@Толстој
Бомбастичен Дрогираш, или Дрогастичен Бомбаш, како и да е, е едно фино дете( нема лутиш за терминов дете, затоа што разликата во години ја доживувам така некако, и намерно ќе го користам терминов понатаму) кое се разликува од останатите деца по многу работи.
Живееме во време каде ни се развива килава младина без никаков интерес за спознавање на опкружувањето, било директно, било преку филмови, музика, култура, уметност, па и дискусија низ форумов. Карактеристично за ова дете е тоа што и покрај своите години кои нема да ги откривам, искажува интерес да оди понапред од своите друцови. Го нашол форумов како фино место каде може да се наградува читајќи ги другите како размислуваат, и истото се обидува на некој начин да се пронајде низ муабетите и да доизгради ставови. Ваквиот интерес е ито како за поздрав, затоа што интернетот не го користи како својата генерација само за порки и игри, туку и за некои други цели. Е сега малку хејт
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
не е хејт се дупам бе, само онака посурова реалност. Некогаш знае да го оптерети мозокот со работа која не му кореспондира на возраста. Еве конкретно да речеме ја земам за пример Одисејата на Кјубрик, или Матриксот, или рандом филм на Бела Тар ќе земам. Сметам дека дел од таквите филмови треба да се гледаат на одредена возраст кога ќе имаме опипано повеќе од тие битните информации кои ја доловуваат суштината на филмот, па од тука, мислам дека и по малку е исфорсирано ваквото гледање, значи не велам непотребно, туку би го оставил јас за по некоја година, пошто дел од филмката уметност, башка визуелно уживање, бара инекои преднзаења кои ни ги дава животот ако се потрудиме да ни ги даде. НО пак ќе го спомнам ИНтЕРЕСОТ на Бомбастичен е за поздрав и му помага секако да се доизградува како личност, интелектуално пред се.
Тоа што сакав да кажам е дека треба да ги уживаш повеќе тие години, без да брзаш да пораснеш, затоа што скоро секој од нас брзал да потпорасни, за на крај да сфати кога ќе поминат тие години дека ја изгубил магијата од времето наназад и дека сака да се врати барем за миг. Староста ќе си дојде кога тогаш, не ја брзај.
Плус, не го ставај на мерило своето КУЛ со она на возрасните. Биди свој, не гледај да се прилагодуваш на другите само за да оставиш фасцинација во нивните очи. Ако не ти се допаднало нешто, исфрли му мрсул, не се срами, и покрај тоа што овие поискусните на истото свршувале. Имај го својот став и не го прилагодувај на ставот од другите.Биди свој! Намерно го потенцирам ова, затоа што во спротивно ќе се претвориш во некоја бледа копија на некој веќе постоечки лик, кој си го перцепирал како интересен, мангуп, курназ, атрактивен. Извлечи ја од себе својата атрактивност со природно однесување.
Сега би се надоврзал за музиката. Сметам дека и оваа област, сум на сличен став како и оној кај филмовите. Ние знаеме да потплукниме за турбофолк, или за некоја музика од Балканов, за која сметаме дека буди ниски страсти и е затупувачка, НО не се обидувај да го прифатиш ваквиот чекор од постарите. И во овој дел сметам дека се трудиш и шириш хоризонти, но на моменти сум увидел дека оној основниот правец, онаа база, музичка основа, не ти е рок музиката, туку нешто друго
Па сакам да упатам дека и тука треба да бидиш свој. Во стилот шири ти хоризонти, попримај од членовите, учи критички, но не се обидувај да ги фасцинираш со тоа што ќе ги прифаќаш апла нивните предлози. Речи им комотно-Ебете се со извининие дека сте постари, ама јас ќе си слушам Амадеус бенд оти ми чинат и ги сакам. Значи пак викам, биди природен, не гледај да се прилагодуваш на другите.
Што се однесува до љубовта, гледам дека нешто те измачува
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Не ја сфаќај толку сериозно, пак ќе напоменам дека возраста ти е да не се оптеретуваш со некои круцијални прашања од егзистенцијален карактер кои знаат камен да изместат. Заебавај се, кулиркај, ќе дојде и тоа време. Сеуште си мал за да бараш музика за она кога ќе си заљубен, а тажен, веројатно ќе ти текни на муабетов
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
. Љубовта е нешто далеку подлабинско од симпатиите кон некое чупенце. И не една симпатија, 100 ќе имаш, за на крај да завршиш веројатно со некоја која во моментов ни ти е зната па ни позната
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Што значи ослободи се и од овие стеги.
Што се однесува до некои други особини, сметам дека дозволуваш човек многу лесно да те повреди, или поконкретно, голем дел од цитатите со спротивна содржина од твојата ги сфаќаш пресериозно, како атак директно на тебе и твојата личност. Па на таа карта ти поентира и Ред Џон во филм
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Што значи, не ги сфаќај пресериозно тие работи, цитатот е несогласување со ставот, па од тука одиме кон некој дијалог за да расчистиме каде се несогласувањата на културен начин. Некош цитатот е и провокација на која знаеш лесно да потпадниш, но пробај да ја исконтролираш работата, да воспоставиш контрола над неа а не таа над тебе. Не дозволувај така лесно да ти се задира во егото, и не го кревај истото превисоко. Чувај го онака приземно, зато шо приземноста е слатка и убава, а во последно се поретка и поретка, пошто експерт во се и сешто имаш на секој мочан агол.
Сума сумарум, ти си еден од дечаците, еден од оние ретките кои сум ги сретнал во животот, а се обидуваат да одат понапред од генерацијата, да се разиваат повеќе и да опипаат повеќе, еден од оние кои сакаат да напредуваат со себе. Тоа ептен го почитувам и поздравувам. Исто така за поздрав е и твојата детска наивност, не во буквална смисла демек те користи некој, туку во смисла на нејзино поврзување со искреноста и она природното ти. Батали ги маските на возрасен и сериозен, биди тоа што годините ти налагаат да бидеш, само како што напоменав понапред во оние работи во кои може да се оди понапред од другите. Не создавај идоли, не увеличувај авторитети, почитувај ги, ама нека не ти бидат нешто врвно кон кое се стремиш да ги достигниш. Биди свој, оригинален, природен. На прав пат си да ги разиеш своите капацитети и ќе успееш во истото. На своја возраст кога ќе дојде времето каде најдобро ќе се мерат истите, ќе отскокнуваш според мене од останатите. Но дотогаш кулирај и не го брзај времето
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)