Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Го подржувам барањето на професорите да се пролонгира законот за високо образование и да се овозможи посеопфатна и потемелна дискусија од која би произлегле повеќе идеи и аргументи кои после би биле употребени и вградени во еден поквалитетен и поопшто прифатен закон.
Да не крена температура? Нешто почна да бладаш...
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Курвава што јадеше лајна у собрание за да се донесат „реформиве“ е сериозно deluded.

На Собраниски канал во моментов има седница и за испитиве се дискутира (за тие што не знаат)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.096
Поени од реакции
12.666
Доколку студентите и професорите на дело демонстрираат единство со граѓанска непослушност, сите тие таканаречени законски измени нема да вредат ниту колку хартијата врз која се отпечатени, ниту колку мастилата со кои се отпечатени.

Баш ќе биде интересно да видиме дали Ѓорге Иванов ќе има храброст за да ги послуша своите колеги, или ќе го следи партискиот инстинкт на актуелната најголема владејачка партија во Република Македонија.

http://brif.mk/?p=173792

Граѓанска непослушност ако се изгласа законот за државен испит

декември 29, 2014 17:01



Професорите и студентите ги повикаа пратениците да не ги прифатат измените во Законот за високо образование, кои меѓу другото предвидуваат и воведување државен испит на факултетите.

Се надеваат дека народните избраници ќе бидат поконструктивни од Владата и ќе ги слушнат нивните повици за дебата и аргументирана дискусија за законските измени. За таа цел професорскиуот пленум на сите пратеници им достави писмо, потпишано од 300 универзитетски професори, во кое ги повикаа да не го притиснат копчето што ќе значи уривање на автономијата на универзитетите.



- Морам да потсетам мнозина пратеници дека од 2001 година наваму, но и претходно поднесуваа пријави за магистратури, за докторати, па дури и луѓе од Владата поднесуваа. Ако не вредат нашите универзитети, зошто ги чувате дипломите, праша професорката Гордана Силјановска.

- Владата се обидува да направи еден вид геноцид на интелектуалците и да ја запре секоја слободна мисла. Собранието во својот инвалидски состав ќе ги донесе законите, независно од се`. Ние сме тука за да укажеме дека прават една голема грешка и ги доведуваат целото образование и целата земја во опасност, рече професорот Слободан Унковски.

Професорите преку писмото порачаа дека доколку пратениците ги изгласаат законските измени, нивна последна надеж останува претседателот на државта, Ѓорѓе Иванов, кој доаѓа токму од нивните редови.

- Ако претседателот на Република Македонија, кој милува да ги повикува и да ги учи младите лидери на донесување храбри одлуки, да собере храброст барем сега да каже „не“ и не посегне по ветото ќе го загуби не само својот политички легитимитет туку и професорското и моралното достоинство и интегритет, пишува во писмото, кое на собирот го прочита Владимир Мартиновски од Професорскиот пленум.

И професорите, и студентите упатија жестока критика за изјавата на премиерот Груевски, во која тој ги обвини професорите дека се приклучиле на протестот на Студентскиот пленум само заради тоа што не издавале доволен број квалитетни научни трудови.
- Не му доликува на државник да се однесува како навреден тинејџер. Тврдоглавоста не е одлика на луѓе кои треба да носат одлуки, кои нас не засегаат, истакна Владимир Делов од Студентскиот пленум.

Од студентскиот и од професорскиот пленум порачаа дека ниските температури и високите снегови нема да ги поколебаат во намерата да ги одбранат сопствените права, но и автономијата на високото образование во земјава. Најавија дека и во текот на наредните денови преку различни форми на протест ќе продолжат да го изразуваат незадоволството од предложените реформи. Доколку не се повлече овој закон не исклучуваат и граѓанска непослушност како одговор на игнорантскиот однос на владата.
ова горново малку на смеење тера. Дали веруваш дека ако таткото е добар во едно поле и ќерката ќе биде во тоа....тоа го има само кај сљадољедчиите (ќе ги најдеш по Тетово ама и по Хрватското приморје) кои си префрлаат едно на другко колено....и во Комуналец Баци на Цаци и ја дава метлата.

остави тоа дека се покажале. Од такви фамилии пати Македонија....од што се добри се во Македонија а не надвор.

дека Македонија нема да биде како Германија е јасно поради ред други работи, во кои образованието е само една алка од синџирот. Во Македонија има, покрај иселувањето, доста интелегентни луѓе...за зал со тек на времето ќе се намалува тој процент.

Рекламите на телевизија се со таа цел...
А ти ги познаваш сите тие фамилии за да вршиш ваква генерализација, или само ги споредуваш со себеси бидејќи ти си заминал за Германија ?

Чисто информативно, доколку не си знаел досега, не сите фамилии во кои е наследна професијата заминуваат во потрага по нови знаења и искуства во странство.

Некои се задоволни и со тоа што веќе го имаат.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Фала и на Солза Грчева што ни ги брани интересите. Сите забораваме дека главните играчи се наоѓаат во собранието.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Osejkas kako na temava gi opravaat studentite mockovci so nemale gz da ostanat u drzavata pa sea od daleku se mokni da kakaat....kako trebalo drzaven ispit i slicno...ja bi gi baniral odma od temava...prost covek si e prost,dali e u germanija dali u amerika dali zavrsil na harward ili kade i da e...ke si ostane prost....kompleksi...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Фала и на Солза Грчева што ни ги брани интересите. Сите забораваме дека главните играчи се наоѓаат во собранието.
Дај друго пренеси линков не работи на собраниски, кој и што зборува?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Дај друго пренеси линков не работи на собраниски, кој и што зборува?
Кажа се што се кажуваше од професорите и студентите, дека не е начин за проверка на квалитетот, дека треба други реформи, дека треба да се слушнат оние 10.000 луѓе што излегле на улици гласно да протестираат, дека се нарушува автономијата на универзитетите но за жал победија овците, 70 гласа за 8 против... Барем така гласаа сега на крајот, законот ќе оди понатаму.
 

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Последно уредено:

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.732
Поени од реакции
22.892
Ме интересира како гласаа пратениците од владеачкото мнозинство, Павле Трајанов и Лилјана Поповска.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Ме интересира како гласаа пратениците од владеачкото мнозинство, Павле Трајанов и Лилјана Поповска.
Лилјана Поповска исто така беше против реформиве но не знам кој како гласал на крајот. Еден од ГРОМ беше против, Топузовска исто беше против.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.732
Поени од реакции
22.892
И Павле Трајанов зборуваше против, како и за многу друго "реформи" претходно, иако е член од владината коалиција.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Зошто сеа глеав прилог на Шител за тоа дека Давитковски, Фрчковски, Узунов... немале трудови и не биле во кабинетите, убаво ќе било да сврателе у спат и кај Каракамишева и кај Додовска (ваљда така се презиваше) па да видиме они колку трудови имаат напишано. Не ги бранам Давитковски, Фрчковски, Узунов и таквите како него, ама ако ете да речеме они не чинат дај да ги видиме и другите. Да бидеме за сите мајка, а не демек овие не чинат ама другите не ги спомнуваме.

И уште една работа, курир ја спомнува Силјановска дека не била добра. Ајде да речеме и дека е така како што зборат (а не е), тогаш зошто ја викаат на јавната дебата за уставните амандмани ?
Ако промена на устав е најголема работа во општеството зошто се бараат мислења од такви „неквалитетни“ професори ?
Нека ги викнат квалитетните тогаш...
И друга работа, викаат Давитковски бил лош. Ајде и тоа да речеме дека им е точно (ама не е), зошто тогаш го ставија претседател на комисијата за 24 декември ?
Сите знаеме дека нели тоа беше голем проблем, а уште поголема работа беше разрешувањето на проблемите кои настанаа тој ден. Зошто тогаш се остава на некој „неквалитетен“ професор да разрешува волку битно прашање ?
Смешно, стварно смешно...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пратениците Лилјана Поповска од ДОМ и Павле Трајанов од ДС побараа да има подолга јавна расправа пред донесување на измените на Законот за високо образование за да се согледаат и барањата на студентите и професорите.

Независната пратеничка Солза Грчева, пак, истакна дека студентите и професорите се последица на образовниот процес, а причините за, како што рече, неквалитетното образование треба да се бараат на друго место.

Беким Фазлиу од ДПА побара да има државен испит, но, како што рече, не за студентите, туку за политичарите, министрите, градоначалниците и другите функционери.

Останатите пратеници кои говореа ги поддржаа Предлог законот и предвидените реформи во високото образование, кои, како што посочија, имаат за цел подобрување на образовниот проецес и квалитетот на студрирањето и се во интерес на студентите и државата.

Овие од ДПА секогаш се смешни во парламент.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Беким Фазлиу од ДПА побара да има државен испит, но, како што рече, не за студентите, туку за политичарите, министрите, градоначалниците и другите функционери.
Ееете така, плус психолошки тест.

Оти нели и Гујо Амбди, Бранко, Стојко, Ванчо сите имаат објавен некаков си имапкт труд во странТско списание...

охх мајне фјурер
 

Kajgana Shop

На врв Bottom