Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Левичар за што може друго да го бива, сем за креирање гласачко тело со партиски вработувања во јавен сектор, добивање избори и полнење буџет преку легален рекет. :toe:
Па тоа го прави секоја партија кај нас од 1991 наваму, без разлика на официјалната идеологија на партиите. :) Кај нас не постои функционална идеолошка матрица на политичките партии, особено кога се на власт.

Инаку, доста одите оф-топик, вратете се.

Реален беше соодветно опоменат и бидејќи соодветно ме игнорираше после опомената, соодветно е и баниран од тема на 2 недели.

И следниот кој ќе почне со избори и слични оф-топик тематики ќе биде баниран од тема.
Ова е општо предупредување да знаете, нема веќе поединечно да опоменувам и да бидам фина.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
Па тоа го прави секоја партија кај нас од 1991 наваму, без разлика на официјалната идеологија на партиите. :) Кај нас не постои функционална идеолошка матрица на политичките партии, особено кога се на власт.
Нема, стварно. Каша-попара е сè. Ко со две леви нозе ни е државава. Треба да ѝ се удри едно квалитетно десно кроше, да се отрезни малку од коктелот комуњарски. Али ќе биде и тоа, само треба малку време да се направи терен, да сфати народов дека постои и друга опција базирана на малку поразлични вредности и принципи од досега видените.

Ова нека биде последен офтопик, да се вратиме на темата.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Опааа, овие контра-пленум напраиле :pos:
Мноу јако. Немора сам да ги бараш, сами земале си се потпишале, само печатиш еден лист, ганот, и со ред.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Шо толку запнале да го туркаат законов ко животот на државата да зависи од него?!
Јеботе, овие ќе потепаат све живо и диво само да испаднат дека се во право.
Магарето лета, лета другаре Сталин, ама ниско па не се гледа. fuck sake
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.096
Поени од реакции
12.667
Опааа, овие контра-пленум напраиле :pos:
Мноу јако. Немора сам да ги бараш, сами земале си се потпишале, само печатиш еден лист, ганот, и со ред.
Ова им е трет пат на пвеводбениците како играат на картата "Раздели па владеј", обидувајќи се да поделат народ против народ.

Првиот пат им успеа кога беа протестите против изградбата на црква на плоштад Македонија, но сепак МПЦ подоцна се откажа од изградба на црква на таа локација.

Вториот пат беше во декември 2012, кога не успеаа со методата народ против народ да го усвојат буџетот за 2013 година, па со присилно вадење на пратениците од опозицијата и на новинарите од Парламентот, успеаа по забрзана постапка да го усвојат буџетот.

Ова им е трет пат и овој пат, останува на студентите, професорите и нивните семејства, заедно да спречат нова неправда и ново злоупотребување на власта и на демократскиот процес во Македонија.

Со оглед на фактот дека уште од локалните избори во 2013 година почнаа да се појавуваат пукнатините на површината на пвеводбеничката криминална и корумпирана структура, на студентите, професорите и нивните семејства останува да останат уште пожилави и поодлучни и прашање на време ќе биде додека пвеводбениците си го добијат заслужениот стап по секој дел од телото, по кого очајнички плачат со ваквите идиотизми кои ги прават.

Студентите и професорите треба да се гордеат со самите себеси, да бидат задоволни и дополнително да се охрабрат кога ќе видат дека и официјално започна владина и медиумска хајка против Студентскиот Пленум и против Професорскиот Пленум, се со цел истите да бидат дискредитирани и делегитимизирани.

Самиот факт дека пвеводбениците се одлучија на ваков очајнички потег повеќе од доволно говори дека студентите дефинитивно им станаа трн во око на пвеводбениците и сега на студентите останува да навлезат уште подлабоко во окото на пвеводбениците за да ги боли уште повеќе и да не попуштат.

Шо толку запнале да го туркаат законов ко животот на државата да зависи од него?!
Јеботе, овие ќе потепаат све живо и диво само да испаднат дека се во право.
Магарето лета, лета другаре Сталин, ама ниско па не се гледа. fuck sake
Се започна како само уште еден метод за собирање пари од казни, бидејќи се потребни пари за споменици, за административни згради и за партиските подлизурковци во државната и во јавната администрација, но благодарејќи на протестите организирани од страна на Студентскиот Пленум, сега стана прашање на горделивост, его, суета и инает.

На почетокот сакаа да усвојат законски измени со кои ќе можат уште повеќе да ги рекетираат студентите, но сега се одлучни да ги усвојат истите тие законски измени за да си ги задоволат сопствените горделивости, егоа, суети и инаети.

Одлучни се да играат на се или ништо, но и студентите - барем засега - исто така се одлучни да играат на се или ништо. Прашањето е кој прв ќе трепне, односно кој кого ќе надмудри.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Левичар за што може друго да го бива, сем за креирање гласачко тело со партиски вработувања во јавен сектор, добивање избори и полнење буџет преку легален рекет. :toe:
Само што ја опиша моменталната власт предводена од самодекларирана демохристијанска конзервативна партија.

Ова е втор врв на парадоксот денес, ептен ми тргна изгледа.
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Професорот на Филозофскиот факултет, Ванчо Ѓорѓиев кој се најде на листата од 180 професори кои го поддржуваат реформите, потврдува дека останува на ставот на ректорската управа и сенатот за државниот испит.

Почитувани колеги,

Ве информирам дека своите ставови во врска со престојните законски реформи ги имам елаборирано на седниците на Институтот за историја. Истите се преточени во писмо до деканатот на Филозофски факултет (Види прилог, стр. 17), од каде што се препратени до ректоратот на УКИМ, и затоа стојам зад одлуката на ректорската управа и сенатот.

Притоа, сакам да истакнам дека од секогаш се залагам за подобрување на квалитетот на образованието и за институционално дејствување и решавање на сите прашања во врска со високото образование.

Со почит, Ванчо Ѓорѓиев

Страна 17 гласи:

1. Институтот за Историја е целосно посветен на обезбедувањето квалитетно образование за своите студенти, и во таа смисла ќе ја поддржи секоја обмислена, системска и логична реформа на образовниот систем во РМ, особено на високото образование; сметаме дека дел од досегашните реформи се донесени избрзано и парцијално, со што наместо да го кренат квалитетот на образованието, придонесоа да се најдеме во сегашната состојба.

2. Цениме дека и предложениве реформи се избрзани и не се потпираат врз методолошки издржана сондажа и анализа на состојбите; напротив, тие се засновани врз одредени странски модели кои треба да се и имплантираат кај нас, а се крајно несоодветни како за нашето општество, така и за нашата образовна традиција, нашиот потенцијал и материјалните услови. Тие се потпираат врз механичка имплементација на одредсни рангирања изработени со сосем поинакви цели и намени, одошто е реформата на нашиот образовен систем.

3. Во ниту едно од предложените законски решенија не се земени предвид специфичностите на наставата и предметот на истражување ниту на секој поодделен факултет, ниту пак на Институтите кои ги сочинуваат. Се предлагаат исти системски решенија и за природните, и за техничките, и за општествените науки, кои во никој случај не можат да се третираат истоветно.

4. Предложените законски одредници ја предимензионираат улогата на МОН и БРО, а ја минимизираат улогата и стручните и научните компетенции на Наставничките совети и Факултетите, дури и на Ректоратот. Со тоа, се прави директен упад во автономијата на Универзитетот, пропишана и загарантирана со Уставот на РМ.

5. Од досега изложеното може да се констатира дека единствена последица од предложените законски измени ќе биде крајно деградирање на образовниот систем во целина, на македонската научна мисла и на македонските научни и стручни работници.

б. Бараме од Деканатот на ФзФ јасно и недвосмислено да му ги пренесе на Ректоратот на УКИМ овие ставови на Институтот.

7. Бараме од Ректоратот и, особено, од Ректорот на УКИМ јавно да застане во одбрана на угледот и интегритетот на Институцијата и на сите вработени во неа.

8. Бараме од Предлагачот да ја стопира постапката за донесување на овие законски измени.
 
C

cige

Гостин
и тоа значи право партиски е протестот нели? Стоеле неколку луѓе од СДСМ и право организатор на протестот е партијата која неможе да отвори еден обичен дуќан, а не пак да организира протест со 9000 студенти. Незнам уште колку пати ќе се објаснува се едно исто.
Они живеат за такви денови. Битно да има некој да се спротивставува на вмро, не е битно од која причина
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
Во случај доколку се изгласа законот, а по се изгледа дека ќе се изгласа, сметам дека Студентскиот Пленум треба отпочне постапка со собирање 100 000 потписи за распишување референдум.

Секако дека постојат низа опасности, почнувајќи од тоа власта да врши притисок врз граѓаните, администрацијата, да гласаат "мртви" гласачи, гласачи од Пустец, непрочистен избирачки список итн. Уште полошо би било доколку би ги убедиле и коалициските партнери од албанскиот блог да гласаат во корист на законските измени (но не верувам дека тоа било така лесно). Или можеби ќе игра на картата преку медиумите да ги убедуваат граѓаните да не излегуваат на референдум со цел да не се исполни цензусот.

Како и да е, сметам дека референдумот би била извонредна опција граѓаните да кажат НЕ за противуставните законски измени. Тоа мислам дека би била одлична можност. Ако би сметале на Претседателот или Уставниот Суд, ептен би се зезнале.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Они живеат за такви денови. Битно да има некој да се спротивставува на вмро Македонија не е битно од која причина
Пошо тие се све македонско а другите се предавници, соросоиди, платени грчки шпиуни пуштени да ја уништат светата земја.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
Само што ја опиша моменталната власт предводена од самодекларирана демохристијанска конзервативна партија.

Ова е втор врв на парадоксот денес, ептен ми тргна изгледа.
Тоа и ми беше поентата цело време. Партиите кај нас идеолошки се каша-попара. Тоа што го опишав е како функционираат партиите кај нас, односно како не треба да функционираат.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Во случај доколку се изгласа законот, а по се изгледа дека ќе се изгласа, сметам дека Студентскиот Пленум треба отпочне постапка со собирање 100 000 потписи за распишување референдум.

Секако дека постојат низа опасности, почнувајќи од тоа власта да врши притисок врз граѓаните, администрацијата, да гласаат "мртви" гласачи, гласачи од Пустец, непрочистен избирачки список итн. Уште полошо би било доколку би ги убедиле и коалициските партнери од албанскиот блог да гласаат во корист на законските измени (но не верувам дека тоа било така лесно). Или можеби ќе игра на картата преку медиумите да ги убедуваат граѓаните да не излегуваат на референдум со цел да не се исполни цензусот.

Како и да е, сметам дека референдумот би била извонредна опција граѓаните да кажат НЕ за противуставните законски измени. Тоа мислам дека би била одлична можност. Ако би сметале на Претседателот или Уставниот Суд, ептен би се зезнале.
Да. Прекрасна идеја. На избори да им идеме!
:pos:
Шо кажа еј..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.096
Поени од реакции
12.667
Да. Прекрасна идеја. На избори да им идеме!
:pos:
Шо кажа еј..
Држи вода идејата.

Хрватите на референдум им кажаа НЕ на браковите помеѓу истополови партнери, а пред вистината и боговите молчат.

Референдум би требало да биде претпоследниот чекор кон запирање на ваквиот идиотизам наречен екстерно тестирање/државен испит.

Последниот чекор би требало да бидат граѓанска непослушност и масовни протести и демонстрации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom