Во контра-пленумот измислени имиња?!
Продеканот на Филозофски факултет, доц. Д-р Ратко Дуев, на својот фејсбук профил напиша дека не се потпишал на листата на контра-пленумот за кој објавија повеќе провладини медиуми, а на кој се наоѓаат повеќе имиња на универзитетски професори кои наводно ги поддржуваат измените во Законот за високо образование.
„Одговорно тврдам дека не сум потпишал никакво писмо, моите сугестии и белешки за законските измени преку Институтот беа доставени до Факултетот и затоа и стојам зад одлуките на ректорската управа и сенатот“, напиша Дуев на фејсбук, објави порталот
„Либертас“.
„Плусинфо“ дознава дека професорот Дуев не е единствен таков случај, неовластено било искористено и името на Драги Рашковски, доцент на Правниот факултет во Скопје. Рашковски веќе три дена е надвор од земјата и најверојатно воопшто не е консултиран за да биде вметнат во овој список.
Професори кои се дел од професорскиот пленум, велат дека на списокот на пленумот има и други имиња на нивни колеги кои со сигурност знаат дека не ги поддржуваат новите реформи на Владата во високото образование.
http://www.plusinfo.mk/vest/9838/vo-kontra-plenumot-izmisleni-iminja
http://libertas.mk/во-контра-пленумот-и-лажни-потписи-д-р/