Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално, ама не им одговара да стане барана валута. Затоа и го врзаа.

На секоја држава и одговара да има барана валута затоа и војните, швајцарците не беа спремни и вака имаат последниве години доста притисоци да го си го самоуништат банкарскиот систем. Прашање е само кога тоа ќе се смени, они сега за сега губат со тоа што се врзаа
 
На секоја држава и одговара да има барана валута затоа и војните, швајцарците не беа спремни и вака имаат последниве години доста притисоци да го си го самоуништат банкарскиот систем. Прашање е само кога тоа ќе се смени, они сега за сега губат со тоа што се врзаа
Напротив, добиваат. Доколку ја оставеа валутата да флуктира ќе станеше пресилна и ќе ја загрозеше конкурентноста на нивната економија.
 
Ти очигледно ништо не разбираш и само мешаш термини... Најстабилна валута ти е швајцарскиот франак. Доларот е најкористена, ама тоа нагло се намалува. Смеј се колку сакаш ама ако фирмите и поединците имаат можност да платат директно во јуани за кинеската роба или рубљи за руската тогаш зашто би правеле и плаќале дупли трошоци (размена на локална валута во долар, па на кинеска страна размена на долар во јуан)? Попуст ако платиш во јуан дирекно и тоа е тоа... Денес и онака на секој му треба јуани со оглед на тоа дека кина произведува барем 20-30% од се на светот...
Ти изгледа си смешал поими.
За франкот веќе ти објаснија, а поентата на резервна валута е за да се избегнат трошоците од разменување валути при интернационални трансакции. Нема дупли трошоци и не се менува локална валута во долар и обратно, туку се користат резерви на долари кои ги чуваат банките и владите, од таму е поимот резервна валута.
 
Ти очигледно ништо не разбираш и само мешаш термини... Најстабилна валута ти е швајцарскиот франак. Доларот е најкористена, ама тоа нагло се намалува. Смеј се колку сакаш ама ако фирмите и поединците имаат можност да платат директно во јуани за кинеската роба или рубљи за руската тогаш зашто би правеле и плаќале дупли трошоци (размена на локална валута во долар, па на кинеска страна размена на долар во јуан)? Попуст ако платиш во јуан дирекно и тоа е тоа... Денес и онака на секој му треба јуани со оглед на тоа дека кина произведува барем 20-30% од се на светот...

Не е проблемот во дупли трошоци во тргувањето, туку потоа во замената на доларот во домашна валута, која сега ќе се избегнува, па наместо да ги заменуваат доларите за рубљи и јуани(со што доларот расте), тие со доларите одма ќе купуваат нови резерви на злато.
Со тие резерви пак во секој момент можат да извршат исплаќање во било која валута, без да зависат од курсот на домашната валута и да губат куповна моќ.

Причината поради која руските и кинески резерви на злато драстично пораснаа во текот на изминативе неколку години е последица на овој тренд. И Русите и Кинезите и понатаму го прифаќаат доларот како платежно средство, меѓутоа за сите долари кои ги добиваат веднаш купуваат злато и се ослободуваат од доларите. Златото не губи на разликите во курсот и овозможува одржување стабилна вредност во трезорот.
Понатаму, бидејќи во сите земји кои произведуваат нафта, најголемиот дел од приходите се токму од неа, тие ќе избегнуваат да ги зголемуваат приходите со вредноста на доларот, туку тоа ќе биде или во своите валути или во злато.
Во некои случаи и директна размена за трговски стоки. Што значи не се креира побарувачка за долари.

Што прави во моментов Саудиска Арабија и зошто ги намалува своите приходи од продажбата на нафта?
Тоа е дежа ву стратегија копирана од лукавите Евреи кои на тој начин ја ликвидирале својата конкуренција во било кој сектор, каде и да правеле бизнис низ сите доба. Кога ќе ја докрајчат конкуренцијата можат да ги подигнат цените многу повисоко отколку реално треба да се и ќе го надоместат овој привремен губиток сега, а може и нема да мораат затоа што ќе продаваат многу поголеми количини. Значи во секој случај тие на долг се кладат во максимизирање на своите приходи.

Saudi Arabia is giving up billions of dollars of revenues in the short term and running a $39bn budget deficit in 2015, in an effort to retain market share. It is betting a period of lower prices (which it can withstand given plentiful foreign exchange reserves) will shake out some high cost producers.
As indeed Standard Oil under Rockefeller did. He knew that he was the lowest cost producer. He could therefore, by lowering prices, knock out of production that oil that was more expensive to produce. This would increase his revenues because although he was getting less per barrel (and no, he never did raise prices again once he’d killed the competition, not on the grand scale he didn’t) but he was selling more barrels at prices still above his production cost.

http://www.forbes.com/sites/timwors...owest-cost-producer-almost-like-standard-oil/

Слично се обидува да направи и Русија со зголемување на своите резерви но во злато (одржување на вредност) и со тоа одржување на дозволена рамнотежа и покрај намалените нафтени профити кои ги претрпеа поради ниските цени на Саудијците. Затоа истовремено го вклучија Арктикот како приоритет во својата национална стратегија, кој треба да им овозможи нови нафтени и гасни ресурси - нови приходи и неутрализирање на манипулирањето со цените и производството на блискиот исток.

А во исто време, Саудијците ги погодуваат и Американците, чии планови за алтернативни ресурси сега се неисплатливи во споредба со ефтината нафта, како и сите планирани нови нафтени дупчења кои нема да даваат РоИ како што било посакувано на почетокот.
Но, затоа тие излезот скоро секогаш го наоѓале во започнување на нова војна на блискиот исток и со тоа поскапување на цените.

Доколку во моментов САД имаат сојуз со Саудијците и играат искалкулирано за да ги докрајчат Русите со валутата и приходите од нафтата, тука е Иран кој работи во полза на Русија и Кина и кој во секое време може да започне нови воени вежби и провокации со цел зголемување на ризикот.
Пример од минатата недела:
Иран започнува воена вежба кај Ормускиот теснец
http://daily.mk/vesti/iran-zapochnuva-voena-vezhba-kaj-ormuskiot-tesnec-1

Во меѓувреме, освен освојување и пробивање на нови скратени трговски патишта покрај северниот арктички брег на Русија, на другата страна Кина почнува изградба на нов канал во Никарагва, со цел да го елиминира Панамскиот канал контролиран од САД.

Nicaragua announces start of China-backed canal to rival Panama
http://www.reuters.com/article/2014/12/23/us-nicaragua-canal-idUSKBN0K01T920141223

Тоа народно кажано е вистински cockblock за америчката геополитика.

Наскоро САД ќе интервенираат да се вратат старите цени на нафтата, ќе бидат принудени, а со тоа и ќе ја повратат Русија која ќе биде непотребно зајакната и окуражена.
Европа ќе пострада во секој случај, бидејќи избраа “Турски поток“ наместо Јужниот, и второ поради лицемерната политика во Украина која е неодржлива на долг рок.
И се ми се чини дека Русија и Кина спремаат нови изненадувања, помогнати од БРИКС членките.
 
Доларот е светска резервна валута број еден зошто го има во големи колични, зад кои стои најсигурната држава и најсилната економија во светот.
Затоа освен во националните валути меѓународните договори се изразуваат и во долари заради сигрурноста во случај да домашните ликални валути почнат да девалвираат..
Подобро би било да е тоа златото ама обемот на златото не го дозволува тоа плус самата практичност.
Таа позиција која во одреден историски период вистински му припаѓаше на доларот ја злоупотребија од ФЕД печатејќи неконтролирани количини долари и вештачки нереално правејќи огромна разлика во однос на другите валути со што доларот ја задржа нереалната вредност а ја зголеми количината,па така платите на Западот во однос на другите нереално количнински се зголемија.
Тие се поразвиени ама не се 10 пати поразвиени во апсолутни бројки пресметани во длари.
Тие сега се како што Путин ги нарече најголеми свески пар5азити кој го цицаат целиот останат свет.
Главниот проблем на рушење на позициите на доларот е психолошки и тие тоа добро го знаат па затоа беше ова валутно стампедо врз рубљата.
Добро е што Кина и Русија полека се префлаат на националните платежни валути но најважно е народот во неговата психа да свати дека доларот не е перпективна валута и дека штедењето во долари е лош избор.
Зошто ако плаќањата се извршуваат во национални валути а профитите се префлаат во долари (како сигруно штедење)се до тогаш вредноста на доларот нема да падне на неговата реална вредност,туку ќе стои многу преценет.
Значи процесот ќе биде долгорочен и е многу важна ефективна доларска антикапмања.
Тоа што тие го направија сега е психолошки да му се втера на рускиот народ дека неговата валута е нестабилна и дека не е сигурно да се штеди во неа.
Такви удари имаше во преходниот период и врз еврото кое беше единственото кое го имаше капацитетот да го замени доларот па токму и финансиската криза во Грција треба да се гледа и преку таа призма.
Тие се обидоа да го убедат светот дека еврото (кое оди заедно со Грција Португалија Италија..)не е стабилна валута како доларот и дека не може да го замени доларот
 
Последно уредено:
@кнез , токму така, добро срочено мислење.

Привршува 2014 година. Надворешнополитичките битки за кратко стивнуваат. Може да се оцени ситуацијата. Откако ќе се обѕрнеме назад, ќе ги видиме Крим и Севастопол кои го кренале руското знаме. Исто така ќе ги видиме старите и новите сојузници од Азија, Латинска Америка и Африка. Пред нас, пак - жаришта на граѓанска војна од полн размер на самата граница на Русија и искри на „студена војна без правила“.

http://mk.rbth.com/politics/2014/12/29/na_rusija_i_se_zakanuva_studena_vojna_bez_pravila_39979.html
 
@кнез , токму така, добро срочено мислење.

Привршува 2014 година. Надворешнополитичките битки за кратко стивнуваат. Може да се оцени ситуацијата. Откако ќе се обѕрнеме назад, ќе ги видиме Крим и Севастопол кои го кренале руското знаме. Исто така ќе ги видиме старите и новите сојузници од Азија, Латинска Америка и Африка. Пред нас, пак - жаришта на граѓанска војна од полн размер на самата граница на Русија и искри на „студена војна без правила“.

http://mk.rbth.com/politics/2014/12/29/na_rusija_i_se_zakanuva_studena_vojna_bez_pravila_39979.html
Минатата година почна преку Сирија во која Русија однесе голема победа а оваа година тие преку Украина се обидоа да возвратат а со валутното стампедо да насетат колку е Русија силна и кој се вистинските сојузници кои ќе одат заедно со Русија во таа конфронтација.
Русија одговори со Крим и менување на границите кое тие го сметаа за нивно ексклузивно право,и исто толку ваќно со продолжување и зајакнување на руско-кинеското сојузништво.
Расните немири се само одговор дека Русија ќе се обиде да ја префли топката на северноамериканско копно а јужноамериканските држави и руското навлегување на тој терен е ист така важен вектор на контраударот врз американскиот диктат.
Балканот ќе биде точка на пробив на Русија кон Европскиот фронт.
Русија во 2014 година почна да одговара стратешки врз американските хегемонистички империјални интереси и која потпомогната од Кина започнаа отворена битка на сите светски фронтови и финансиски полиња.
Некаде ќе има порази некаде ќе има победи но најважно е да се прво одржи стратешкиот баланс а потоа помине во стратешка офанзива.
За нас е тоа од насушна потреба за да можеме да се оствариме како народ и индивидуалци.
Прво да го спречиме ова демографско интелектуално и секакво девастирање на нашиот народ(јазик култура интелектуално творештво идентитет), па после тоа и на државата и се останато.
 
Доларот е светска резервна валута број еден зошто го има во големи колични, зад кои стои најсигурната држава и најсилната економија во светот.
Затоа освен во националните валути меѓународните договори се изразуваат и во долари заради сигрурноста во случај да домашните ликални валути почнат да девалвираат..
Подобро би било да е тоа златото ама обемот на златото не го дозволува тоа плус самата практичност.
До овде си во право.
Таа позиција која во одреден историски период вистински му припаѓаше на доларот ја злоупотребија од ФЕД печатејќи неконтролирани количини долари и вештачки нереално правејќи огромна разлика во однос на другите валути со што доларот ја задржа нереалната вредност а ја зголеми количината,па така платите на Западот во однос на другите нереално количнински се зголемија.
Инфлацијата им стабилна околу 2%, што значи дека не печатат баш толку колку што преувеличувате. Има случаи каде што ФЕД го намалува обемот на пари во системот.
Главниот проблем на рушење на позициите на доларот е психолошки и тие тоа добро го знаат па затоа беше ова валутно стампедо врз рубљата.
Во право си, психолошкиот фактор игра голема улога. Но се додека условите кои ги спомна погоре се точни, доларот ќе има предност во таа психолошка игра. На инвеститори и држави не ги интересира пропаганда, ги интересираат факти за да можат да носат финансиски одлуки. А фактите, како што напиша во твојот пост, се дека американскиот систем во моментов е најстабилен, историски се покажал истраен и еластичен. За разлика на пример во Русија, на секои 30-40 години се случуваат револуции или промени во системот, од монархизам во комунизам, комунизам во капитализам, капитализам во путинизам? Тоа не остава впечаток на стабилност.
Друг фактор е воената моќ која стои зад валутата. Ако сметаш со коефициенти, Вашингтон има да речеме најмали шанси да биде окупиран од странска војска.
Добро е што Кина и Русија полека се префлаат на националните платежни валути но најважно е народот во неговата психа да свати дека доларот не е перпективна валута и дека штедењето во долари е лош избор.
Никогаш немало препреки за држави да користат национални валути во меѓусебна трговија. Само прашањето е во која валута? Русија и Кина на пример во која валута ќе вршат трговија - руска или кинеска? Секој сака да ја наметне својата.

За тоа колку Кина може да биде руски сојузник говорат следниве фактори.

Најголеми трговски партнери на Кина.
TdCdQno.png


Увоз и извоз на САД
935px-US_trade_final-01.svg.png

Дебелата црвена стрелка од Кина до САД објаснува многу работи.
 
Последно уредено:
Значи не само што ја покрила загубата, туку и излегле на плус со 4,3 мљ долари. и превзеле сопственост на акции.
Тоа е химера.
Штета,што ja понесе Русиja е втора по големина после разпадот на СССР.[DOUBLEPOST=1420038711][/DOUBLEPOST]
Далеко са уште от нивата на една САД,Германиja,Франциja или Италиja.
Да не зборуваме за покриеност на валутата.
Ако некоj си представа златна руска рубла-згрешил е.
Со закрепнуване на светската икономика-цената на златото ке падне.
Тоа закрепнуване па ке получи тласок от падот на цената на петрола на светските берзи.
 
Последно уредено:
Муабетот не беше дека Рубљата или Јуанот се борат да го заменат доларот како резервни валути, ниту дека се подобри од нивото на САД, Германија или било кој друг.
Затоа не ја одвлекувајте дискусијата во насока која не беше предмет на нашето спорење.

Ако ги согледате фактите, тие се еднозначни и постојано се повторуваат:

1. Никому не му е во интерес да предизвика ненадеен распад на финансискиот свет заснован врз доларот – што би значело финансиски колапс на голем број земји кои после не би можеле да ги подмират плаќањата за испораките, на пример кон Русија и Кина

2. Наместо тоа, постепено им се дава можност (слободен избор) да се пренасочат на други алтернативи – да ги претворат своите резерви во рубли, јуани и други валути од земјите од Брикс и Шангајската група. Ова веќе се случува.
Од тие што сеуште плаќаат во долари, Русија и Кина ги заменуваат инкасираните долари за злато.

3.Пред само десет години хартиите од вредност деноминирани во долари сочинуваа 90 отсто од резервите низ светот.
Денес тој однос е паднат на 60 отсто и продолжува да се намалува.

4. Единствениот начин да се одвојат рубљата и јуанот од монетарниот систем базиран на доларот, а истовремено да се изборат за нов монетарен систем без доларот е сценариото кое сега се случува:

- контролирана депрецијација на рубљата под влијание на понудата вс. побарувачката на девизниот пазар
- контролирана девалвација на јуанот

Во моментот кога резервите на Русија и Кина ќе го достигнат потребното ниво и кога ќе проценат дека е најпогодниот момент, тие ќе почнат масовно да ги откупуваат своите ефтини валути плаќајќи во долари, со тоа ќе креираат:
- зголемена понуда на долари на девизниот пазар
- драстично зголемување на побарувачката за рубљи и јуани


Тоа ќе резултира со враќање на вредноста на рубљата и јуанот и создавање нов монетарен систем детронизирајќи го доларот.
Потоа доколку им биде потребна резервна валута, секоја земја ќе може слободно да избира дали и одговара повеќе доларот, рубљата, јуанот или злато и сл.
Прашањето кое се почесто се појавува е дали воопшто некому потребна е резервна валута.
 
Ниту една релевантна институција во Европа па ни во Азија/Америка не очекува закрепување на економијата. Освен Бугарија секако.:aplauz:
 
Гледам дека сите сте се зафатиле за валутите,а заборавате дека најмногу се тргува со хартии од вредност,а најмалку со валути.Само пресметките се прават во валути а целата трговија се одвива со хартии од вредност.

Дали ќе се тргува во рубљи или во долари е помалку битно,битно е што се тргува.засега најмногу се тргува со хартии од вредност од амерички финансиски корпорации,кои и го диктираат пазарот.

И јас во душата сум за тоа на чичко Сем да му ги поткршат малку роговите,но вистинската ситуација е сосема поинаква.

Сад секоја година издава по 1000 милијарди долари хартии од вредност кои другите држави ги купуваат како државни резерви.


Просто кажано-ние заемите ги враќаме,а САД и другите богати држави не ги враќаат.Нивните долгови другите ги чуваат како девизни резерви
 
Ниту една релевантна институција во Европа па ни во Азија/Америка не очекува закрепување на економијата. Освен Бугарија секако.:aplauz:

Македонија ја заборави!.:icon_mrgr: :pivo2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom