Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
дечки ај доста политика, избори, гласови, знам дека не можеш да изолираш ама забегавме овие неколку страни. :)
 
Сите студенти на Правниот Факултет се чувствуваат гордо и задоволно во моментов.

Кутрите КУРирци сигурно се чувствуваат многу повредени и навредени, па отишле да му плачат на пастирот во скут. :tapp:

Од 0:37 до крајот на клипот:pos:

 
Дури сеа видов кои се потпишале. Бојо и невестата :vozbud:
 
http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=19170&cat=2
Дно, обесете се бе клошари бе шо ни прајте свесни ли сте???

Се обидоа да предизвикаат поделба кај студентите, па сега се обидуваат да го направат истото и кај професорите.

Очајни се и за жалење се, се гледа дека веќе бројат на ситно додека да престане народот да им гледа низ прсти.

Но јас лично го жалам Љубиша Георгиевски, кого до денешен ден го сметав за паметен човек, но неговото учество во ваква поделба го отстрани од мојата листа на луѓе кои заслужуваат почит без разлика во која политичка партија членуваат или на која религија припаѓаат.
 
Се обидоа да предизвикаат поделба кај студентите, па сега се обидуваат да го направат истото и кај професорите.

Очајни се и за жалење се, се гледа дека веќе бројат на ситно додека да престане народот да им гледа низ прсти.

Но јас лично го жалам Љубиша Георгиевски, кого до денешен ден го сметав за паметен човек, но неговото учество во ваква поделба го отстрани од мојата листа на луѓе кои заслужуваат почит без разлика во која политичка партија членуваат или на која религија припаѓаат.
Партиски скапаници не треба жалење, сите се соучесници. Не знам до каде е можно да одат. Не можам ова да го трпам, до каде може да стигне ова глупирање.
 
Раздели па владеј :icon_lol:.

Клинестото писмо на Сумерите е првото пишано писмо на оваа цивилизација. При превод на некои записи се има дојдено до сознание како се жалат обичните сумерци на корупцијата, неправедноста и непотизмот во системот. И сега замисли на изјави на некој тип или типка како успешно се справувале со корупцијата. Ами оваа цивилизација е стара 6000 години и од најраниот почеток се пишува за тоа и сеуште не може да се справат со тие проблеми затоа што се интегрален системски дел и таа изјава е тажно смешна :icon_lol:.
 
Нели им беа студентите ?
Или сеа ко кренаја глас професорите се свртивте против нив ?
Студентите и нивните дипломи се декларативната цел. И за жал, се само алатка. Јас веќе се изјаснив дека тоа не ми се допаѓа. Студентите не се виновни што се родени во општество во кое се е фарса.

Баш од студентите може да излезе нова и здрава левица. Како СИРИЗА во Грција или Жив ѕид во Хрватска. Само да ги избркаат квазилибералните лгбт агитатори.
 
Многу е жално и болно што политиката се замеша и во образованието..
 
Гордана Речкоска
Никола Речкоски
Ристо Речкоски
Васко Речкоски Шикоски
Јордан Шикоски

Цела фамилија професори.
Тие се тие главните во ФТУ-Охрид :icon_mrgr:
Па и деканот се потпишал:facepalm:
 
Тањето Каракамишево на Правен беше професорица по Уставно право?

Што би било доколку нејзините студенти би ги бојкотирале нејзините предавања, поради прекршување на Уставот за кој треба да предава :icon_lol:?

Чисто онака што би рекол Бил Хикс: I am only planting the seeds :icon_lol:.
 
Навистина не ми е јасно зошто се брзат да го донесат овој закон ?

Државниот испит ќе биде изгласан на ден по Божиќ

sednica14Komisija-685x320.jpg

На собранискиот сајт е објавено дека пратениците ќе гласаат за измените во Законот за високо образование на 8 јануари догодина, после Божиќ.

Иако беше најавено дека за овие законски измени ќе се причекаат сите предлози кои ќе произлезат од јавните и стручните расправи, сепак е нејасно зошто толку на власта и се брза да се донесе овој закон.
http://www.plusinfo.mk/vest/9797/drzavniot-ispit-kje-bide-izglasan-na-den-po-bozikj
Чиста манипулација, не им верувајте, а еве и зошто :
Второто читање е амандманска расправа, односно пратениците предложуваат амандмани на седница на комисијата, па се гласаат тие амандмани па после мислам пак се гласаат амандманите на собраниска седница па не знам како беше тоа со третина од амандманите се изгласани/не се изгласани и во зависност од тоа се одлучува дали на собраниската седница за второ читање ќе се „одржи“ и третото читање, а на третото читање се гласа законот. На сликава јасно се гледа дека е закажана седница на Комисијата за образование, наука и спорт. Освен на оваа комисија, претпоставувам дека истиве измени ќе се разгледува и на Комисијата за Буџет (не знам сеа дали точно вака се вика комисијата, ама зошто измениве имаат и финансиска димензија треба да одат и на комисијата која се занимава со тие прашања). Од кога ќе заврши расправата на комисиите се закажува седница на Собрание и после тече процедурата како шо објаснив погоре. Значи сигурно е дека разгледувањето на измениве на комисииве и да се пушти после одма на Пленарна нема шанси да биде во ист ден, а со оглед на тоа што изгласување на комисија не може во никој случај да значи и изгласување на закон, тогаш измениве сигурно ќе бидат донесени после денов што го пишуваат плус инфо. Чиста манипулација им е ова...

Ја уште сум си против државен испит и некои други измени од „пакетов“, ама многу повеќе сум против вакви манипулации.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom