Работа во странство

Член од
29 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ме интересира дали некој досега има аплицирано преку оваа страна http://www.posao-rabota.com


Конкретно ме интересира следнова работна понуда:
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Rabotata se odviva na platforma najdolgo 9 meseci se raboti 21 den vo mesecot po 12 casa. Smeštaj i hrana e na lux nivo, telefonski biznis pozivi se besplatni, plaken avionski prevoz do doma i nazad za vreme na slobodnite dena.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Dnevnata zarabotuvacka na platformite e 250-380 $.[/FONT]


[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif](prednost imaat rabotnici od bivša SFRJ)[/FONT]
Ti mora da se salis posto samo sto go procitav voa, moze male kasno e za odgovor ali sepak eve: http://republika.mk/?p=194575
 
A

Antigona

Гостин
На Нов Зеланд му требаат 50.000 странски работници

Нов Зеланд е во полн економски развој, но неговите жители се повеќе покажуваат интерес за иселување и запознавање на други краишта на светот. Затоа на земјата и се потребни се повеќе странски работници.

На претстојниот саем за вработување во Синдеј, се очекува Нов Зеланд да претстави околу 1.200 испразнети работни места. Според пресметките, пак, на оваа земја со висок животен стандард во следните две години ќе и бидат потреби дури 50.000 странски работници.

Најдефицитарни се градежните работници, инженерите, здравствените работници и информатичарите. Најголем адут на оваа земја е високиот квалитет на животот што го нуди, кој е меѓу највисоките во светот.

==========================

Агенцијата Optimum HR објави оглас дека Англија бара работници.

Имено во огласот е наведено дека се бараат 50 магационери. (Позициите за магационери се за мажи, жени, и брачни парови

кои поседуваат пасош од Европска Унија: хрватски, бугарски, полски….)

За клиентите DHL и Marks&Spencer и многу други, за нивните магацини, се бараат да се вработат магационери .

Работoдавачот нуди:

• Работни часа од 37 до 50 неделно;
• Стартна плата од 6,5 до 10 фунти од работен час + бонуси;
• Здравствено осигурување;
• Годишен платен одмор од 30 дена;

Потребни квалификации:

• Завршено минимум средно образование;
• Солидно познавање на англиски јазик;
• Способност за работа во динамично опкружување.

Напомена: Optimum HR е агенција со број на лиценца 08-11026/1 издадена од Министерство за труд и социјална политика за вршење на дејност за посредување при вработување во земјава и во странство со наплата.

Повеќе информации и како да аплицирате може да прочитате на официјалната веб страна овде или на нивната фејсбук страница.

=================================
ШПАНИЈА БАРА РАБОТНИЦИ за на плантажа со јагоди!

Шпанија бара работнички за работа на плантажа со јагоди. Агенцијата за вработување на оваа европска земја соопшти дека се бараат 350 жени за работа на плантажата. Возраста на бараните работници треба да се движи меѓу 25 и 40 години и важно е да имаат искуствпо во земјоделствоот.

Дневницата е 38 евра. Се работи 6 дена во неделата, со пробен период од 15 дена, а заинтересираните кандидати ќе треба во Шпанија да заминат веќе во средината на месец февруари счедната година.

Со оглед дека станува збор за физичка работа, потребно е кандидатките да се здрави и да се навикнати на тешкиот физички труд.


Извор: faktor.mk
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Има ли некој искуство со овие две агенции за работа во странство, OptimumHR и GlobalWork ? Мислам дека и двете се од Скопје, и доста луѓе ми кажаа дека нашле работа преку нив. Јас веќе месец дена сум во контакт со GlobalWork за работа во Франција за татко ми, испратив CV, фотокопија од Бугарски пасош и се тоа и ми рекоа дека ќе ме известат ако компанијата го прифати за работа па да се отиде и да се склучи договор.

Досега не ми побарале пари, значи не сум платил ништо, но ми рекоа дека доколку се склучи договорот треба да се плати 890 денари трошоци за апликација и 200 евра на агенцијата. Другиот трошок е за пат и првиот месец да имаш пари со себе за да не останеш таму на суво. Еве веќе 2 недели како се пратени документите во фирмата во Франција и нема никаков одговор. Им се јавив вчера и ми рекоа дека штом ќе има нешто ново веднаш ќе ме известат преку имејл или телефонски.

Дали некој се вработил преку GlobalWork и да ми каже какви искуства имал?
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.901
Поени од реакции
11.239
Овој огласов погоре за јагодите во Шпанија, не сфаќам зошто бараат жени за физичка работа?
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Ако некој е заинтересиран за Работа во Фаст Фуд ресторани/сендвичари кој работат само на достава до дома значи се се пакува во кутии, во Шкотска ( Фалкирк ) , може да ме контактира, некој ќе прави пици, некој сендвичи у глобала лесно се учи за 2-3 дена ако немате искуство, потребно барем основно познавање на Англиски јазик , и ЕУ пасош . Се плаќа за услугата (300фунти) однапред 33% и 67% на стигнување каде сте пречекани од наш човек во Единбург. ( Од лично искуство проверено без никакви лаги, и има доста наши во фирмата веќе вработени ) Подетално ПП .
 
Член од
18 јануари 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
slucajno naletav na oglasot za vo skotska so go napisal tutur pogore. rabotata e sigurna i kako sto toj napisal pogore samo sto nisto ne se plaka vo makedonija. jas go pustiv oglasot i nema nikoj megju mene i zainteresiranite. ne se lazete da davate pari vo makedonija za rabotata vo skotska.
Ако некој е заинтересиран за Работа во Фаст Фуд ресторани/сендвичари кој работат само на достава до дома значи се се пакува во кутии, во Шкотска ( Фалкирк ) , може да ме контактира, некој ќе прави пици, некој сендвичи у глобала лесно се учи за 2-3 дена ако немате искуство, потребно барем основно познавање на Англиски јазик , и ЕУ пасош . Се плаќа за услугата (300фунти) однапред 33% и 67% на стигнување каде сте пречекани од наш човек во Единбург. ( Од лично искуство проверено без никакви лаги, и има доста наши во фирмата веќе вработени ) Подетално ПП .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom