Staatsexamen не е исто со тоа што го опишав. Кај ова се работи за државен испит а не за екстерно тестирање. Овој државен испит се прави и кај занимања од среден степен (по наше средно стручно образование)....медицински сестри и учители со виша на пр. значи не само на факултетите.
Причината на овој државен испит е интересот на општествето во зачувување на квалитетот на дефинирани струки (со средно и високо образование)...скратено објаснување: државата сака да се осигура дека во иднина кадри кои се важни за општеството, дали биле службеници или даскали го држат стандардот.
Јас поминував низ една врста екстерни тестирања или контрола на самиот професор од страна на испитна комисија која е дел од факултетите ама независна. Контролорите се секогаш различни и ротираат низ универзитети од различни места.
Тие контролираат дали професорот поставува добри прашања и дали одговорите се доволни за дадената оценка....за неа двајцата решаваат и ти ја обавестуваат по кратка консултација. Ако професорот рече овај положи може третото лице да рече не беше доволно и да те паднат или да ти постават уште некое прашање..
ако влезеш и ти речат имаме додатни прашања подобро е да речеш... пиши паднав и се гледаме следниот пат
Се што спомна за државниот испит во Германија е во ред, со еден исклучок.
Спомна дека комисијата која го спроведува тестирањето ја сочинуваат професори од факултетите, но сепак комисијата функционира независно.
Е па можеби таква е ситуацијата во Германија, но очигледно не си бил во Македонија долго време, или ако си во моментов во Македонија, сепак не си ја согледал реалноста од гледна точка на обичниот македонски смртник.
Реалноста во Македонија околу екстерното тестирање/државниот испит, е дека тестирањето/испитот, почнувајќи од минатата учебна година 2013/2014, се спроведува задолжително за средношколците и повеќе од јасно беше дека прашањата воопшто не беа неселективни и воопшто не беа со иста тежина во сите училишта.
Веќе спомнав за ова на темава, дека конкретно на екстерните тестови по историја, на средношколците им беа давани едни прашања за подготовка, но на екстерните тестови им се паднаа тотално други прашања.
За волја на вистината, на средношколците им беше потенцирано дека на екстерните тестови по историја ќе им се даваат прашања исклучиво за Македонија за време на Втората Светска Војна, но останува отворена можноста да има и други прашања за Македонија во друг временски период, но сепак сите прашања ќе бидат исклучиво за Македонија.
Но на екстерните тестови по историја не само што не се паднаа прашања за Македонија за време на Втората Светска Војна, туку и воопшто не се паднаа прашања за Македонија, туку се паднаа прашања за Албанија помеѓу двете светски војни.
Како учениците ги положија екстерните тестови по историја, останува тие да откријат.
Земајќи го овој пример во предвид, од тука следува заклучокот дека екстерното тестирање/државниот испит во Македонија, воопшто не е воведен(о) со цел да го подобри образованието во Македонија, туку напротив - воведен(о) е со цел да ги поткопа темелите на образованието во Македонија.
Можеби ти си задоволен од образованието кое си го стекнал во Германија, но не можеш да правиш споредби помеѓу германскиот образовен систем и македонскиот образовен систем.
Но од друга страна, некои членови на форумов потенцираа дека во Велика Британија и во Јужна Кореја, државниот испит на факултетите е самата дипломска работа која апсолвентите ја бранат на крајот од студиите, а со оглед на фактот дека Велика Британија и Јужна Кореја се светски економски и индустриски сили исто како и Германија, од тука следува фактот дека задолжителното екстерно тестирање/задолжителниот државен испит и не игра некоја сериозна улога во подобрување на образованието во една држава.