Стипендии од и за странски универзитети

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny8909
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 мај 2012
Мислења
6
Поени од реакции
0
Знам дека има тема студирање во странство и тема стипендии, но би сакал да прашам нешто сосема друго што верувам заслужува сопствена тема. Во студирање во странство главна тема најчесто е студирањето во Словенија и Бугарија ,а во стипендии, стипендиите доделени од владата на РМ.

Како и да е, четврта година сум и би сакал да ве прашам дали некој има искуство со стипендии доделени од странски држави универзитети од држави во ЕУ и/или САД и Канада, поточно дали некој има добиено или познава некој што е добил стипендија.
Почнуваат конкурсите околу стипендиите и незнам дали воопшто да пробувам бидејки аплицирањето за стипендиите знае да биде доста скапо, 180 долари e TOEFL ,а SAT не е ништо поевтин, плус доста други додатни трошоци. Моите прашања се од типот на дали стипендиите ги добиваат исклучиво најдобрите, со неверојатни академски достигнувања и т.н.
Значи оценките во главно ми се на граница помегу одличен и мн. добар(4.5, 4.6) имам учевствувано на некои натпревари, имам лидерски способности и сум држел лидерски позиции(координатор на проекти, претседател на клас и т.н.).

Друга алтернатива некоја на студирање надвор од Р.М. каде образованието е поквалитетно ,а трошоците за истото не надминуваат повеќе од 300 евра месечно?(Иако веќе мислам дека и го знам одговорот, а тоа е Бугарија, мислам само таму трошоците се во таа граница па така и искуства од таму се добредојдени). Благодарам.
 
Пребарај по овие сајтови :
http://www.stipendii.mk/ http://www.scholarshipportal.eu/ http://www.fakulteti.mk/

Ако 180 долари за тест ти се многу, нема што да бараш стипендии за во странство. И да добиеш целосна стипендија, пак мораш да имаш кеш за карти, за евентуален депозит и други почетни трошоци. Плус мораш да имаш некоја лична финансиска резерва, додека да ти стигаат стипендиите и слично.
Ако си загреан за на страна, пробај, барај факултети, контактирај ги, пиши им, за проба пари не зимат, немаш што да изгубиш, ама треба да си имаш представа/замисла зошто би одел баш таму и зошто би аплицирал за конкретно нешто.
 
http://www.mladiinfo.eu/

Провери ги младиинфо. На нивниот фб профил нон-стоп објавуваат конкурси за стипендии низ целиот свет, размена на студенти и конкурси за волонтери за настани и проекти.
 
Знам дека има тема студирање во странство и тема стипендии, но би сакал да прашам нешто сосема друго што верувам заслужува сопствена тема. Во студирање во странство главна тема најчесто е студирањето во Словенија и Бугарија ,а во стипендии, стипендиите доделени од владата на РМ.

Како и да е, четврта година сум и би сакал да ве прашам дали некој има искуство со стипендии доделени од странски држави универзитети од држави во ЕУ и/или САД и Канада, поточно дали некој има добиено или познава некој што е добил стипендија.
Почнуваат конкурсите околу стипендиите и незнам дали воопшто да пробувам бидејки аплицирањето за стипендиите знае да биде доста скапо, 180 долари e TOEFL ,а SAT не е ништо поевтин, плус доста други додатни трошоци. Моите прашања се од типот на дали стипендиите ги добиваат исклучиво најдобрите, со неверојатни академски достигнувања и т.н.
Значи оценките во главно ми се на граница помегу одличен и мн. добар(4.5, 4.6) имам учевствувано на некои натпревари, имам лидерски способности и сум држел лидерски позиции(координатор на проекти, претседател на клас и т.н.).

Друга алтернатива некоја на студирање надвор од Р.М. каде образованието е поквалитетно ,а трошоците за истото не надминуваат повеќе од 300 евра месечно?(Иако веќе мислам дека и го знам одговорот, а тоа е Бугарија, мислам само таму трошоците се во таа граница па така и искуства од таму се добредојдени). Благодарам.
1. Припаѓаш на група луѓе надвор од ЕУ и за жал сите конкурси за аплицирање за нас завршуваат најчесто до 15 јануари, а некои и поретко зборам Германија, Франција, Англија, Шведска, Норвешка и остали такви земји.
2. Викаш ТОЕФЛ а најголем дел од доипломските студии во сите земји се на мајчиниот јазик, значи за на аглиски да следиш предавања ти остануваат земјите од комонвелт т.е. англиско говорно подрачје проблем студиите таму најчесто за нас се над 20000 фунти година само за школарина и немаш голем избор на стипендии.
3. Најдобра опција наогаш факултет што ќе те влече тука се бориш да го завршиш со добар просек кај нас и после тоа одиш во странство за магистерски. Освен нели ако не одиш во земја каде што прв јазик е англискиот ама за таму нема да ти го бараат ТОЕФЛ туку ке треба да полагаш ИЕЛТС (академски)
 
Јас сум студент во Софија прва година, можам да ти дадам кажам се' во врска со финансии, апликација, испити, универзитети, живот и слично. За повеќе контактирај ме по пп. ;)
 
Пребарај по овие сајтови :
http://www.stipendii.mk/ http://www.scholarshipportal.eu/ http://www.fakulteti.mk/

Ако 180 долари за тест ти се многу, нема што да бараш стипендии за во странство. И да добиеш целосна стипендија, пак мораш да имаш кеш за карти, за евентуален депозит и други почетни трошоци. Плус мораш да имаш некоја лична финансиска резерва, додека да ти стигаат стипендиите и слично.
Ако си загреан за на страна, пробај, барај факултети, контактирај ги, пиши им, за проба пари не зимат, немаш што да изгубиш, ама треба да си имаш представа/замисла зошто би одел баш таму и зошто би аплицирал за конкретно нешто.

Не се проблем тие пари, овој период имам некој доста големи трошоци и сега значи само колку да аплицирам околу тие трошоци 200 евра, а бидејки ТОЕФЛ важи само 3 години и не е баш некоја исплатлива инвестиција за во иднина. Благодарам во секој случај секако ќе пробам, па ќе видам што ќе се случи.

1. Припаѓаш на група луѓе надвор од ЕУ и за жал сите конкурси за аплицирање за нас завршуваат најчесто до 15 јануари, а некои и поретко зборам Германија, Франција, Англија, Шведска, Норвешка и остали такви земји.
2. Викаш ТОЕФЛ а најголем дел од доипломските студии во сите земји се на мајчиниот јазик, значи за на аглиски да следиш предавања ти остануваат земјите од комонвелт т.е. англиско говорно подрачје проблем студиите таму најчесто за нас се над 20000 фунти година само за школарина и немаш голем избор на стипендии.
3. Најдобра опција наогаш факултет што ќе те влече тука се бориш да го завршиш со добар просек кај нас и после тоа одиш во странство за магистерски. Освен нели ако не одиш во земја каде што прв јазик е англискиот ама за таму нема да ти го бараат ТОЕФЛ туку ке треба да полагаш ИЕЛТС (академски)

Не не има веќе неколку конкурси на стипендии.мк и на уште некои сајтови за универзитети во Италија, Канада и уште неколку земји со настава на англиски и конкурсите траат обично помеѓу крајот на јануари па се до крај на март. Затоа зборев за стипендии, бидејќи тутицијата и трошоците за живот се астрономски.
 
ако не можеш да се протнеш во Еу тога најдобро оди Бугарија и онака секоја година има околу 180 деца што ги финансира мислам му дава стипендија. разликата меѓу животен стандарт не е голеам но имаш повеќе просперитет барем тие се во ЕУ што значи многу
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom