Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Милион пати пишувано....еве пак...
И не верувајте на идиотштините по портали и слични глупости:
согласно актуелниот ЗБСП во членот 404 е наведено:

(1) Моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат НАДВОР ОД НАСЕЛЕНО МЕСТО, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
(2) Униформираниот полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема, согласно со ставот (1) на овој член.
(3) Униформиран полициски службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.
(4) Глоба во износ од 15 ЕВРА во денарска противвредност, во мандатна постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Е, а еве како ќе биде кога ќе стапи на сила новиот ЗБСП, во член 364 е наведено:

(1) Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
(2) Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема, согласно ставот (1) на овој член.
(3) Полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка, ќе му се издаде односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Разликата е во тоа што зимската опрема ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА И ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО, и казната е 45 евра или 25 казнени поени. Тоа кога ќе стапи во сила новиот ЗБСП.
Зимска опрема се зимски гуми или летни гуми со шара од најмалце 4мм, тоа би му дошло здрава гума на половина од својот работен век, нова има шара длабока 8мм...
 
A pazi go ova sega, Slovenija e alpska planinska drzava pa kaj niv e zakonski minimum 3 milimetri letni ili zimski gumi. Ako imas zimski so 3mm ne treba da nosis lanci. A na slovenecko primorje nema potreba od zimska oprema. (ova kaj nas komotno bi mozelo da vazi za dojran,strumica i gevgelija)

Zakon o pravilih cestnega prometa (ZPrCP, Ur.l.št. 109/2010 in 57/2012) v 29. členu določa, da morajo biti med 15. 11. in 15. 3. oz. pred ali po tem datumu v primeru zimskih razmer vozila opremljena z zimsko opremo, ki jo sestavljajo 4 zimske pnevmatike z oznako M+S z minimalno globino profila 3 mm ali 4 letne pnevmatike z minimalno globino profila 3 mm in ustrezno velike snežne verige v priboru. Vozila s štirikolesnim pogonom morajo imeti v primeru uporabe letnih pnevmatik snežne verige vsaj za stalno vklopljeno os.

Rabotava ispagja kaj nas deka pogolemi snegovi i studovi ima nego tamu. Lopovluk.
:tapp::icon_lol:
 
Совет ми треба дечки, си купив Опел Вектра A 1.7 ТД Исузу мотор, после возење така тро подолгиќко и тестирање ( 150км на час), си ја паркирав колата в град пошто имав работа ми излезе низ решетката напред кај знакчето бело-гриавкаст чад а температурата се движеше 90 и под 90, чадот мирисаше на некое запалено жиче или стопено пластиче, пред тоа го работев парното. Исто така забележав дека перката на температура од 90 не се пушта ( нз дали треба на таа температура да се пушти), ми се зеде свеста што не ми помина низ мозок а знам ја следам температурата нон стоп на секоја кола која ја возам ( лошо искуство). Мислам дека е некое жиче или моторчето на перката. Што мислите вие ? :)
 
Мора прво да направиш визуелен преглед на моторор.Дали некое парче пластика се залепило на граната,дали можеби од издувното црево за уљена пареа од картерот на моторот изглегува чад.....Побарај некој што повеќе се разбира,загреј ја колата и отворија ја хаубата
 
Која цена се движат бришачите и знаете ли каде низ Гостивар има некој квалитетни ?:)
 
Мора прво да направиш визуелен преглед на моторор.Дали некое парче пластика се залепило на граната,дали можеби од издувното црево за уљена пареа од картерот на моторот изглегува чад.....Побарај некој што повеќе се разбира,загреј ја колата и отворија ја хаубата
Денес немам ич никаква мака ни после тоа, денес во автоперална ја отворив хаубата имаше едно пластиче на каишот ребрестиот како парче пластиче дали од тоа нз....ама перката пак не се уклучва сама 90 е температурата и не се пушта, ја однесов на автоелектричар ја врза директно да проба дали е во ред се пушти да дува, и ништо не ми рече ја врати како што беше ама имаше мн коли гужва. :)
 
највероватно е термопрекинувачот за перките во дефект.обично се наоѓа заштрафен на самиот ладњак,но мора да се внимава на бојата на пластичната шајбна на него.бојата ја одредува температурата при која би се вклучувале перките.обично е со жолта боја.се гледа која боја е,се купува нов(како поголем штраф изгледа,со две жици на него),се отшрафува стариот и се монтира новиот,ама набрзина
 
Термостатот на блокот си го проверил ли.
Штом викаш дека си видел чад/пареа може да ти грее и од тој термостат.
Не отвара не може да излезе водата од моторот да отиде во хладњљкот па да уклучи термостатот за перките да ја изладат водата.
 
Дечки ај хелп, дали може некој да ми каже како изгледа на слика clock spring-от за SEAT Cordoba 2001 година, 1.9 TDI.

Пример, за кое clock spring зборувам:
490bbc20fe385e0232d121df0cb82b67.jpg
 
Гледам по страниве за гуми и ланци, се рекламираат и некој „чорапи“ за гуми, прочитав дека биле за да спречат лизгање на снег и мраз, но ме интересират колку се функционални, како се монтираат, дали морат да се стават над синџири или можи и без синџири, дали можат да ми ги украдет лесно од на гуми и колку пари кошта еден пар?
 
Денес видов една кола во Кичево со `чорапи` ама беше паркирана и неможев да видам како се движи на големиот снег и мраз
Дечки ај хелп, дали може некој да ми каже како изгледа на слика clock spring-от за SEAT Cordoba 2001 година, 1.9 TDI.

Пример, за кое clock spring зборувам:
490bbc20fe385e0232d121df0cb82b67.jpg
Има шанса да е исто како кај голф 4.прогуглај малку ќе најдиш

 
Гледам по страниве за гуми и ланци, се рекламираат и некој „чорапи“ за гуми, прочитав дека биле за да спречат лизгање на снег и мраз, но ме интересират колку се функционални, како се монтираат, дали морат да се стават над синџири или можи и без синџири, дали можат да ми ги украдет лесно од на гуми и колку пари кошта еден пар?
Изгледај го видеово ... https://www.youtube.com/watch?v=WYjIDvSdzHQ

инаку цената е околу 2000-3000 денари, се вози само со нив, не и со ланци, ако сака некој да ти украде нешто ќе ти ја украдат колата, крадат тркала, све не па чорапи :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom