Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
25 јули 2014
Мислења
28
Поени од реакции
8
Универзитетиве немаат пари кадар нов да запослат ќе давале пари во истражување и публикување научни трудови.

Инаку малку кој знае дека во новиот предлог за државен испит треба да се полага и во втор и трет степен на студии, поточно во постдипломски и докторски студии. Виц на годината.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ова е всушност клучниот проблем со догматскиот став.

Не. Квалитетот на професорите не се мери врз основа на научната работа. Тоа сега го измислија.
Професор е наставно-научно звање. Може да биде квалитетен во настава или квалитетен во наука. Многу ретко и двете од една проста причина, за да бидеш добар во нешто треба цело време да се занимаваш со тоа.

На иста линија од претходното образование <> наука. Па не може да ни биде образованието на дното бидејќи немаме научни истражувања.

И ова е неточно. Во развиени земји секој професор е буквално процентуално ангажиран со наставни или научни активности. Можеш да имаш 100% наставен ангажман или 50-50 настава/наука или 100% научен ангажман или било кој процент измеѓу. А кај нас има 300% ангажман со студенти и уште се бара да се остварат критериуми на 100% научен ангажман.

Значи секој може да биде квалитетен професор по различни критериуми. А квалитетни научници воопшто не работат со студенти.
Во истата таа Словенија која е земена за споредба постои институцијата која објавува најголем број од импакт фактор трудовите. Во таа институција има вработено околу 200 доктори на науки, а ниеден од тие 200 не работи со студенти.
Остај ти 100% 200% 300%. Наброј ми ги сите поважни истражувања или научни трудови во последните 15 до 20 години реализирани на нашите факултети.
Или пак сакаш да ги набројуваме професорските деца кои со дискутабилни квалитети станаа професори. Не ме зфркавај на времето на машински факултет имало професори со знаење, професори кои освен што биле предавачи пушувале научни трудови истражувале. Сегашните професори се тепат кој да дојде до позиција на А тест испитувањата за да лапне некоја пара повеќе. Работат задачи и губат време на смешни испитувања кои треба да ги вршат студенти.
А муабетот за професорите на запад не ти е точен затоа што секој институт кој јас го познавам е поврзан со индустријата и за нив работат научни истражувања или испитувања.
Точно е дека кај нас ги нема тие услови и немаме толку индустрија но и тоа што го имаме не се искористува.
Најпрост пример зошто градежниот факултет досега не понудил истражувања, решенија, симулации за градскиот превоз во Скопје?
Еве јас мислам дека трамвајот не е решение и треба да се барат некој иновативни решенија. Како жичари и слични работи. Нели е тоа доволна мотивација за едне институт да се позанимава со таа проблематика.
Нели е доволна мотивација да се барат решенија за велосипедските патеки во Скопје? Досега не сум видел ниту еден институт да излезе со некоја визија, да понуди нешто иновативно. Види ги факултетите како МРТВИ се , нема никакви иновации, ги нема во медиумите , пропаднати во земја.

Погрешно е професорската функција да се изедначува со наставничка зошто работата на еден професор освен наставничката треба да биде и научна. Ако ништо друго да ги мотивира студентите да истражуват и креират иновации. А не да учат на памет.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Ајдееее уште една вмровска тактика, сега за да се дефокусира јавноста од студентските протести ја сменија тактиката, сега ќе се дискутира за научните трудови на професорите, а во меѓувреме законот ќе се донесе.. Тоа е тоа кучињата лаат ама караванот си врви..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
Остај ти 100% 200% 300%. Наброј ми ги сите поважни истражувања или научни трудови во последните 15 до 20 години реализирани на нашите факултети.
Или пак сакаш да ги набројуваме професорските деца кои со дискутабилни квалитети станаа професори. Не ме зфркавај на времето на машински факултет имало професори со знаење, професори кои освен што биле предавачи пушувале научни трудови истражувале. Сегашните професори се тепат кој да дојде до позиција на А тест испитувањата за да лапне некоја пара повеќе. Работат задачи и губат време на смешни испитувања кои треба да ги вршат студенти.
А муабетот за професорите на запад не ти е точен затоа што секој институт кој јас го познавам е поврзан со индустријата и за нив работат научни истражувања или испитувања.
Точно е дека кај нас ги нема тие услови и немаме толку индустрија но и тоа што го имаме не се искористува.
Најпрост пример зошто градежниот факултет досега не понудил истражувања, решенија, симулации за градскиот превоз во Скопје?
Еве јас мислам дека трамвајот не е решение и треба да се барат некој иновативни решенија. Како жичари и слични работи. Нели е тоа доволна мотивација за едне институт да се позанимава со таа проблематика.
Нели е доволна мотивација да се барат решенија за велосипедските патеки во Скопје? Досега не сум видел ниту еден институт да излезе со некоја визија, да понуди нешто иновативно. Види ги факултетите како МРТВИ се , нема никакви иновации, ги нема во медиумите , пропаднати во земја.

Погрешно е професорската функција да се изедначува со наставничка зошто работата на еден професор освен наставничката треба да биде и научна. Ако ништо друго да ги мотивира студентите да истражуват и креират иновации. А не да учат на памет.
Не, повеќе од јасно е дека високото образование во Македонија постои само затоа што е стипендирано од државата. И очигледно е дека таму треба да се воведе ред. Ама има подобри начини за да се направи тоа, отколку на грбот на студентите.

Едниот е да се соберат тие 50-100 луѓе од фелата што стварно се срамат од тоа кој се се нарекува професор, и заедно со нив да најдат некое решение, со копирање на методи од поразвиени држави.

Вториот е државата директно да се наметне како авторитет, ама над професорите. Онака, тоталитарно и дрско. Ние ве плаќаме, ние ви кажуваме како ќе работите. Ако не ви се допаѓа, напуштете работа.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257

Според ова логика тогаш државниот испит не треба да важи за приватните универзитети, државата не ги плаќа студентите во приватните туку сами се финансираат, исто е и со професорите, приватните ги плаќаат професорите а не државата, па во тој случај овој закон не треба да важи за приватните универзитети..
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864

А според нив се носи најмногу за приватните, логика.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Вториот е државата директно да се наметне како авторитет, ама над професорите. Онака, тоталитарно и дрско. Ние ве плаќаме, ние ви кажуваме како ќе работите. Ако не ви се допаѓа, напуштете работа.
Работата е што не треба да дојде до тоа дереџе. Но со оглед дека квалитетот на професорскиот кадар е во слободен пад јасно е дека нешто треба да се направи. А со оглед на тоа што професорите кои треба да ги донесат реформите се токму тие кои се заслужни за пропаѓањето на научната дејност во МК тешко е од нив да се очекува дека ќе се борат сами против својата неспособнот. Така да сума сумарум останува државата да се замеша.
Се согласувам и со констатацијата дека студентите се последни кои требат да бидат жртви на наспособноста на професорите. И затоа не го подржувам државниот испит таков каков што е а ги подржувам законите кои се со намена за поголема контрола и мотивирање на професорите.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.093
Поени од реакции
11.498
Онака, тоталитарно и дрско.
Ма све тоа за на Голи Оток. :bravobe:

Ние ве плаќаме, ние ви кажуваме како ќе работите. Ако не ви се допаѓа, напуштете работа.
Кој сте тоа вие што плаќате? Мислев дека на државните универзитети студентите плаќаат партиципација и нивните родители плаќаат даноци за да професорите земаат плата.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
А според нив се носи најмногу за приватните, логика.
Има многу контрадикторни работи, инаку не се работи за квалитетот на образованието,туку за нешто друго, тоа веќе ми е јасно како бел ден..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
Според ова логика тогаш државниот испит не треба да важи за приватните универзитети, државата не ги плаќа студентите во приватните туку сами се финансираат, исто е и со професорите, приватните ги плаќаат професорите а не државата, па во тој случај овој закон не треба да важи за приватните универзитети..
Ама државата ги стипендира матните бизниси на газдите, кои ги плаќаат професорите. Има начин да се најде начин, не се секирај ти за приватните.
Ма све тоа за на Голи Оток. :bravobe:

Кој сте тоа вие што плаќате? Мислев дека на државните универзитети студентите плаќаат партиципација и нивните родители плаќаат даноци за да професорите земаат плата.
Ние = државата. И не зборував за студентите, туку за професорите.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Остај ти 100% 200% 300%. Наброј ми ги сите поважни истражувања или научни трудови во последните 15 до 20 години реализирани на нашите факултети.
Абе можам јас да ги оставам ама тоа е реалноста, независно дали ти ќе ја прифатиш или не.

Не постојат услови кај нас за научна работа со ниво и квалитет кој што го бара Владата со новиот Закон. За квалитетна наука треба време и финансии, нешто што во случајов барателот на услови не го нуди.

А и самиот Закон не разликува квалитет од квантитет, некој со 4 труда објавени во списание со импакт фактор 0.1 вредат повеќе од еден труд објавен во списание со импакт фактор 40.

Најпрост пример зошто градежниот факултет досега не понудил истражувања, решенија, симулации за градскиот превоз во Скопје?
Ако ти незнаеш дека понудил, тоа не значи дека не понудил. Предлози од градежен има еден куп за различни сфери од урбаното живеење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom