Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Вечер ќе се дешава ова:

BRWqKFB.gif


ZexBwcK.gif



:pijanco:

Што всушност се дешава секое идење у кафана, али ај као вечер посебно нешто било, а, у. :icon_lol:

Јебига, неколку часа бегање од срањево. Од утре со нови желби, а стара сурова реалност. Се најубаво моци и девојки! :D
 
Сериозен пост за сериозен крај на оваа сериозна година o_O
Годинава беше:
WhatHasBeenSeenCannotBeUnseen-1.jpg


Монотонија разбиена со најразни шок вести, позитивни и за жал негативни :гик:
Болеста која ја сфаќав како нешто несериозно, демек секoја трета жена имала рак на дојка, испадна дека може да придонесе за губење на уште еден член од мојата поширока фамилија :confused:
Откако пред 20-тина години го загубивме братучет ми поради леукемија, овојпат уште еден млад живот се најде на работ на животот и смртта. После разни операции уште не може да се каже дали се е готово, мада уште од старт бевме предупредени дека ова е нешто за кое никогаш нема да бидеш сигурен дека ќе го снема целосно, особено што се работеше за пребрзо ширење :(
Се смени цел концепт на живот на една фамилија и се е преодредено на борба со болеста...

На работен план сфатив дека луѓево немаат никаков срам и жалење за своите постапки. Подготвени се да се китат со туѓи перја, да прават секакви подмолни потези само да дојдат до подобри финансии. Што е уште полошо, и покрај поуката ќе останам подеднакво наивен како и тогаш o_O

Крајниот шок ми се случи подоцна, како што кажав претходно what has been seen, cannot been unseen...
Имаше и некои позитивни моменти во овие месеци. Прошетка на најразлични места, го видов белиот рај во Миравци на моја инцијатива :icon_mrgr:, два пати бев во Нови Сад од кои првиот пат како навивач, вториот работно, лапав од Мекдоналдс:icon_mrgr:, го прошетав цел град, ниеднаш не употребив такси и може да се каже дека можам ко туристички водич да работам таму :icon_mrgr: Бев пешки до два Грчки града, а од плановите единствено не ми се исполни да ја искачам Солунска глава :LOL: Одење од Пржино до Хром само ради крофните, веќе ни стана навика :icon_mrgr:
Се задружив одново со некои луѓе со кои изгубив контакти низ годиниве. Имаше одлична забава, и одлични партии баскет летово. Го достигнав врвот на кондицијата и имаше денови кога бев ЕЛ АУТОМАТИКО :icon_mrgr:

За прв пат се решив да конкурирам на работни места во странство, но се беше неуспешно. За на крај да добијам работна понуда која носи преголема одговорност, а мали финансиски придобивки. Прифатив за лична сатисфакција, а може да се каже дека и ме исполнува донекаде таа работа. Се посветив малце повеќе на науката, мада допрва треба да следи вистинското...
Почнавме од лична сатисфакција да работиме на еден "проект" од сосема друга област, ама се потврди дека во шминкерскава нација нема да успее нешто такво, со оглед на тоа што младиве ги мрзи да прочитаат повеќе од една реченица. Ништо чудно зошто избегнуваат форуми на пример...
Ако ништо друго добивме пофалба од една легенда од таа област, што лично многу ми значи за старт :icon_mrgr:

Почнав да ги јадам сите манџи. Грав јадам секој трет ден и дури и годинава ја завршив со грав за ручек. Боранијата не била толку лоша ствар :цицки: Почнав да се давам во боранија :icon_mrgr:
Мислам дека и не остана јадење кое не го јадам повеќе :icon_mrgr:

На навивачки план, имаше доста интересни моменти. Ќе го издвојам натпреварот со Фленсбург кога не може со зборови да се опише она што се случуваше во Борис Трајковски. Како буквално се движеше салата при секој погодок на Вардар. И секако, огромното разочарување на крајот...
Гостувањата во трета лига кошарка :icon_mrgr: Заборавањето на сите проблеми и скокање и пеење до посерување :icon_mrgr: И секако, за сите проблеми во државава, Комити се криви :cool:

Студентските протести ми ја исполнија душава на крајот на годината, особено кога го видов и татко ми на истите. Еден голем :kuracc: за нашите политичари и политиката која ја тераат сегашната власт и невидливата опозиција. Еден голем :kuracc: за сите партиски медиуми и партиски полтрони. Каде ќе ви оди душата пички продадени...

И сега не знам што да кажам за очекувањата за идната година :toe:
Се надевам на помалку седење на нет иако ми е потребно за некои од работните обврски :popce:
Луѓево треба да си ги променат своите сфаќања, за да тргне животов во Македонија :icon_mrgr:
Сречен ден и сречна нова година на сите, берете памет да не берете заби :icon_mrgr: Само здравје да ве следи нареднава година, другото ќе си дојде само по себе :cujte:
Идна година ако се поклопат коцките нема повеќе да го читате Коњаникот Сабја на кајганава :angel:
 
Дојде и онаа „најлудата ноќ„ драга. Вечер им посакувам убав помин на сите кајганџии и некајганџии кај и да се, и да не се претерува со алкохол. Има една позитивна и една негативна работа после 12 вечер. Позитивна е шо ќе дојде нова година, а негативноста тоа што ќе се забрани цитирањето во ДК.
 
Комбинирајќи го природниот прираст во светот со алкохолот и приликата за славје на најочекуваниот ден во годината, во име на друштвото Турбо-фолкери и јас како припадник на елитната и строго избрана група наречена „Шабани“, јавувајќи ви од штабот на планината „Аца“, со радост сакам да ве известам дека вечерва очекуваме во светот да има најголема концентрација на Шабанарии, погазување на зборовите за тоа дека нашата музика треба да се забрани со закон и дека секој секого го сака и поштува, додека во позадина одат вашите најомилени хитови во овие моменти, хитови кои сите си ги знаете и веќе имате спремено плејлиста за да се напраите ибрици. Среќно шабанување, ви благодарам што учествувате во нашата кауза, кај и да е ќе избиеме на врвот. Нека „Песма од бола“ биде со вам.
 
Кеј
Направив рускааа :jeeee:
Бев на дневна журка денес, сите се влезени у еуфорија, а мене уште не ме лупнало, ваљда прво треба алкохол да ме лупне. Ќе биде и тоа(y)
Ајдее и среќна нова година на сите тука! :pijani::vozbud:
 
Драга Кајгана,

Конечно се одлучив годинава дочекот да биде на скајп од 3 причини

1. Немав мотивација да бидам со непознато друштво.
2.Утре сум на работа во 6 сабајле па ќе ми треба вишок енергија.
3. Како што знаеш цела година штедев па ајде и последниов ден да го завршам со штедење пари ; битно си купив фарба , се депилирав и ке одам да се фарбам сега, таман за утре на работа освежена.

Здравје за Божиќ ќе го надокнадам славењето :kafence:
 
Ќе ја откачам ( не сум нормален р`мбам ко црнец )....насловот на новата песна ...спотот сеуште е во подготовка.
 
Д.
Нека биде последниот пост оваа година токму тука...кај тебе...за тебе.

Многу ми е криво што на ваков ден што доаѓа еднаш на 365 дена јас имам јузернејм што го сакам, што ми е убав, што ми е пријатен и не гледам потреба да го сменам. Не можам да ја опишам возбуудата што ја имав пред неколку години коа требаше да ми се смени јузерот...па моли се нет да не снема, форумот да не падне, дрн дрн трт милојко јариња.

Ај бе немам време, доста беше. :D

Среќна Нова година Кајги, да си ми здрава, жива, среќна, дебела и весела и помалце вечер со алкохолот. Утре срањето ќе треба некој друг да ти го чис...чита.
 
Кајганче!
Како што и' кажав на колешка ти, годинава ми пројде изненадувачки убаво. Се надевам дека нареднава уште повеќе ќе ме изненади со убавини и конечно ќе ме оттрне од сите негативности, било луѓе, било нешта :D.
Од претходни искуства, не се радувам нешто многу околу фештите вечер, туку само сакам да си поминам убаво и да не бидат узалуд клизачите на мразон во комбинација со -18 степени :гик:.
Имајте сите убава вечер полна со смеа и моменти кои ќе ги паметите долго долго ( од италијанскиот ми е последново, долга граматичка приказна :icon_lol: ). Среќна нека е!
 
Последно уредено:
Да сте живи и здрави и секогаш вака позитивни!
Што и да правите вечер, за убаво да е, сите да сте насмеани, весели и среќни!
Нека ви е среќна на сите 2015!

2015, срце мое, елај си оваму, да те гушнам.:backa:
 
Ајде да ви пожелам среќна нова 2015 година на сите исто и на тебе Кајги4 :)
Да сте живи, здрави вие и вашите фамилии.
Се што сакате нека ви се оствари во 2015 година и на сите што ги знам а и на сите што не ги знам тука.Мада многу повеќе се тие што не ги знам, штета неможев да присуствувам на собиранката.Малце замаравте неколку дена но ви се прашта бидејќи знам дека
сте за Вардар сите :D само на признавате :P

Многу љубов, дружење, не се замарајте со ништо во оваа држава очигледно не вреди, не излегувајте на гласање, ако ви понудат работа за 150 евра не ја прифаќајте, бидете умни, паметни и секако спортувајте :D

5xj5nc.jpg


https://www.youtube.com/v/lVv_hC63izQ?start=20&end=25
 
Последно уредено:
Си напишав скрипта која во 00:03 по полноќ, без моја интеракција ќе постира во темата за промена на корисничкото име. Само да не се деси некоја хаварија, да ни ја исклучи ВМРО струјава... :unsure:

#режим #диктатура #5минути? :kuracc:
 
Picture 1961.jpg .Picture 1962.jpg .Picture 1960.jpg
сега што ќе кажет, другиглупаропосот на ова, има ли ваков случај во Прилеп.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom