Ехе, полека. Прашањето за плебисцитот е малку подлабоко, во овие услови и опасно.
А автономијата(внатрешното одредување правила за евалуација, на пример) е уставна категорија. Државата може да ги подебнува со пари и со посебни закони у кои им вика дека мора да се дисперзираат во село Тртево. Ова сега е одземање на таа внатрешна автономија, која е уставна категорија.
Другото не ви го цитирам, Височество, затоа шо власта има априори обврска финансиски да ги одржува институциите, јавните претпријатија, универзитетите итакодаље. Меѓу другото, затоа и постои.