- Член од
- 27 мај 2012
- Мислења
- 6
- Поени од реакции
- 0
Знам дека има тема студирање во странство и тема стипендии, но би сакал да прашам нешто сосема друго што верувам заслужува сопствена тема. Во студирање во странство главна тема најчесто е студирањето во Словенија и Бугарија ,а во стипендии, стипендиите доделени од владата на РМ.
Како и да е, четврта година сум и би сакал да ве прашам дали некој има искуство со стипендии доделени од странски држави универзитети од држави во ЕУ и/или САД и Канада, поточно дали некој има добиено или познава некој што е добил стипендија.
Почнуваат конкурсите околу стипендиите и незнам дали воопшто да пробувам бидејки аплицирањето за стипендиите знае да биде доста скапо, 180 долари e TOEFL ,а SAT не е ништо поевтин, плус доста други додатни трошоци. Моите прашања се од типот на дали стипендиите ги добиваат исклучиво најдобрите, со неверојатни академски достигнувања и т.н.
Значи оценките во главно ми се на граница помегу одличен и мн. добар(4.5, 4.6) имам учевствувано на некои натпревари, имам лидерски способности и сум држел лидерски позиции(координатор на проекти, претседател на клас и т.н.).
Друга алтернатива некоја на студирање надвор од Р.М. каде образованието е поквалитетно ,а трошоците за истото не надминуваат повеќе од 300 евра месечно?(Иако веќе мислам дека и го знам одговорот, а тоа е Бугарија, мислам само таму трошоците се во таа граница па така и искуства од таму се добредојдени). Благодарам.