави подобар човек, ама во никој случај нема да помислиш дека веќе не вреди ништо и дека не заслужува да живее.

Додека од друга страна, Кили не се кае и се сели во Еквадор каде што на раат ќе ја проучува марихуаната, нејзините својства и „лековитоста“, а воедно и ќе ја лаже јавноста дека тоа го прави затоа што бил болен.
Згора на тоа употребува фрази од тип „Немој да ме је*еш бре“, „Да ти го за**кам у уста“ итн.
Сфаќам, тоа е жаргон, водителката може не ни прочита прашање на место, ама тоа е простачки начин на изразување во јавност.
Која е поуката и покајанието тука? Каде е интелигенцијата? Каде се довербата и паметот? Каде е човечноста? :)
Тоа е тоа.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.970
Поени од реакции
12.506
:pos::pos::pos:

:facepalm: :yid:

Дај вие паметните шо знајте све, да не просветлите нас неписмените! Одма , ви се молам... Сакаме да научиме и ние, греота сме. :bravobe:
Нормално дека ќе се буниме, за еден џок не тресат, апсат, не сметаат како најголеми криминалци.
Но то е веќе друга тема.... Легализирање? На овие простори? Можда за 2000-3000 години.
Смешки сме. Цел народ и нашиот менталитет, се е то смешно.
Многу сме заостанати, жал ми е.

На темава : Кили е легенда. Толку :zver:
Шо да те просветлам? Тебе ти се дува, него му се дува, сеа нешо ќе бараме легализација демек во научни, здравствени цели?
Ај да легализираме и геј бракови кога сте толку либерални? М?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Шо да те просветлам? Тебе ти се дува, него му се дува, сеа нешо ќе бараме легализација демек во научни, здравствени цели?
Ај да легализираме и геј бракови кога сте толку либерални? М?
А зошто да не ги легализираме геј браковите, кога веќе ја почнуваш и таа тема ? :D
Зошто одма ако го поддржуваш легализирањето на марихуана за медицински цели, значи дека тоа го сакаш за да можеш легално да дуваш ?
Тешки нека се легализира марихуаната и тешки нека можат сите (болни) да имаат корист од тоа, па еве ја нема ни цигара да запалам, а за џоинт па муабет да не праиме.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.970
Поени од реакции
12.506
А зошто да не ги легализираме геј браковите, кога веќе ја почнуваш и таа тема ? :D
Зошто одма ако го поддржуваш легализирањето на марихуана за медицински цели, значи дека тоа го сакаш за да можеш легално да дуваш ?
Тешки нека се легализира марихуаната и тешки нека можат сите (болни) да имаат корист од тоа, па еве ја нема ни цигара да запалам, а за џоинт па муабет да не праиме.
Јас неам нишо против легализација на геј бракови. Мене ме нервира кога се силат за нешо, а појма немаат. Конкретно тој си кажа во постот дека го нервира кога го бркаат цајкани за еден ЏОК. Јас сакам да ми даде аргументи зошо би се легализирало, ако навистина има толку бенефит. Ама излеа него му се дува од кејф, се најде во муабет овде и сеа да не сме без ич....
 

»gêlê«

Delete!
Член од
17 декември 2010
Мислења
254
Поени од реакции
77
Немам јас против користењето, имам против муабети дека лекува нешто. Дај клинички студии, па да видиш дали лекува или не. Имав јас доволно типови рак околу мене во мојот живот. Верувај, подобро од многу што студирале знам.
http://www.cannabis-med.org/studies/study.php

Не знам дали имаше можност да го следиш семинарот од Rick Simpson во скопје многу че ти беше појасно, Кили таму беше...;)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Овој е бараба, битанга, наркоман, сељак и ги умрел неговите од секирации, ама Игор Џамбазов е шоумен, ѕвер, пејач, актер, водител, сите му идат на концерти зошто низ животот се некои семејни и морални вредности промовирал и кај и да е за некоја година и светец ќе го направиме.
Не ме интересираат ни па ќе си ја мавам главата од ѕид ни за едниот ни за другиот, ама кога имаме двајца што правеле грешки во животот, ама зошто едниов доаѓа од познато семејство и дедо му е Петре Прличко и затоа го ставаме како репер на општеството, а другиов го оценуваме како колатерална штета тешко ни на нас. Или и двајцата ќе ги сакаме и обожуваме или и двајцата ќе ги сметаме за ѓубриња.
И Кили е од познато семејство, затоа е таков куртон. Да беа мајка му и татко му работници во железара, ќе беше поинаков. Колку што знам, мајка му работела во МНТ, татко му бил хирург во Воена болница.

Игор и Кили се неспоредливи. Игор таков каков што е, си е шоумен, водеше бинго и му нема рамен.
Кили е истата џукела, без разлика колку шанси му се дадени.
Мене не ме занима неговиот лајфстајл - што сака нека прави.
Но тој смета дека Македонија му ДОЛЖИ нешто оти бил уметник. Неговата „уметност“ за мене е спорна. И кога и да излезе во јавност, се’ е некоја куростресина, ништо саглам нема кажано.
БТЊ, јас сум за легализација не само на марихуаната, туку на сите дроги.
 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Јас неам нишо против легализација на геј бракови. Мене ме нервира кога се силат за нешо, а појма немаат. Конкретно тој си кажа во постот дека го нервира кога го бркаат цајкани за еден ЏОК. Јас сакам да ми даде аргументи зошо би се легализирало, ако навистина има толку бенефит. Ама излеа него му се дува од кејф, се најде во муабет овде и сеа да не сме без ич....
То го посочив само како пример шо ме нервират. Инаку дали била легална или не, пак ќе се пашкат. Само ете, не си слободен и ќе се кријаш ко глушец за да запалиш еден џок. Цел живот е така,многу е глупо ова ама ајде веќе сме навикнати.
А ти од кај се најде во муабет? Покажи де да видиме колку си стручна по ова тема, еве јас не знам ништо околу то па дојдов малку да научам, сепак темава забега кон таква дискусија.
Прочитај си по нетов имат доволно информации за медицински цели и секако сум ЗА ако болните би имале корист од то.
За РАК дека целосно го лечит, уште немат никакви докази. До сега е "докажано" дека го намалува дејството и успорува.
Сепак требит да и се дајт шанса на оваа света билка ама тешка е битната со фармацевската мафија.
Кажав и погоре, на нашиве простори , Балкан, за едно 1000 години во најмала рака ќе имат некој напредок на ова поле.
Не се разбравме, не форсирам јас Амстердам style, coffee shops. Пашкање и употреба како лек сепак не е исто.

Игор и Кили = ист производ , различно паковање.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И Кили е од познато семејство, затоа е таков куртон. Да беа мајка му и татко му работници во железара, ќе беше поинаков. Колку што знам, мајка му работела во МНТ, татко му бил хирург во Воена болница.

Игор и Кили се неспоредливи. Игор таков каков што е, си е шоумен, водеше бинго и му нема рамен.
Кили е истата џукела, без разлика колку шанси му се дадени.
Мене не ме занима неговиот лајфстајл - што сака нека прави.
Но тој смета дека Македонија му ДОЛЖИ нешто оти бил уметник. Неговата „уметност“ за мене е спорна. И кога и да излезе во јавност, се’ е некоја куростресина, ништо саглам нема кажано.
БТЊ, јас сум за легализација не само на марихуаната, туку на сите дроги.
Не го знам семејното стебло на Кили, ама сигурно неговото семејство не е толку познато колку на Игор. Да кажеш само дека дедо ти бил Петре Прличко е доволно.
Колку и какви шанси му се дадени на Кили ?
Колку шо сфатив од неговото писмо он повеќе се осврнува на тоа што сега бил отпуштен од МНТ, а муабетот околу забраната на марихуаната повеќе му беше во смисла дека државата него му должи како човек, а не како уметник.
За во театар кој и каков бил не знам, ама за филмски глумец Кили е според мене две класи подобар од Игор. Реков дека Кили се изразува сељачки и простачки, со многу србизми и пцовки, тоа не е спорно дека е така, ама ич не се плаши да каже што сака што е за почит.
Овој бил наркоман и ги умрел неговите од секирации, ама Игор излегол да пазари за Нова Година и се вратил дома на 7ми и тоа е супер...
Лицемерно е едниов да го цениш, а другиов да го плукаш кога и двајцата се исти.
Мене не ми смета од утре сите да викаме дека Кили е ѓубре, ама да викаме и за Игор така.

Реков, најубав пример за нашево лицемерие е гостувањето на Кили пред некој месец во Алфа. Лицемерие на нивоу...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
За да не иди до вакви ситуации, треба да се донесе закон за заштита на познати ликови од Македонија.
Една листа на познати пејачи, глумци, спортисти, тв водители, стилисти... на кои ќе им биде дозволено користење на наркотици во медицински сврхи и кои не смеат да бидат отпуштани од работа по никаков основ.
На таквите и да им се даде и посебна легитимација со впечатливи бои да се види одалеку и кога милиционеро ќе го застене оти свиткал џоинт или посадил тревка во дворо пред куќа, ово јда му каже “одјеби брат јас сам легенда на македонската уметност“
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Моментот во целата ситуација е што Кили одгледувал дома трева...Нека не продава басни за мали деца дека тоа го правел од причина што не можел финансиски да издржи за да купува преработено масло од надвор за да се лекува и морал да го прави сам.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.059
Поени од реакции
80.946
Моментот во целата ситуација е што Кили одгледувал дома трева...Нека не продава басни за мали деца дека тоа го правел од причина што не можел финансиски да издржи за да купува преработено масло од надвор за да се лекува и морал да го прави сам.
Не верувам дека некој поверува на тоа дека ја одгледувал исклучиво за масло.
И да не беше он, да беше некој рандом човек, ќе лежеше уште многу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom