Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Aха, нервоза како не, тој си има 420-430 000 гласачи пресметани однапред кои гледаат само сител и читаат курир и репер за мислење им е ,,колумната'' на лидерот на умс. Треба некоја тешка глупост, неверојатна глупост да напраи за да падне на некои наредни избори во наредните 7-8 години. Реално.

Многу забегуваат професорите со ваквите изјави, ко демек сите се со докторат или магистратура, па ја гледаат реално ситуацијата. И наместо да искористат ситуација, ко професори да поттикнуваат критичка мисла кај студентите, голем дел иако не се поврзани со партија, не се замараат нешто многу, туку и буквално денгубат, предај лекција, исчитај од слајдови да помине денот.
Секоја чест на исклучоци, ама реалноста е друга.
Ти гарантирам дека веќе нема добри 400.000 гласачи.
Кога се одлучи да мавне по џебот на мајсторите, работниците, хонорарците, кога почна како последен лудак да понижува студенти, професори, лекари, да заклучува средношколци по училници, изгуби многу од тие гласачи.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Нема 400, ако распишува избори на пролет летвичката ќе ја постави на 530000. :D
Ммм добро... ова вака за инает пишуваш овде или имаш некакви аргументи?
Јас само во моето опкружување знам многу луѓе што до вчера гласале за нив, а сега не можат да престанат да зборуваат за шизофренијата од секојдневие.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.086
Поени од реакции
74.843
Намерно сакаат да изгубат бе, украдоа се што може да се украде, ја задолжија цела држава, сега нека му мисли кој и да дојде :kuracc:
Ова е играње курташак пред заминување во странство и трошење на "тешко" заработените пари. Си играат кој ќе смисли полош закон за пациентелата во државава :kuracc:
Ако ништо друго, бар овие од УМС ќе скапат во исти маки како и ние, сигурно за нив нема да има место во авионот кој ќе биде исклучиво во еден правец :oleee:
 
1

1292

Гостин
Студентските протести беа со студентски барања до вториот протест. И тогаш имаа позитивна динамика. На третиот веќе сменија насока и од тогаш се мртви. Вчера само се докажа тоа.

Груевски си прави некои комбинаторики поврзани со случувањата во Грција сега, па и нови избори напролет му се во комбинација. Доколку сака протестиве да станат небитни, треба само да не ги коментира. Ама ги коментира, за да ја има таа група од 200-300 луѓе постојано на улица, и да ја искористи како причина за распишување на избори, доколку му притреба.

Имињата на професорите кои ги споменаа не се случајно избрани. Си има интерни анкети за таа работа, и тие луѓе што ги споменаа воопшто не се популарни. Баш напротив. Ова ќе бидат едни од најлесните противници со кои Груевски се соочил. За жал. Очекував повеќе од универзитетски професори.

Бојкот се сече со избори. :)
Зошто тогаш го брза законот? Тој се обиде да не ги коментира протестите уште кај првиот марш, главните медиуми би рекол и коректно известиа за него. За да ја смири ситуацијата која нели по тебе му одговара премиерот изјави дека овие тестирања нема да важат за тековните студенти. Почнаа да се играат со поими, го впери прстот и кон редовните виновници ( СДСМ, СОРОС) но тоа не беше доволно па го пренасочи кон неспособните професори кои всушност ги манипулирале студентите. Просто не може да се одлучи кои да бидат тие 300 луѓе. Следните виновници можда ќе бидат и странските реномирани професори кои антихристот Сорос ги финасира против неговата света влада ( која нели им пркоси на интересите на САД на секој чекор).

Немора да ни кажуваш дека Груевски калкулирал, секако дека калкулира но не заборавај дека и многу звучни имиња и пред него калкулирале па не им излегле резултатите како што се надевале.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.345
Поени од реакции
26.340
Зошто тогаш го брза законот? Тој се обиде да не ги коментира протестите уште кај првиот марш, главните медиуми би рекол и коректно известиа за него. За да ја смири ситуацијата која нели по тебе му одговара премиерот изјави дека овие тестирања нема да важат за тековните студенти. Почнаа да се играат со поими, го впери прстот и кон редовните виновници ( СДСМ, СОРОС) но тоа не беше доволно па го пренасочи кон неспособните професори кои всушност ги манипулирале студентите. Просто не може да се одлучи кои да бидат тие 300 луѓе. Следните виновници можда ќе бидат и странските реномирани професори кои антихристот Сорос ги финасира против неговата света влада ( која нели им пркоси на интересите на САД на секој чекор).

Немора да ни кажуваш дека Груевски калкулирал, секако дека калкулира но не заборавај дека и многу звучни имиња и пред него калкулирале па не им излегле резултатите како што се надевале.
За да предизвика револт. Ако го закочи, професорите ќе се стишат.

Секако дека има можност да утне во калкулации. Ама за да биде тоа поверојатно, треба да биде притиснат да носи брзи одлуки. Овде тоа не го гледам.
Така, така, заборавив дека ти си во повисоката логистика.
Што има спорно во тоа политичка партија да поседува логистика?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ништо де, само да е „по уставот и законите“ шо би рекла една мала дама.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Искуство во изборен процес се важи ли за аргумент? Груевски сега има терен да ги собере сите торбешки и дел од албанските дисперзирани гласови на ДУИ, настрана гласовите на ГРОМ и несреќнана партија на Буле, кои веќе ги има собрано. Дополнително и ЛДП виси без претседател.

Јас ти гарантирам дека сите тие што ти рекле дека нема да гласаат ќе бидат од 15 до 7 пред гласачки кутии. Сум го гледал тој феномен со години наназад.
Добро првото ти држи вода, ама дека ќе ги гласаат овие што ги напоменав, тоа нема да се случи.
Можеби порано тоа било случај, ама не биле директно засегнати од глупавоста на владата.
Сега речиси сите се, почнувајќи од обичните работници кои се многу голема бројка, 200.000 оштетени хонорарци, гневни студенти и воопшто гневна младина....
А обично не се гласа за, туку против. За жал така оди македонската приказна.
Јас би рекла за Грујо ќе биде многу подобро да не победи, зашто многу неславно ќе заврши.
Луѓето почнаа полека психички да попуштаат и веројатно ако продолжи оваа политика, сакале-нејќеле ќе си ја бараат правдата на улиците. А тоа си го знаат, не џабе се промените во законот за полиција.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
За жал оваа комотно однесување на Груевски е само резултат на тоа што во Македонија не постои опозиција. Во случај Македонија да имаше здрава опозиција сигурно некој закони немаше да се носат на ваков начин туку ако ништо друго ќе имаше малку повеќе простор за дискусија. Единствено позитивно што можеби може да произлезе од овие протести и негодување Е формирање на една здрава критична маса која по секоја цена треба јасно и гласно да се огради од опозициската лешинарија. Мислам дека има простор во политичкиот простор особено за вакви теми како образование, екологија и слични работи. Се надевам дека младите луѓе кои се дистанцират и од ВМРО и од СДС ќе успеат да формират некое „ПИРАТСКО ДВИЖЕЊЕ во Македонија„ кое ќе понуди простор за алтернативно размислување и ставови.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.345
Поени од реакции
26.340
Не не, туку општо вака шо им е целта на нивното владеење?
Тоа што е целта на секое владеење. Обликување на општеството според сопствениот светоглед. Сеа, проблемот во Македонија е што наследија општество обликувано во сосема спротивен, па мораа/т да употребуваат методи со кој ќе ги рушат сите темели на предходното.
 
C

cige

Гостин
Овие агресивни трибини пред собранието не ми личат толку на студентски протести колку на закани за насилно рушење на власта
 

Kajgana Shop

На врв Bottom