Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Не ви се мешам во дискусијата само да ви кажам неколку факти за моите искуства со нашево образование.....

а) Првпат пробав да се запишам на филолошки еднаш, имаше два приемни, со првиот и успехот од средно бев 35-ти на листа од 45 без патиципација=2000дм. Со вториот, за кој бев сигурен дека бев подобар од првиот паднав на 47-мо место. Што ли се случи?
Вторпат, ај на правни, дабетер. Ај морон сум или кретен, две книги од по сто страни неможам да научам. (ги пеев само, општествено уредување и општообразовен)

б) И пилињата знаат дека, на пример, на економски се плаќа рушвет (200-600е). Посредник ти е братот служител или хаусмајстор, што го знам....

в) Нема македонски факултет кое е меѓу првите 500 во светот. 500 еееејјјј. Има само 190 држави, од кои некои не се ни ораганизирани општества.

г) Познавам бар 2-ца кои ги учеа истите факултети уште еднаш во Германија.....жално....ем партиципација... ем трошкови.... ем демек „дупли„ нервози пред испити.....

д) Македонските влади(сите) до сега свесно ги избегуваа меѓународните евалуации на образованието, бидејќи знаеја дека ќе завршиме на дното....... Факт е дека на пример бугарите се подобри математичари а со тоа и инжинери од нас.....
Резултат, ние ќе заштрафуваме шрафчиња за 300е а тие ќе развиаат софтвери за 1000е.

е) Дополнителен-екстерен испит е лов на мечки со ќор фишеци. (читај: борба против образовната мафија и подигање на квалитетот на образованието)

На македонското образование му е потребна радикална реформа, а не дополнителни испити. (причина е малиот ефект и дополнителното оптоварување на (не)оптоварените студенти)

Еве конкретен предлог: (Бокс реформа :))

1. Учители,наставници и професори да бидат комплетно ослободени од обврската за евалуација на знаењето на учениците. Народски кажано да бидат на нивото на тренерите на боксери, евалуација на ринг, тренерот вон рингот. (НУЛА КОРУПЦИЈА)

2. Да се формира независно надворешно тело, кое ќе ги оценува, евалуира и тестира учениците. (експертско, централно и интегрирано) Плус групни натпревари со финци, кореанци, јапонци итд.

3. Ревизија на наставната програма. („Иден боксер да не тренира и карате„)
Предмети кои не за секоја индивидуа имаат исклучително значење да бидат изборни и незадолжителни.

Имам уште, ама ми се смачи....



п.с. Се отажувам од авторки права на текстот.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Епа тој кадар од министерството изготвил реформи. Зошто ти на форум им пишуваш дека не им чинат?
Зошто не чинат е кажано 1000 пати на темава.
И не, „реформите“ не се создадени, туку се само копирани без да се направи детална анализа. Ако биле стварно создавани немало да се направат вака никакви, без цел, само празни зборови.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу лесно е сега сите да се правиме паметни што требала да каже Ванковска. Си дала автогол, ја зезнала целата иницијатива, крај на светот и што уште друго не.
Факт: Ванковска ја изиграа како мало девојче. Ја решија со маалска финта и реално толку и беше протестната кариера, бар за некое време. Што и да каже сега ќе ја прашуваат случајно да не е пак збунета.

Реална претпоставка: Кој и да беше алтернативниот претставник исто ќе беше на овој или оној начин изигран порано или подоцна. Дали не објавувал трудови, дали пред 25 години на факултет добил кец по писмена македонски, дали кога моча му врти на лево и ја бербати шољата нешто ќе изникнеше и ќе се вртеше на народните медиуми.

Јасен е револтот кој се јавува кон Ванковска. Не ја правдам, си се намести, толку и беше.

Но зошто е тој револт?
Мислам дека потајно сите ние трагаме по некој лик кој ќе биде еден величествен антиГрујо. Лик со кој ќе можеме да се идентификуваме и околу кој ќе може да се створи некоја поголема критична маса на непокор. Секако тука не ги препознаваме Заев или Шеќеринска. Иако СДСМ е поприлично променет од „времето“ ниту еден нов лик не доаѓа до израз.
Мислам дека бараме жртва бидејќи се чувствуваме силувани во сите пори на живеењето и ставени сме сите во некаква дефанзивна поза и чекаме анално да не искрварат. Во таква општа состојба ние бараме било каква појава/ фигура/ лик да и се истуриме зошто сме немоќни да ги промениме работите во овој момент. Прпелкајќи се во живата кал на власта нема за што да се фатиме. Затоа бараме херои во секој нов лик, во секој еден што ќе се спротистави на ова. Но херои преку ноќ не се создаваат и тоа ни е кристално јасно дека ќе почекаме за подобра опција. Дотогаш Ванковска ќе ни биде крива за неуспехот на професорскиот пленум, Џониб ќе ни биде крив за масовното оглупување и оглувување на масата, Влатко Васиљ ќе ни биде крив за катастрофалната опозициска опција и така натаму до недоглед.

Нашите очи во студентите, нивните очи во нас. Го бараме новиот виновник за следниот неуспех.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.955
Зошто не чинат е кажано 1000 пати на темава.
И не, „реформите“ не се создадени, туку се само копирани без да се направи детална анализа. Ако биле стварно создавани немало да се направат вака никакви, без цел, само празни зборови.
Од каде знаеш дека не се создадени? Еве, јас тврдам дека се, со многу конкретна цел. Зошто би било проблем професорскиот или студентскиот пленум да излезе со конкретен предлог-закон како контра решение?
 
?

..........

Гостин
Diktaro
Мене у цела работа најтрагично и најболни ми е што еден човек држи лекции на сите, на пообразовани, на постручни, на пообучени луѓе од него, не зборам само за ова, за сите можни работи е така, како може еден човек да е експерт за се и да знае што е најдобро и во образование, во здрава храна и во економија?

Популизмот е опасна, работа, најопасно е кога во водачот на државата е пресликано мислењето и ставовите на мнозинството луѓе.
Diktator be drugar, isto kako debelkoto vo severna korea, on se znae najpameten e.....
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Многу ми е интересно како @Благоев дискутира како да се наоѓаме во некоја нормална држава :icon_lol:
Да „разговараме за решенија“, да „запазиме процедура“ :icon_lol:
Каква глава, таков брич. Кој разбрал, разбрал. Кој не, ќе се јави на државен. :D:D

Не се секирај Бојане, прочитав. Ама не заборавај дека пред неполни 2 седмици ти се колнеше во твоите професори и нивната поддршка. Што се случи денес?

Второ, високото образование од секогаш било и ќе биде привилегија.

Трето, значи ти припаѓаш на пресек од повеќе класифицирачки множества. Чисто да си знам.

Четврто, признавам. Попаметни сте сите од мене.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Од каде знаеш дека не се создадени? Еве, јас тврдам дека се, со многу конкретна цел. Зошто би било проблем професорскиот или студентскиот пленум да излезе со конкретен предлог-закон како контра решение?
Па може зошто главниот аргумент со кој се пробува да се оправдуваат е дека истиве вакви реформи ги има во Полска, Чешка и не знам кои други земји...
Не е проблем, еве и ја тука на форумов уште на почетокот на темава имам дадено идеи како пример да се воведе/врати приемен испит место глупата државна матура...
И професорите неколку пати имаат кажано дека сакаат дебата за нов закон. Значи ништо не е спорно од тоа што го кажуваш, ама не може да се каже дека зошто не сме дале ништо конкретно треба да ќутиме за донесување на „реформи“.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.955
Па може зошто главниот аргумент со кој се пробува да се оправдуваат е дека истиве вакви реформи ги има во Полска, Чешка и не знам кои други земји...
Не е проблем, еве и ја тука на форумов уште на почетокот на темава имам дадено идеи како пример да се воведе/врати приемен испит место глупата државна матура...
И професорите неколку пати имаат кажано дека сакаат дебата за нов закон. Значи ништо не е спорно од тоа што го кажуваш, ама не може да се каже дека зошто не сме дале ништо конкретно треба да ќутиме за донесување на „реформи“.
Тоа е главниот аргумент, затоа што ти сакаш да го гледаш како главен аргумент.

И додека имаше приемни испити квалитетот на високото образование беше исто ужасно лош. Враќање на стара мерка која не давала резултати не е решение.

Професорите денес дел дебатираа, дел одбија дебата. Тие што дебатираа не кажаа ништо паметно. Тие што одбија дебата излегоа смешни. Професорите можат да кажат што сакаат ако подготват предлог-закон. Тоа ниту е нешто сложено, ниту нешто невозможно. Кога можеле службите во МОН, можат и професорите.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Сам себе убица

уше една црна точка на сето ова

Топло-ладно ќе си играме ко деца ајде жмурка

Се работи за нечија судбина а курташак ќе играме
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Нормално е тоа, затоа што се настапува емоционално и непресметливо. Тука треба студена пресметливост пропратена со курназ карактер и еден список предлози. :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Универзитетската кариера е за талентирани, способни и вредни поединци и тимови, а не како сега, речиси за секого.

Рече при здрав разум и свест Трајко Славески и остана професор.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.955
Член од
17 август 2011
Мислења
9.952
Поени од реакции
17.774
Ниедна реформа нема да ни го поправи образованието,и ниту владата ниту професориве не верувам да ги интересира квалитетот на образованието моментално :)
Образованието било лошо и кога имало приемни и сега,и со болоњски систем и пред него.Единствен начин за да се подобри е пари,пари кој ние ги немаме.Или владата да вложи многу пари или нашиот стандард да стане доволно висок да можеме да си плаќаме за квалитетен факултет.Ни едно ни друго нема да биде.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Тоа е главниот аргумент, затоа што ти сакаш да го гледаш како главен аргумент.

И додека имаше приемни испити квалитетот на високото образование беше исто ужасно лош. Враќање на стара мерка која не давала резултати не е решение.

Професорите денес дел дебатираа, дел одбија дебата. Тие што дебатираа не кажаа ништо паметно. Тие што одбија дебата излегоа смешни. Професорите можат да кажат што сакаат ако подготват предлог-закон. Тоа ниту е нешто сложено, ниту нешто невозможно. Кога можеле службите во МОН, можат и професорите.
Ок, ајде така нека биде.

Иначе за приемните не знам како било тогаш, ама сигурно тие ќе дадат поголем резултат место сегашната државна матура, зошто државнава матура е смешка ама стварно смешка. Се што ќе ја замени државната матура е добро, па макар тоа бил и нефункционален приемен испит...

Иначе нигде не ги бранам професорите, баш напротив...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom