Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Нема да биде, така, има нешто за кое се креваше огромна галама, за на крај да не биде прифатено, не викам дека ќе им се допаѓа на сите, но ќе го прифатиме сите, како и Ск2014, како закон за пушење, како и сообраќајните казни, како и екстерно, како еден куп други непопуларни работи кои се донесоа.

Најкратко, ќе си легниме на брашното сите.:toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.627
Поени од реакции
70.340
Е заради ова е премиер и сите можат само да му се пулат како телиња. Не викам дека правилно постапи, ама па никој неможе да ме убеди и дека СДСМ не ги искористи студентиве како најобични партиски војници за да си крене рејтинг со помош на нивни платеници помеѓу професорите. Грујо има мадиња од слон и знаење да секоја ситуација (и кога не е во право како сега, со насила истуркан закон, кој патем да бев сеуште студент би го подрдржал од една единствена причина што секој трет во државава е доктор на науки. Може не е најдоброто решение, ама е некакво) да ја добие во своја корист. За ваков потег заслужува респект, па кој сака и како сака нека го нарече потегот, во еден збор BALLS
Кај ќе беше државава ако исто волку муда имаше кога протестираа за случајот Монструм и си играа курташак со полицијата сред Центар на Скопје. Замислувам тогаш како доаѓа меѓу толпата и им вика, сакате ФАЈТ? Каде? Сакате тука или пред собрание да ве чекам?
Исто кога ја урнаа црквата на Кале имаше бајаги муда, излезе на Кале сам и ги спречи да ја урнат, па дури и го спречи безвластието кое следеше после тоа, и самиот ги зема лисиците од рацете на Бучи и му ги врати на раце на Буњаку.
Исто кога нелегално се сменија имињата на школите во Чаир, имаше многу муда да излезе и лично да ги откорне таблите со нови имиња и да ги врати старите табли.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Муда има за нас, македончињата, не мора да бидеш којзнае каков човек за нас да не управуваш.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.841
Поени од реакции
10.209
Секаде опозицијата користи момент да се докаже на вакви протести, тоа е сосем нормално во демократска држава.
Опозицијата требаше да е најгласна за овие работи, ама зафатени се со бомби, не можат да се замараат со вакви битни прашања....( индивидуалци од опозиција не се важат, зборам за структура) На структурирана опозиција (политичка партија вклучена во процес на донесување на одлуки) местото на борба и е во парламент и нивното отсуство не може никако да се оправда и точка, колку сакаат нека се жалат.
Опозиција е коректив на власта. Вон институциите, целокупната јавност (треба да) е опозиција! Сите граѓани треба да дебатираат и дискутираат за тоа што не им се допаѓа! Тоа е опозиција. СДСМ треба да се опозиција во Парламент и таму да си ја вршат работата, а останатата јавност да си ја врши работата надвор од институциите. И да врши јавен притисок. И доста више со Сорос. Не значи дека ако се напаѓа одлука на влада дека Сорос стои зад тоа.
Реков еднаш - насилници + неспособни = државава.
сдсм ако им беше битен народот и се што него го тангира немаше година дена да биде надвор од собрание, да зема плати и да се курајберчи со бомби и слични глупости. Впрочем од Заев не ни очекувам повеќе, чоекот има НУЛА кредибилитет и авторитет. За Сорос, сорос е вклучен во секоја можна ситуација каде што може да извлече сопствена корист и корист за опозицијата само за да заедно дојдат на влс по БИЛО која цена, за тоа сум убеден. Во овие протести како што реков може не е во организаторите (и не е според мене) ама демне како волк на јагне, и заради такви како нив и опозиција без мозок која не работи во интерес на народот, баш напротив за сопствена корист сите вакви и слични протести кои имаат барем и најмал легитимитет ќе се сведуваат и ќе бидат политички обоени, и Грујо ќе си поентира како стрелец меѓу слепци. И пак ќе речам, за денешниов потег треба мадиња кој од другаат страна на приказнава ги нема никој.[DOUBLEPOST=1420505689][/DOUBLEPOST]
Кај ќе беше државава ако исто волку муда имаше кога протестираа за случајот Монструм и си играа курташак со полицијата сред Центар на Скопје. Замислувам тогаш како доаѓа меѓу толпата и им вика, сакате ФАЈТ? Каде? Сакате тука или пред собрание да ве чекам?
Исто кога ја урнаа црквата на Кале имаше бајаги муда, излезе на Кале сам и ги спречи да ја урнат, па дури и го спречи безвластието кое следеше после тоа, и самиот ги зема лисиците од рацете на Бучи и му ги врати на раце на Буњаку.
Исто кога нелегално се сменија имињата на школите во Чаир, имаше многу муда да излезе и лично да ги откорне таблите со нови имиња и да ги врати старите табли.
Незнам зошто ме цитираш мене а на тема закон за екстерно, а набрајуваш еден куп работи кои јас исто така се согласувам и викам дека се голема грешка - немоќ да се реагира. Е сеа сето ова што можел (требало-морало) а не го направил не му ги одзема мадињава што ги покажа денес. Во оваа ситуација каде ниеден странски фактор нема дејанија, каде што не се бори против Албанци, терористи и вахабисти кои се заштитени како белоглави орли како што сигурен сум ти е многу добро познато, можеше да си дозволи да искористи позиција на Премиер и да ги нашамари. Сите знаеме дека заебал милион ситуации и одлуки кои биле тесно поврзани со Албанците, и ако одиме по таа логика кажи ми кој на негово место би писнал кога над глава му стојат ЕУ, САД и сите соседи мршојадци околу нас?
И на крај не мора да ми реплицираш да не ја носиме дискусијава во друг правец, немам лично ништо против тебе нити па навивам за Груески ама треба да сме свесни дека нее тој Путин па да може сите да ги третира како нему му одговара, а тие што може (и веројатно заслужиле) видовме
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.446
Поени од реакции
58.549
Ни опозиција ни Сорос ни илуминатите не можеа толку штета да им направат на студентите колку што им направи овој несреќен професорски пленум. За кој фактор се организирате ако не сакате да се соочите? Што е целта на вашето постоење воопшто? До вчера трубевте како сте интелектуално супериорни во однос на Груевски и дека аргументите се на ваша страна. Да беше така, ќе го растуревте било кога и било каде.

Респект за Груевски за тоа што ги изработи како бавча. До вчера имав симпатии за нив и за нивната борба, сега ми е сосема сеедно. Нека ви учукаат и екстерен и државен и анален, што викаше Драгонски. Ич не ми чуе.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
се немам изјаснето до сега околу оваа тема ама после денешнава случка едноставно морам.... и јас бев студент до скоро време па некои работи знам како функционираат а и реално гледано немора некој да има студентски статус за да знае кај нас што се се случува по факултетиве... од дамна не сум напишал долг пост на форумов и осеќам дека ова ке биде еден од подолгите....


еве вака - јас завршив информатика на приватен факултет и програмата според која учев беше многу слична на онаа која што ја имаа од пмф. нема збор и никој неможе да оспори дека на пмф се учеше повеќе отколку на било кој приватен НО исто така и нема збор дека насекаде низ дражаваа наша имаа практична настава или лабараториски вежби што би се рекло. додека ние на практична настава правевме кратки програми на компјутери наши колеги од други универзитети ни кажуваа дека програмираат на лист и тоа нас ни беше многу чудно и несватливо едноставно не прифатливо. моменталниот квалитет на сите универзитети кај нас е стварно на ниско ниво со исклучок на НЕКОИ факултети од УКИМ...

друго - штотуку дипломираниот студент неможе никогаш да го има знаењето за да седна утре дента да почне да работи - теоријата и праксата си имаат свои посебни гледишта - едно е да учите цел семестар како некоја работа се прави и изведува а во праксата истата таа работа изгледа сосема другше...

деновиве по вести форуми весници и различни медиуми слушам студенти кои учат на државните факултети дека оние што излагаат од приватен факултет имаат далеку помало познавање за разлика од нив па сега излага работата дека заради истите тие студенти што се на приватен ке ни опнат и на нас државен испит во втора и четврта година - чекајте бе... ако сте вие толку подобри од истите тие студенти и ако имате далеку поголемо знаење од нив тогаш ова не треба да ви претставува никаков проблем дури треба и да се заблагодарите на ваквата мерка пошто ете сега конечно ке се знае кој учел а кој платил за диплома. пропратно на ова.... сите знаеме дека на државниве факултети наместо професорот доаѓа асистентот па тој држи предавања тој оценува тој ја извршува целата функција што треба да ја прави професорот плус неговата а професорот фигурира само со еден званичен потпис - па утре ден и во хол да се чукнете рамо со рамо нема ни да знаете дека тој всушност ви е професор по некој предмет... јавна тајна во македонија е дека на испит се оди со бубица во уво па се пишува на велико, јавна тајна е кај нас дека пред колоквиум доаѓа професорот и диктира 20 30 50 прашања кои би се паднале на испит нели? јас искрено и ако имам завршено на приватен факултет низ моето студирање еден професор не дојде и да ни каже ајде пишете неколку прашања што би можело да ви се паднат на колоквиум....


универзитетски професор неможе да стане секој.... јас до скоро искрено незнаев дека треба да даваат по незнам колку научни трудови во една година ама не сум ни изненаден од фактот што кај нас грото од професорите издале чат пат по некој научен труд колу да се рече ( ако и тој не им е некој плагиат или препишан па малце обработен само ) - значи ако сака некој да ја задржи титулата универзитетски професор треба за истото и да се помачи малце нели? не само да да да трчкараат по нив за потписи и да им наложуваат на студентите дека МОРА да се купи книгата од него ( или нема потпис )

и луѓе - гледајте малку реално на работите и ве молам да не ме разберете погрешно - кај нас во државава секој веќе завршува факултет последниве 2 3 години.... неможе академски граѓанин што студирал 3 4 5 години да незнае една обична работа од деловна комунијација.... да не се знаело дека ВИЕ или ВАС во писмена форма се пишува со големо В ( Вие ) да не се знаело која е лева а која е десна страна на една река и некои слични работи кои треба да се знаат барем од општа култура ако ништо повеќе

несакам да бидам погрешно сватен дека ја бранам власта или пак дека ги бранам професорите и студентите но после денешнава случка со поканата за дебата едноставно излишно е што и да се каже....


се бара јавна дебата и расправа од одредени професори за истите тие после да не се појават и згора на се уште да кажат дека биле збунети од појавувањето на примерот па незнам дека дрско им упаднал па ги заплашил па се збуниле се изненадиле... дно! од ова што го видов денеска со професориве незнам што да мислам веќе...


според мое видување исходов од ситуацијава е и повеќе од очигледен... едните ке се противат другите ке притискаат да се донесе законот и сето ова ке го гледаме уште некој период, нормално пропратно на сето ова ке има изјави од типот дека студентите се користат за собирање на политички поени позициски или опозициски сеедно па ке има на некои од „омилениве телевизии“ дебати како тоа се манипулираат и професорите и цела јавност за на крај да има неколку емисии на оваа тема кај миленко или кај јанко дека ова е одлична реформа и дека повеќето граѓани во државата го подржуваат законот а не е ни чудно да видиме некоја анкета во која ке испрашаат 10тина граѓани од кои 8мина би биле со позитивен став за тестирањево...

или народски на кратко кажано кучињата лаат караванот си врви.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.796
Поени од реакции
4.459
Ај сега да кажам јас што мислам
Иако темава е многу тесно поврзана со политика, а политика е забранета ќе ги замолам некои членови да не мешаат баби и жаби за Грујо и Заев и кој повеќе мадиња имал.
Во принцип поддржувам секаков протест со исклучок на учките кога хараат по селоно. Имав големи симпатии спрема студентскиве протести од причина што за момент помислив дека конечно студентиве ќе се обединат и ќе дадат некоја идеја за нашава државичка. Сепак студентите испаднаа здрави телиња и овци и токму поентата на Груевски успеаја да ја потврдат. Како може некој толку време да бара нешто да глуми лудило по мразевиве и кога ќе го добие да избега со лити оправдувања?! Како може да дозволат студентиве да бидат испровоцирани на малограѓански финти, а кога по некоја случајност идат на чекор до целта и треба да се распали со најмоќното оружје-зборот, луѓево испиздија....
Да не ме сватите погрешно, не го сакам груевски и не мислам дека еден финален испит автоматски ќе ги направи сите првокласни стручњаци ама типот им вика со фини зборови дека студентиве се глупи а професориве торковци, а академскава фела денеска успеа да му рече ДА ТАКА Е исто ко на митинг.
Навистина сакав да ја видам таа дебата како ќе се одвива, сакав да видам нашиот ни премиер како ќе се снајде покрај доктори на науки од кои самиот тој учел.... Се се испосра... Гадно се разочарав
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
@mkgunner , СДСМ ако дишат на денот на протестите, ти ќе кажеш дека ги искористиле студентите, не знам што сакаш, да се иселат на Марс па да не користат протест против власта (еееј, опозициска партија користи протест против власта, кај се чуло и видело, само клетите СДС во цел свет тоа го прават). И поднесоа оставки на пратеничките места, Собранието не им ги ратификува, затоа земаат плата. Се прајте на сила наудрени или такви сте родени, што ве знам.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.950
Поени од реакции
17.767
Океј, се сложувам дека треба пари. Ама парите сигурно нема да искоренат проблем од типот на, асистентка гледа тип како препишува, типот и вика ајде бееее уште ова самоооо, оваа се насмевнува и го остава да допрепише. КАКО ПО ЃАВОЛИТЕ ОВА СЕ СЛУЧУВА?! ДРУГИТЕ 100 ВО ПРОСТОРИЈАТА МОРОНИ СЕ?!
Доколку факултетите се грижат за својата репутација а не да примат повеќе студенти за да преживеат ќе летаат и студентот и асистентката од работа. Коа би полагале 15 души а не 100 во училна,кога асистентката би земала поголема плата посовесно би си ја работела работата,кога еден професор би предавал на 30 а не на 300 души типот можда нема ни да има потреба да препишува.
Дури и ако вакви случаеви има пак,пак би се вадело поквалитетен кадар со мали нус појави кој ги има ради нашето опшество(врски насекаде).
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
11.534
Симптоматично е тоа со трудови-плагијати со оглед дека нели функционира системот за проверка на плагијати, нели? :) Друга ствар, пријателиве од Влада мислат многу е лесно да се издаде труд во списание со импакт фактор, а вложуваат ебени 8 милиони евра годишно за наука (којзнае кај кого одат и за што одат тие пари). На страна ова, главна тема тука ми е државниот испит.

