Прво и основно, а согласно Божјата природа, според која Он Е дух/пнеума а не материјално битие, Го чини Бога невидлив за човековото телесно око. Просто кажано, Бог отсекогаш и бил невидлив, а Е невидлив како за Адама, кој битисувал со Бога, така и за денешниот отпадант човек, кој битисува без Бога. Згора на све, постојат и поединци кои сакаат да Го видат Бога, а се недостојни и недораснати за еден таков чин: Он им се јавува само на достојните и на очистените од гревот. Конечно, Бог стана и човек па на Себе ја облече и човековата природа, станувајќи Богочовек, сличен на нас, раѓајќи се во Витлеем, како што ни вели скорешниот празник за раѓањето Христово. Така, пред цца 2 000 г. Бог се „материјализира„ и стана видлив и слушлив, така што Он упадна во времето (кое се дели на време до Него и по Него...) и просторот, упадна во човековата историја и не‘ повикува на спасение и на вечен живот со Него, во Царството Небесно.
Не можеш да кажеш дека доказите за Божјото постоење се „недоволни и слаби„, оти не само што не се такви, туку тие докази се појќе од сетилно и разумно спознатливи, или, како што бо рекле мудрите старци: целата природа е отворена книга за Бога, односно. целата Вселена, се‘ што е во неа, целиот нејзин поредок, сите створени нешта и силите кои ги одржуваат тие нешта, сведочат дека имаат свој Творец.
Така, ако сакаш да Го видиш Бога со телесни очи, тоа тешко ќе ти „иде„, оти и Св. Ап. Тома нејќеше да поверува дур‘ не Го виде Бога. ама тогаш беше „доцна„, оти само Бог му ја покажа на Тома својата видливост, за која (видливост) нема потреба од верување: очигледните нешта не се предмет на вер(б)а.
И така, ако сакаш да се увериш дека Бог навистина постои, истражувај го барем створениов Свет и се‘ во него или пак, трагај по Вистината, оти кој ја бара вистината, ќе ја најде. А кога ќе поверуваш во Бога, ќе немаш потреба да Го видиш: вер(б)ата во Бога ќе ти биде појќе од доволна.