Најжално во целава ситуација е што има студенти со заслужени оцени што го поддржуваат пленумот
Да, затоа што знаат дека покрај образованието, реформи се највеќе потребни на ПАЗАРОТ НА ТРУД.
Се мачеле, учеле, се труделе и на крај за нив нема место на пазарот на труд, затоа што требаат дебели врски или партиски книшки. Никој не им дава ни шанса, ги мавтаат само, се додека не се разочараат комплетно и не ја здувнат некаде од државава. Секој квалитетен кадар кој излегол од државава веднаш се снаоѓа на Запад и многу бргу напредуваат, а тука се молеле и да волонтираат, а за работа само сонувале . Тоа што ти кажува?
Државен испит со дадени однапред прашања не е решение, туку само дополнителен теоретски товар за тие што навистина учат. Тие што ги купуваат дипломите и поминуваат без знаење и државниот испит ќе го поминат на истиот начин.
Дадени прашања со заокружување не се реформа, не поттикнуваат критичко, ниту здраворазумско размислување, туку го учат студентот да меморира прашања и одговори на памет. Тоа го нема на ниту еден квалитетен факултет на свет.
Кој ќе го реформира пазарот на труд бе дечко? Треба да имаме флексибилен пазар на труд, ние тоа го немаме. Ние немаме уствари пазар на труд. Имаме само пазар и трговија со работните места. Веќе се погласни се шпекулациите дека на одредени места треба да платиш за да те вработат (
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
).
Тоа што ти си го стекнал како вештина и знаење на факултет треба да го покажеш на работното место. Ако си тапа и ако не знаеш (како продукт од неучење/купена диплома) ќе бидеш отпуштен, ако те бива ќе напредуваш. Многу едноставно.
А кај нас имаш момент на игнорирање на оние кои имаат знаење и памет, на сметка на оние кои се лојални на партија, макар и најнеспособни да се.
Јас не сум против луѓето да си членуваат во партија, сфаќам дека е тоа личен избор и сфаќам дека партијата ги наградува лојалните членови (тоа секогаш и секаде е така). Ама не можам да сфатам како квалитетниот кадар се бута во ќош, се додека не бидат избркани од државата.
Така да, прво нека направат реформи на тоа што се случува кога треба да се вработиш, па после се останато. Нека замрзнат вработувања во администрација, нека ја преполоват, нека се донесат мерки за развивање на приватниот сектор, а не ко сега да не може човек ни гранапче да отвори, а камо ли некоја фирма што ќе работи чесно и продуктивно, па после дојди и правдај ми го државниот испит.
Инаку, видоа и дека професорите се против испитот, па сега удрија пропаганда дека професорите се криви, не објавувале трудови. Лелееее, еј!