Ние знаете кога баравме дебата? Во месец ноември. Не не' рецкаа два посто. После као демек сакаа да разговараат за модалитети. Какви модалитети човече, ние ти го имаме побиено „проектчето“ во корен, ти сакаш за модалитети да зборуваш. Затоа одбиваме секаква дебата, најмалку до моментот додека не се повлече предлог-законот. За професорскиот пленум е слична ситуацијата, сабајлето излегоа со соопштение дека нема да учествуваат, па Ванковска нешто се збуни, искрено, се изглупира али тојето. Сепак, генералниот став на Проф.Пленум е да нема дебата се' до повлекување на предлог-законот. Така да, не спинувајте дека сме барале дебата, сеа ни понудиле и сме одбиле. Ние баравме, т.е. понудивме, беа поканети на една трибина господата Груевски и Адеми, не се појавија (ок и Иванов).
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Навистина сакав да ја видам таа дебата како ќе се одвива, сакав да видам нашиот ни премиер како ќе се снајде покрај доктори на науки од кои самиот тој учел.... Се се испосра... Гадно се разочарав
Прво, не се закажува дебата за закон за пола саат, како да си во кафана (кој е впрочем Груевски да закажува дебати во Собрание? Имате ли вие појма како треба да функционираат институциите во таква една ситуација, какви се процедури треба да се испочитуваат, и што тоа значи за една држава кога тие процедури не се почитуваат кога премиерот може да се понаша како маалски шериф). Второ, ти гадно си се заебал ако мислеше дека воопшто ќе има некаква дебата дури и да отидеа професорите. Демек, Груевски одлучил да им оди ферка, па ком опанци ком обојци?
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.841
Поени од реакции
10.209
@mkgunner , СДСМ ако дишат на денот на протестите, ти ќе кажеш дека ги искористиле студентите, не знам што сакаш, да се иселат на Марс па да не користат протест против власта (еееј, опозициска партија користи протест против власта, кај се чуло и видело, само клетите СДС во цел свет тоа го прават). И поднесоа оставки на пратеничките места, Собранието не им ги ратификува, затоа земаат плата. Се прајте на сила наудрени или такви сте родени, што ве знам.
Значи сдсм не може да организира протест на своја иницијатива, и секоја прилика ѕреба да ја користи за да дојде на власт а не да се солидаризира со студентите и да работи во нивна корист. Иначе ти многу погоден нешто во лево крило, на бихаќка да не седиш?
На темава си да.дебатираш за законот или маваш белешки во тефтерот кој му се огрешил на сдсм.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Знаете кој има мадиња, оној студентот Малиновски или Малинковски, кој даваше изјава денес. Се надевам ќе истрае дечкото, а и сите со него.[DOUBLEPOST=1420511137][/DOUBLEPOST]
Значи сдсм не може да организира протест на своја иницијатива, и секоја прилика ѕреба да ја користи за да дојде на власт а не да се солидаризира со студентите и да работи во нивна корист. Иначе ти многу погоден нешто во лево крило, на бихаќка да не седиш?
На темава си да.дебатираш за законот или маваш белешки во тефтерот кој му се огрешил на сдсм.
Глеј си ти работа, не ме испрашувај што ми е мене работа.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.841
Поени од реакции
10.209
Знаете кој има мадиња, оној студентот Малиновски или Малинковски, кој даваше изјава денес. Се надевам ќе истрае дечкото, а и сите со него.[DOUBLEPOST=1420511137][/DOUBLEPOST]
Глеј си ти работа, не ме испрашувај што ми е мене работа.
Ти ме цитира мене или сенилен си? Или се збуни?
Не сум Груевски кулирај
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.210
Поени од реакции
25.948
И поднесоа оставки на пратеничките места, Собранието не им ги ратификува, затоа земаат плата. Се прајте на сила наудрени или такви сте родени, што ве знам.
Во превод, на сила земаат плата. Тие ја нејќат, ама овие ги претепуваат и им ги пикаат парите во џеб. После не сме биле рај на земјата!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom