Здраво ,ме интересира дали има во мк.некој посредници за аплицирање на австралиска виза иселеничка, имам тетка во австралија која е многу год.таму и ќе ми прати гарантно писмо за да отидам кај неа да работам.Некакви информации да ми кажете каде да се обратам, знам дека австралиската амбасада е во Белград па дали таму мора да се оди или има нешто во Скопје што може да аплицираш преку нет или сл.поздрав
Јас бев во агенција за емигрирање за Австралија во Аеродром и пошто иам струка средно медицинско, што се бара, знам одлично англиски и дечкото ми рече дека ако само тоа било доволно пола Македонија ќе се иселела до сеа, што е и у право. нели?
Го прашав можно ли е да си најдам работа преку огласи, ммм ми рече можно е ама треба ептен голема среќа, долго раб. искуство, пошто е криза во светот, цел свет сака да емигрира во австралија, америка и земјите со англиско говорно подрачје, така што дури и за дефицитарните струки се создава конкуренција кога е во прашање наогањето на раб. место., што не било случај до пред почетокот на кризава...............
Ми рече дека треба да барам соодветен докторат (пошто иам магистратура и за да не се отвара дупла работа да запишувам сега јово на ново друг факултет, и онака неам дарба за математика да запишам електро-дефицитарна струка, или пак чувај боже да заглавам на медицина-повторно дефицитарна струка и нема да имам пари зашто таму се ептен скапи) да запишам докторат во австралија и да искеширам едно 20 - 50000 $ (Што у старт е неприфатлив ризик за мене, пошто ко прво би докторирала на струка што никој не ја бара, дупли ризик да не можам да најдам послем работа, а ко второ со тие пари тука можеш да си отвориш фирма и да си живееш живот а не допрва сеа да учиш)
да го студирам тоа во австралија со тоа што ќе имам дозвола за престој и за парт тајм работа дур трае целото сстудирање докторирање, па ако се покажам и докажам таму, па некој да ме забележи да ме вработи тогаш ќе добијам некоја си раб. дозвола и тоа е еден чекор до целосна емиграција. Значи треба пари, одлучност, за емигрирање, упорност и пак многу пари.
Ми рече да започнам прво со тоа што ќе идам да полагам
ИЕЛТС тука во Скопје.( и да проверам до кај сум со англискиот и колку поени можам да освојам) дали се доволни за да се задоволи критериумот кој што се бара, заборавив сеа колку точно беа некој нека ме дополни.....
Можеш да идеш да работиш кај тетка ти, но привремено, за да ти дадат дозвола за престој и да можеш воопште да си соодветен кандидат за доделување на државјанство и дозвола за работа немаш шанси ако не си на листа на дефицитарни струки па некој да ти понуди работа, и нормално ако не знаеш англиски, не сум сигурна дали требаше и некои пари да имаш во банка како осигурување.(некој нека ме дополни ако ја знае таа информација).
Едина опција што ти е ептен лесна, најлесна полесна нема ти е да успееш да најдеш девојка што ќе сака да се омажи за тебе да има австралиско државјанство и да бидеш во брак со неа толку време колку што е потребно за и ти да добиеш ( не знам колку е временскиот период).