Ама може ако Кили го добил истото внимание и шанса како Игор може и он сега ќе прераснеше во светец, обожуван од широките маси. Ама пак ќе кажам разликата е што едниов доаѓа од познато семејство и што имал дедо како Петре Прличко и некако како да мораме да го сакаме него, и што и да направи он секогаш ќе се оправдува тоа и ќе го препишуваме на лошото општество кое е вакво какво што е поради нели луѓе како Кили...
Кога Џамбазов раскажува за неговите грешки во животот, слушаш коментари од типот „кој ѕвер е овој“, „види го мангуп, шо се праел“, „еднаш се раѓа човек како Игор“...
Човеков дури и си напиша книга за сите глупости што ги правел и се е тоа супер прифатено од народот, како нешто најнормално да е. Башка зошто е внук на Петре Прличко денес него го зборат како боем, а не како пијаница...
Од друга страна слушаш ете коментари како пропалица, битанга, наркоман за Кили.
Дали Игор стварно не пие веќе и дали Кили и покрај се продолжил да се дрогира, ќе знаеш ако си стварно близок пријател, а тие рекла-казала муабети се смешни.
За мене Кили е подобар филмски актер од Игор, ама тоа никој не го кажува или ретки се тие што го зборат тоа.
Да, Кили се обраќа на сељачки начин, со многу србизми и пцовки, ама во никој случај не се плаши да каже тоа што сака отворено и јавно, и затоа го почитувам.
За тоа колку е голема разликата што ја правиме меѓу Кили и Игор најдобар показател е гостувањето на Кили во Алфа пред некој месец, кај што водителот пробуваше да го исмее Кили, да го направи да се осеќа како гомно, како нешто безвредно, како нешто што е терет на останатите. Да беше Игор гостин друг однос ќе имаше водителот, ќе му се восхитуваше на Игор, очите ќе му беа полни со солзи радосници што ја има таа привилегија да биде во друштво на Игор, ќе му ги бацуваше нозете...
Срамота е што едниот го величиме, а другиот го понижуваме и го плукаме, а во суштина двајцата се исти.